Кога јас имав аквариум имав бета борец (само едно машко) и го чував во комбинација со оние карасите во разни варијанти, сегу сум забравила како им беа имињата ако знае некој нека ме потсети (значи обични златни рипки, па имав некои црни со топчести очи, па имав златни округли мислиш ќе експодираат, понатаму златни на главата како мозокот да им се познаваше). И во истиот аквариум имав чистач оној што се лепи со устата на стаклото и него го чував доста години, пораснат беше можеби дваесетина сантиметри. Јас имав голем аквариум повеќе од 100 литри ми беше со филтер. Никогаш не се појави проблем помеѓу бета борецот и златните рипки. Дури и во продавниците каде што ги продаваат бета борците ги чуваа по еден во секој аквариум со златни рипки, за да не бидат тие самите мажјаци бета борци во контакт. Ова е од мое искуство, незнам дали е така правилно, но јас така со години ги чував.
Јас имав риби и купивме аквариум и ги чував ама ми умреа за 1 недела(сум ги прејала) Требало да јадат едно листе не може да им биде доволно- тоа беше моето мислење и ми умреа Потоа купивме други и долго ги чував потоа му ги дадов на чичко ми тој има многу голем аквариум и таму си живееја
Јас го чувам борецот точно една година кај мене,година ипол е,а знам дека живеат доста кратко, до 3 години., Им менував вода на секој 3-4 дена,поточно 2-3 пати во неделата. Сега купив аквариум,35 литарски,со помпа и греач,и две светилки. Па,одкако го купив нормално го измив,го исчистив убаво,па турив вода и го оставив еден ден да работи пумпата да ја исфилтрира водата,му турив една рака морска сол,како што ми кажа продавачот во пет шопот,и следниот ден ја ставив рибата. Е сега,греачот не го ставам зошто е топло времево,нема нормално да ја варам,а температурата во аквариумот е онаква каква што би требало да биди. Друга работа,знам дека треба да се менува една третина секоја недела од водата во аквариумот и да се чисти филтерот и помпата,ама проблем е што помпата не го збира тоа ѓубриштето од храна и измет,а работи и правилно ми е поставена и вклучена е нонстоп,и пак не го збира остатокот од храна.Да и давам многу,знам дека не и давам,пола лажичка и помалку од пола е,и ете не го збира како треба.Ако некој се разбира што може да биде тоа,молам за помош. Благодарам.
Се извинувам зошто неможам да редактирам,ќе пишам ново мислење. Средив со пумпата,сега е во ред. Исто продавачот ми кажа дека треба да земам јаглен,и едни како кругови се,бели,потребни се за чистење на водата,едните се менуваат на шест недели,а другите на четири месеци. Ги ставив вчера и сега е во ред водата е чиста. Друга работа,купив една женка борец,и две чистачи,еден за стакло еден за кај дното,за храната,поточно остатоците од храна што се. Ама мажјакот постојано ја брка женката,не ја остава на мира. Јас кога им давам јадење гледам,за да има за сите зошто борецов,е сега како главен и цело време ја закача женката,а таја кутрата само бега. И знам за некој капки или што и да се што се турале во водата кога се менува,ако знае некој за кој зборам нека пише како се викаат за да им земам и како се употребуваат. Им давам од онаа лиснатата храна што е,ама незнам дали доволно им е за 4 риби една лажичка?
Не сум некој акварист искусен ама мислам дека треба да обезбедиш место во аквариумот каде што женката борец ке може да се скрие од мажот што ја брка. На пример некои камења замоци и слично. За јадење не те разбрав. Предходно само борецот кога беше пола лажичка му даваше? Ако е на ден тоа, мислам дека е многу пола лажичка за едно рипче затоа толку храна ти останувала. Нека каженекој поискусен ама мислам дека една лажичка храна е многу
Ние имаме од кога знам за самата себе, јас не сум некој си љубител, но татко ми го чисти со некое си црево па од една во друга кофа ( не многу често ), има апаратче за кислород и топломер. Горе има некои си тревки се размножува како будали исто и полжавчињата во него и знам дека дотура вода затоа што испарува и потребно е да има сијалица над аквариумот мислам дека е потребна за да се топлат во зима или така нешто и храна наутро и навечер им дава.
Ај се пак јас,отупев,ама незнам кога треба да свети ламбата а кога не? Навечер само,преку ден,постојано ли? И,ајде малку помош ако може од акваристите на форумот,може да ставите слика од тоа како ви е декориран важиот аквариум или предлог за задина на аквариумот.
Преку ден може да свети, ама навечер исклучувај ја за да можат рибите малку да одморат Дечко ми баш вчера го чистеше целосно аквариумот и садеше нови треви, па откако убаво ќе се фатат и расшират, ќе го сликнам за да го постирам овде. Не е многу голем, ама е многу убаво уреден со најразновидни треви, речна песок, извиткано гранче од лозница на кое се шират растенијата, камчиња и такви работи. На задниот ѕид има огледало, па изгледа поголем отколку што е. Патем, еве и еден предлог - освен риби, можете во аквариумот да чувате и полжави и црвени ракчиња Многу се интересни, башка ракчињата многу брзо се котат, па после можете извоз да правите
И јас го средив сега малку,со такви чуда,па кога ќе го доууредам денес-утре и кога ќе ставам рибчиња,ќе постнам сликче. А спомна и ракчиња и полжави,јас искрено по пет шоповиве,рибарнициве од каде најчесто ги купувам тракатанциве,не сум видела нит полжави,нит ракчиња. Од каде ги зема?
^ Ги зема од кај една типка што има дома два огромни аквариуми и работи со тоа. Продава и тревки и рипки и ракчиња и сето тоа. Башка се разбира во се што е поврзано со аквариуми, какво и да имаш прашање ќе ти помогне и ќе те упати. Ќе го прашам за бројче ако сакаш да ја исконтактираш
Гупи,ксифо околу 50-100. Караси околу од 150 па нагоре. Скалари од 100 па нагоре. Блек моли минимум 200. Анциструс минимум 150. Борци под 200 тешко да најдеш,освне некој ептен малечки. Овие се од попознатите/почесто среќаваните риби,ако имаш прашање за некој друг вид на риби.пиши.
А кај нас има едни ептен малечки,обични 20 денари се. И едни проѕирни риби (им се гледа само скелетот), незнам како се викаат ми оставија ептен голем впечаток, околу 120 денари се :geek: Инаку имам аквариум, ама празен.. „Дедо Мраз на тато му рекол дека ќе ми донесе аквариум полн со риби“ Едвај чекам
Дали некој чува морски аквариум? Ме фаќа мувата, за горе на спрат да си ставам втор аквариум, се разбирам од ладноводни и тропски, ама сакам да пробам со морски, буквално со се, живи карпи, живи корали и риби нормално, ама целосен систем. Немам поим за морските, па за старт ќе барам експерт да ми помогне со целата опрема(светло, филтри, пумпи, греачи, јаглерод диоксид систем и обратна осмоза на водата, вградено во кабинет) и бирање компатибилен сток на риби, само ме фаќа грижа за одржување на истиот уште пред да почнам. Ако некој има искуство би била благодарна да сподели како го одржувате. Секојдневно ли мора да се тестира водата? Смеете ли да го оставите на комшии да надгледуваат ако сте на одмор...итн.
Имам една златна рипка карас во кугла, планирам да купам уште една за да има друштво. Во курлата имам многу мали бели камчиња и неколку поголеми во различна боја
Имам аквариум од 50 литри со капак и две сијалици под него.Ако сака некој/а да ми каже што и колку да е јачина на греач,филтер за вода-воздух,што подлога да ставам, дали со живи растенија или со вештачки да биде? Подетално ако може да ми објасните имам голем мерак за аквариум и риби.
еве некоја слика од мојот аквариум донирам трева кој сака само малку е тешко за испорака доколку сте од подалеку но секако може да помогнам кој сака некој корен Амазонка Поздрав еве некоја слика.
Кугли се продаваат во оние дуќанчиња за украси или каде се продаваат чаши,чинии... Цената се движи околу 350-400 ден
Ја видов темава Аквариум и се присетив на времето кога дома имавме аквариум... Прекрасно се забавувавме сите дома гледајки ги рипките како си играат, се хранат, се бркаат... Многу релаксирачки делуваше аквариумот со песокче, каменчиња, тревки и рипки!!!