еве пак ми умре уште една рибичка (чистач за стакло) знае ли некој од што ми умират секој месец по една а убаво ги гледам му ја мењам водата секоја недела 10% имат голем филтер имат греач му давам 1 насабајле да јадат друго што да правам ? . А и ако знае некој некоа друга храна да сменам ?
Ако правиш се исто ко и до сега од старост може да е. Коа веќе ке ти умре рипка, препорачливо е поголем дел од водата да замениш и сол обавезно да ставиш. 1 лажиче сол се става на секои 3л вода и алго стоп и бактери стоп во пропишана количина
Фала за советите @Sesil тоа утре прво ке го направам , но ако не ти сметам сакам да те прашам дали би можела да ставам природни растенија (живи) во аквариумот без да ги вадам рибите и како ?
можеш, само обавезно на рацете стаи нешто, не голи раце внатре ради некоа бактерија да не закачат рипките
Ве молам ако има некој што се разбира во златни рипки да ми пише рипката плива наопаку и седи на дното
dali nekoj znae koi ribi moze da ziveat vo staklena topka osven zlatnite ribi beta borecot i trihogasterite?
Значи како помала чувавме риби во аквариум со брат ми. НО, одржувањето беше навистина тешко. Водата многу брзо се усмрдува и мораш да ја менуваш почесто. И чистачи, и сешто пак нема некое големо влијание. Чувавме година ипол- 2 и после поумреа рибите, така умре и мојата желба за нив.. Сега аквариумот сигурно стои негде горе, полн со прашина.
Добро утро . Имам едно прашање ако може помош. Вчера земав два караси во топка ама некако рипкиве ми пливаат само на дно .
Дали е просторијата темна? Колкава е куглата? Да не се прејадени? Да не им смена хлорирана вода, дирек од чешма? Да не седат една до друга на дното? Во темна и неосветлена просторија, на рибите им е ноќ, па спијат на дното. Исто така карасите сакат голем простор, па да не им е тесно и да не можат да пливаат. Исто така тие многу прават измет, ако ги чуваш во кугла ќе мора често да менваш вода и миј ги камиња ако имаш ставено. И миењето и менвањето вода исклучиво со стоена најмалку 24 сати. Лична препорака е да земиш надворешна пумпа, ќе пршаша во пет шоп, идат со мали памучиња кои треба да ги миеш за да не менваш често вода. И ако случајно се прејадени ќе одмараат долу. Му се дава еднаш до два пати на ден сосем малку храна. Карасите немаат осет, ако им туриш цел храна - цела ќе ја изедат,ама и ќе умрат. По неколку ливчиња ќе им биди доволно на двете, а и ако им даваш доволно,а не поќе, нема да скапват на дното па поретко ќе треба да им менваш вода. Водата што ја менваш на рибите мора да е одстоена најмалку 24 часа, препирачливо со отворена капачка. Имаш и капки за припрема на вода во пет шоп и дехлоратори ако треба итно да смениш вода. Хлорот накратко, е отров за рибите. Прв пат чуваш риби? Пиши се што те интересира, во рамки на моето знаење - ќе ти одговорам. Иако златните не се тропски риби, не трпат многу ниски температури, па чувај ги во затоплена просторија. Ако се една до друга на дното има шанси да им студи.
Куглата е доста голема мислам собира 5л вода. Сега не е темна просторојата а навечер е. Кога ги земав ми рекоа најадени се сега прв пат им ставив ама не изеле ништо. Водата ја ставив ни топла ни ладна. Чат пат ке пропливаат и пак доле ке се спуштат.
Дали измери температура на златните? Меѓу 15-23 степени трпат. Јас зошто имам и неколку тропски одржувам средна температура од 25 степени, и на допир на рака не е воопшто млака. Внимавај на работите кои ти ги пишав. Дали имаш моментално стоена вода во шишица или така нешто покрај себе? Секогаш имај. При каков бил проблем со риби, многу им помага смена на вода, ги освежнува. И секогаш оставај им малку вода од старата. Јас додека ги чував со кугла бев најсреќна. После сакав да инвестирам во мини аквариум, поточно за моите две риби да има повеќе простор. Ама тато ми донесе аквариум. Абе денот го колнам кога го зедов некогаш. Ми се чини да го остам, анксиозноста и стресот магично ќе исчезнат. Еднаш дури размислувам да ги подарам повеќето и само златните да ги ставам во голема кугла или мини аквариум за две риби со украси. Мал предлог, секогаш можиш да ставиш многу треви и украси, со вода во аквариум. Визуелно е убаво, не ни мора да има риби.
Моментално стоена вода немам но ќе стсвам да отстои па до вечер ќе ја сменам. Како да ја измерам темперстурата на водата?
Ако ставиш сега вода, до утре ова време нека седи, до вечер има шанси уште да има хлор. Температура би ти рекла и со топломер да мериш, ама нема толку ниски температури. Во пет шопови има меѓу 70-100 денари со обележана зелена зона за одржување температура. Ќе прашаш конкретно за кугла зошто пример овој кој го имам јас не знам како би се залепил на кугла. Има и мали греачи прилагодени за кугли, ако температурата ти паѓа многу ниско. Никако земање греач без да имаш термометар.
Ајј помошш....имам златна рипка карас во кугла. Неколку дена по ред едната страна под окото како да и е модра или со крв ама внатрешно. Рибчево си е вака веселко си пливка си јаде нормално, ама пак не ми е јасно од што може да е ?
ima nekoja bakterija. Jas Kaj sto rabotev skalarite cesto fajkaa bakterija na ocite. Ima kapki za taa rabota prasaj vo dujkan za akvaristika
Здраво решивме дома да чуваме рибче...земавме бета борец во кугла незнам колку литри е точно ама знам дека е повеќе од 3 л. Може ли некој совет од искусен член зошто ама стварно врска немаме дома . Еднаш ја сменивме водата стоена повеќе од 1 ден супер е рибчето си пливка си јаде и весело е ама приметив две работи: ден пред да и ја смение водата беше повеќето време горе и исто така приметив мали ситни меурчиња по станата на површина на водата а се е убаво измиено пред да се состави куглата (песок камчиња и растение). Извинете за замарањево и фала однапред
бета борецот и во чаша можеш да го чуваш не им треба многу простор. За меурчињата тие самите ги испуштаат не е ништо страшно и вода не им се менува секој ден. Тие можат и до 5 дена да седат во истата вода. Ќе внимаваш на храната која му ја даваш. Пошто е една риба и помалку јаде малку ставај. Во спротивно остатокот од храна може да ја замати водата
Во куќата еден од носечките столбови ми е помеѓу трпезаријата и дневната па би сакала тој столб некако да не ми “боде” очи да го средам. Барајќи низ Pinterest наидов на идеја со аквариум како на долунаведенава слика но малку поголем да речам 180 cm висина и 60 cm ширина. Никогаш претходно не сум чувала риби па ме интересираат Вашите искуства. Колку пати месечно треба да се менува водата, колку е напорно одржувањето и каде да ги набавам стаклата и пумпата со оглед на тоа дека секаде продаваат аквариуми какоготови производи со димензии кои не ми одговараат.