Можеби имаш уништено некоја "потребна" бактерија во аквариумот , па затоа почнале да умираат. И јас незнаев за такви работи,но и мене неколку пати ми има изумрено цел аквариум и продавачот ми потенцираше на тоа. Ако била болна некоја ,ќе умреле и пред тоа, не по промена на водата.
Дали на некој му се случило постојано да му умираат чистачите и од што ? не живеат ни месец умираат...
Од што може да ми позеленува водата во акваримот. Тоа се дешава последните неколку месеци, не беше од секогаш така. А се си е исто што правев и претходно. Вода мењам 1/5 преку ден. Пумпа чистам секој ден. Храната е иста од секогаш. Неколку пати скроз ја смениив водата, со вадење на се од внатре и темелно чистење и превривање на украсите и камењата. И пак позеленува... Чаре?
Bas preska gledav edna emisija I kazaa deka vodata pozelenuva I fakja algi ako akvariumot go fakjat soncevi zraci,zatoa ako ti e direktno pred prozor trgni go na drugo mesto
Значи ова е мојот аквариум го имам веке една година има околу 50 риби во 3аквариума поделени икраши посебно живоротки посебно но сега само еден имам и ми останаа само икрашите Сакам да прашам дали да му ставам живи растенија и како и кои бидејки не сум ммногуинформирана си ги чувам од хоби но сакам да знам повеке за да си живеат убаво и среќно па кој знае нека пише што како треба за живи растенија
Во право си , откако го преместив аквариумот на другиот крај на дневната, позелене едната страна на аквариумот и ми текна на твојот пост .
Јас проблемот го решив со АлгоСтоп, го има во пет шоповите, околу 150ден е, од коа го стаив во аквариум ми нема позеленето.
еве веќе цела недела не ми е добра рибата телескоп е црн со големи очи само доле е и не плива веќе сега скроз не и е добро тешко дише и како да се потресува нешто ај помош како да ја спасам а и овие другите шибуки како да сакат да ја јадат што е проблемот досега немаше ништо такво еве година дена веке ги чувам заедно само икраши ..што да правам?
оддели го телескопот во друг сад малце изолиран од нив нека биде, и стави сол во садот одприлика пола лажиче на литро и пол некое време додека се управи.
Утрово пред да дојдам на работа , сите рипки беа на дното неможеа да пливаат и како тешко да дишеа ..чуднл завртени и неможат дасе поместат , а живи се ..барем беа утрово сега кога ќе си одам незнам...
а филтер нема да му треба оти го ставив во помалиот акавиум па дали да му ставам филтер имам уште еден? А иначе му ставив хималајска сол само таква имав дома не е штетна ? а многу тешко дише и перките како да и се распаѓаат и едвај се движе .. Колку време да ја држам и дали да и давам храна