Мене во пет шопот ми дадоа тетра со формула за дискуси и како награди еднаш неделно добива ларва од комарец. По состав тетра е богата со месо и има 47% протеини. Џигер и јас сакав да земам, но прочитав на форум за акваристика дека нема нутрициона вредност и ја замастува водата.
Немам амбалажа од храната зашто земаат од поголема 10л кофа и ја ставаат во мали пластични контејнери за храна за риба. Еве ја храната инаку.
А за женките има ли по што да се познаат сакам да купам ама да не земам некоја мала па да ја носам на душа, имам читано дека женките што биле подготвени за парење имале како бели линии по телото а кога одиме да купуваме има некои што знаат да ти кажат како што е а некои само да ти продадат...
Женките имаат пократки перки. Голема е процедурата за мрестење на овие риби, не смееш да ги ставиш заедно додека не почнат да сигнализираат дека се спремни, инаку ќе се испотепаат. За линиите не знам, немам многу знаење околу тоа.
Ајде дами дали е добро наместена пумпата!!! И дали му фали нешто на аквариумот освен растенија!! Во прилог и малечките на Фифи гупи рипка
Здраво девојки Вчера си земав карас ќе го чувам во кугла, средна големина. Му земав и камчиња. Многу често е доле на нив, ретко е активна. Можно ли е оти е сама сега ? И што би било понатаму да земам уште едно или не е пожелно. Секако и поголема топка ќе земам. Некаде прочитав дека машките се помалку активни, вајда е машко немам поим Нешто повеќе да ми кажете, корисни информации? А да, има денес и мали меурчиња на површината од водата, од страна се.. значи нешто тоа?
Карасите на моите роднини се многу активни риби, така да не мислам дека е нормално да бидат на дно цело време. Не е до големината на аквариумот туку до квалитетот на водата. Причината зошто се препорачува голем аквариум (30-40 литри) е поради тоа што многу брзо ја валкаат водата, така што нивото на амоњак се зголемува. Меурчињата во водата се исто така еден показател на зголемено ново на амоњак. За да се одржува амоњакот во нормални граници потребно е редовно менување на вода и филтрација. Во твојот случај ќе треба скоро секој ден да менуваш вода што може да доведе до стрес кај рибата поради честите промени на параметрите. За да се оствари циклус во аквариумот потребна е добра филтрација и живи растенија. Циклусот се остварува со помош на позитивни бактерии кои најчесто живеат во сунѓерот од филтерот и под песокта. Тие го претвараат амоњакот во нитрити, а нитритите во нитрати кои се абзорбирани од растенијата. Позитивната бактерија се стекнува после 3-4 недели од стартување на аквариумот, а можеш и да ја купиш во продавница за акваристика (за сега знам дека Тетра ги увезуваат во мк). Со правилно циклиран аквариум и поголема литража, поретко ќе бидат потребни промени на водата. Што значи за 50л аквариум треба 15-20% промена на вода неделно (со сифон се вади валканата вода од дното и се додава стоена вода од чешма).
Фала ти многу. Денес приметив дека е доста поактивна и гледам како да нема толку меурчиња. Утре ќе ја сменам цела вода инаку секој ден вадам една чаша од старата, ја фрлам и ставам стоена,колку за освежување така ми рекоа.
Девојки помош молито умре без очи а трудната гупи го им истото на окото ми рекоа карантин и ихтиопур средство ама како д го користамке ја тргнам во чаша малата гупи
Хаааај, ми треба мала помош. Веќе подолго време чувам бета борец но последните два дена чудно ми се понаша. Купив грејач ја стокмив во голем сад, со грејачот е океј и е по раздвижена но на моменти знае да се спушти доле и да лежи навалена на една страна, и одбива храна воопшто не ја јади. Плссс хелп ако некој го имал истиот проблем.
Здраво нов сум во акватистика Може ли да ми каже некој дали оваа платица е готова за мрестење или така ми се чини дека е голема во стомакот
Чував порано аквариум, секој ден купував рипки, а имаше нови обавезно одма одев да купам. Но со тек на времето рипките ми умираа сите. А баш го сакав, ми беше преубав уживав во тоа гледајки го него и нив. Ама ете не успеав да ги имам, душа ме болеше што ми умреа, многу се приврзав за нив, и многу ги сакав. Сега пред два месеца купив една златна рипка ајде реков можда нејзе ке си ја дочувам ама не и таа ми умре. И више не купувам
Моите ме наговараа да ми купат, но јас не прифатив. Би ми било жал за рипките да ги гледам во мал затворен простор, искрено.
А дали му одржуваше одредена температура на рибите во аквариумот.Моите дома имаат цел со одвод,довод,греач,ламба и знам дека секој ден според температурата на воздухот ја прават и температурата на водата во аквариумот. Јас и сопругот несакаме дома аквариум, но знам додека не бев мажена секој ден тоа правеа моите со аквариум и го чуваат, повеќе од 15 години во дневна.