Во секоја стаклара можат да ти направат аквариум по мерка. Само сепак мерките ке мора да ги одреди некој по искисен во акваристика затоа што покрај аквариум има и опрема која ке мора да се вклопи. Инаку поголем аквариум е полесен за одржување. Еве ја мојот како го уклопив во ходник, аквариумот е со прегради и 8 рипчиња има Бета
Леле рај за очи,немам видено ваков досега со прегради. Одржувањето како е? Како се чистат стаклата внатрешно или само надворешно и на колку време? Глупаво прашање но ме интересира постојат ли фирми за одржување аквариуми,пример да доаѓаат на “генералка” еднаш месечно да не се замарам ?
Во секоја стаклара можат да ти направат аквариум по мерка. Само сепак мерките ке мора да ги одреди некој по искисен во акваристика затоа што покрај аквариум има и опрема која ке мора да се вклопи. Инаку поголем аквариум е полесен за одржување. Еве ја мојот како го уклопив во ходник, аквариумот е со прегради и 8 рипчиња има Бета Прочистување на вода оди со филтер канистер, тој се чисти на неколку месеци, додека стаклото од внатре фака алга. Кај мене на еден месец треба да се избрише од внатре ама идивидуално е тоа бидејки зависи од осветлување. Појако светло и повише вклучено прави повеќе алги. И еднаш дневно да се нахранат. Затоа ти реков дека некој поискусен акварист треба да ти помогне во оформување, светло, димензии, филтрација, воздух итн. Колу по профи се направи толку ке е полесно одржување. П.с Не барај помош од тие што држат шопови, тие за пари се ке ти кажат само да продадат. Најди си некој долгогодишен акварист и нема да утнеш.
Здраво, имам златно рипче во аквариум денес приметив има црвено како рана на главчето читав на нет бактериска инфекција изгледа е. вода менував на 3 дена ве молам за совет не сакам да ми умре
Има лекови, се купуваат од петшоп. Објасни им убаво што е проблемот и ќе ти препорачаат што да му ставиш.
Здраво и од нас рипчево до добив на поклон од мм за да имам занимација додека се породам, претходно имавме исто бета борец која беше мн паметна чекаше да и дадеме јадење право во очи не гледаше и тоа наутро како рутина ни беше за жал ни умре, имав и кралска таа на внук ми ја подарив мн ја сакаше е оваа е моја...исто кралска е ама најубава ми беше и сега пиеме кафе заедно
Здраво. И јас скоро купив брта борец, веќе три недели го чувам. Знам дека е многу често за овие риби да се чуваат во кугли и тегли со помал волумен од 10 литри без филтрација и греач, главно зашто се цврсти риби и можат да преживеат во лоши услови, но за благосостојба на рипчето, потребни му се минимум 10 литри со слаб филтер и греач. Причината за ова се параметрите во водата, односно амоњакот во водата расте побрзо и потребно е целосно менување на водата на секои 3 дена. Тоа ќе доведе до променливи параметри кои водат кон различни болести кај бета борците. Бета борците се многу интелигентни риби и бараат занимација и различни места за истражување, така што се препорачува да се ставаат различни скривалишта и живи растенија во аквариумот. Пластичните не се преферираат од причина што можат да им ги скинат перките. Мојот бета борец на почеток привремено го чував во тегла од 5 литри, и одма се препозна колку му е поубаво во новиот 20 литарски филтриран аквариум. Освен тоа негата за аквариумот е многу полесна, со оглед на тоа што се отстрануваат 25% од водата неделно. Така да, ако ништо друго, барем дај му го минимумот што го бара, односно една кугла од 9 литри. Не само што рипчето ќе биде посреќно, туку и поздраво. Ова е мој добронамерен совет. Бета борците се многу потценети рипки и заслужуваат многу повеќе од мала кугла. Поздрав од мене и Касиел, ви посакуваме долго време дружење исполнето со убави моменти
Еве и ние се преселивме од куглата во поголемо, сакам да купам и женка сакам да ги спарам не ми е за да продавам од нив туку за кеф за своја душа
Здраво, имам кугла од 3 литри со телескоп во неа па некаде поназад прочитав дека треба малку сол да се става, ако може да ми кажите какви бенефиции има од солта.
Супер! Тие долу пластични растенија се? Женката ќе мораш да ја чуваш во посебен аквариум. Баш пред малку читав одличен текст за мрестење на бета борци на форумот mkreef.com, таму има многу детално објаснето како оди процесот. Комплицирани се кога станува збор за размножување, така да читај и едуцирај се пред да направиш било што. Солта мислам дека се става во случај рибата да е болна, но некои ја користат за да отстранат бактерии и да го одржат генералното здравје на рибата. Добра е за шкргите и додавање на електролити во водата, го забрзува лечењето на рани, и одредени болести. Треба да пазиш само, да не ставиш повеќе сол од препорачаното зашто не испарува, и се додава на секое менување на водата.
Да пластични се и не се баш најдобар избор мм лжке купува за во неговиот аквариум кварцна песок па ке ставам и на мојот, инаку уште три имаме најголемиот е 240л другиот е 70л и 50л
И јас имам борец. Прекрасен е темно син со црно. Првата гидина го чував во топка од 3л. а последниве 2 месеци во 10л.коцка. Се надевам ќе поживее долго
Дaли некoј знaе oд кaде мoже дa нaбaвaм живa тревa зa aквaриум, пoштo гледaм веќе никoј не држи... Се е пвц глупoсти.
Моите треви ги земав од пет шоп Делфин во Аеродром, а има и во аква шоп Немо (Олимпико), H2O (Кисела Вода), мислам дека и во Декспорт Оаза (Олимпико).
Зависи што ќе ставаш во него, каква филтрација има и тн... Во главно треба неделно менување на 25-50% на вода, кастрење, откорнување вишок растенија, миење орнаменти...