Ако сакате да земете златни рипки,пишете ми лп ке се договориме јас продавам 6 златни риби,2чистачи за песок,1 за стакло за 1200 ден + ГРАТИС :пумпа за вода,грејач,термометар и аквариум
Дечки имам аквариум со скалари..еден женски почна да пушта икри и го префрлифме во друг помал аквариум заедно со машки скалар, но машкиот ги јаде икрите место да им пушта млеч. го тргнаве и ставивме друг машки но женската ги брка и неќе да ги пушти икрите, го вративме пак и пак ги јаде што да правиме??амо може побрз одговор од некој што се разбира дур не се изедени сите икри
Остави ја само женката, не ти треба машка. Откако ќе ги пушти икрите извади ја и неа затоа што и таа самата ќе ги јаде. Јас моментално чувам така изведени златни риби. Ако немаш специјална храна за икри свари јајце и ставај во водата од сварената жолчка. За 2-3 дена ќе имаш рипчиња. Се надевам помогнав
Јас така ги изведов златните, а пред неколку години на истиот начин имав и скалари. Сигурна сум дека ако ја оставиш машката ќе ги изеде сите икри. Истото ќе го направи и женката ако ја оставиш. Твоја одлука.
Јас имав аквариум, онака средна големина ама ми пушташе вода и моите одамна го расчистија тоа со аквариумот Бидејќи сум алергична на животински влакна и пердуви единствено што можам да чувам се риби или некоја влечуга. Затоа планирам натаму да си купам од тие аквариумите што се како топка. Некако најпрактични ми се
Здраво девојки. Имам аквариум од 5 литри и чувам две рипчина. Телескоп и златен карас. Сакам да знам како се разликуваат машко-женско? Ако некој знае нека ми пише... Благодарам однапред
Ве молам вие кои имате аквариуми доколку знаете кој е проблемов да ми појасните. Значи цел живот имам рипчиња, ама последнава година рибите ми издржуваат најмногу до 2-3 недели. Апсолутно се е под контрола, водата е на добра температура, не се менува директно од чешма туку малку отстоена, храна редовно ама имам различни видови кои не се ставени наеднаш туку една по една. Кога се распрашував ми кажаа дека имало шанси некои видови на риби да ги напаѓаат помалите заради тоа што се борбени заради храна.. Не знам што се случува..
Мене ми личи на стар аквариум синдром. Параметрите на азот и пх факторот не се како што треба. Малку е напорно да ги вратиш на нормално ниво во веќе естаблиран аквариум. Значи чуваш рибички со години и знаеш како да им менуваш вода. Никако не менувај големи количества одеднаш, ќе изгледа чист, тоа нема да го среди проблемот туку нагло менување ќе им даде повеќе стрес на рибите кои донекаде се навикнале на сегашните услови и нагла промена на нив ќе ги дотепа. Ако имаш тест, провери нитрит, нитрат, амонија и пх. Нитрит и амонија треба да се на 0. Кога ти умре риба овие параметри скокаат нагло ако не ја извадиш и почнала да се распаѓа, амонија и нитрит покачени буквално троват. Нитрат ниво до 40 најмногу, повисоко од тоа е стрес. Идеално е 0, ама во ниеден аквариум не е 0. ПХ фактор меѓу 5 и 9. Менувај вода секој ден по 10% додека стигнеш до идеалните услови, после тоа продолжи со еднаш неделно. Ако немаш тест, не знам, нагаѓај. Јас би менувала 10% секој ден една недела, па два пати во недела некои 3-4 недели, па еднаш неделно. Цело ова време никако нова риба не додавај макар празен нека остане, циклусот на хемиска реакција ќе си врти оти имаш веќе биолошки бактерии во филтерот. Додека менуваш вода често, во тој период ако не ти умре риба, јас би додала нова дури после 8 недели. Ако ти умрела риба, накнадно ти дигнала амонија па последователно и нитрит па нитрат, почекај да не ставаш нова риба се додека имаш два месеци без жртва, отприлика толку време врти циклусот на азот.
Имав аквариум порано, ми изумреа рипките и го баталив. Сеа пак си го обновив. Ставив пумпа со филтер, некоја школка, каменчиња, и рипки пуштив внатре. Моментално имам 2скалари и 2 гупи али сакам да ставам уште некоја рипка. Е сега ако има некој поупатен на темава да ми каже што е подобро, дали да ставам повеке риби од овие две сорти или можам да ставам и други сорти? Пошто иам разбрано дека сите видови рипки не се поднесуваат едни со други, се напаѓаат, гризат итн .... И ако некој знае да ми каже: дали е подобро да ставам вештачки растенија или природни? која е идеалната температура на водата? околу 25Ц?
Не сум чувала рибички до сега, јас сум по мачиња и кучиња Си чувам и од двете. Но, еве сакам да му подарам нешто на мојот дечко, три години сме во врска. Тој има голема желба да чува рибички. Ме интересира колку би се движела цената на аквариумот со опремата, ете за некои риби прочитав од претходните одоговори која е цената.
Едно да знаеш, скаларот со златна рипка никогаш немој да го ставиш заедно. Скаларите можеш да ги искомбинираш со циклиди. Јас имам чувано порано риби и тоа долго време. Но немав доволно слободно време и го баталив аквариумот. Имав со слатководни риби аквариум и морски аквариум. Си бара одржавање. Ако планираш да го запоставаш и да не го одржаваш, боље ич не ги чувај рибите. Што ти треба друго прашај. Не сум експерт за акваристика, но се разбирам колку толку.
Јас ти препорачувам за почеток да му подариш кугла со една/две риби. Да не му ставаш толку голем терет уште од почеток со голем аквариум. Ти препорачувам бета борец или златна рипка. Поиздржливи се. Има убави бета борци со убави перки.