1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аква Парк - Пробиштип

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Zumbula, 21 август 2011.

  1. Zumbula

    Zumbula Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    158
    Допаѓања:
    135
    Дали го посетивте новиот agua park во Пробиштип? Јас бев вчера и мн сум разочарана! ништо од тоа што го гледав на слики претходно не беше така. мислам дека да отидев на базен мн поубаво ке си поминев. џабе поминатиот пат,џабе парите...катастрофа! па какво е тоа свечено отварање на нешто што не е целосно доправено?? дали беше некој од вас и какви се вашите впечатоци?
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Конечно да се направи и нешто за градовите во изумирање. Конечно некаков проект, да заживеат малку. Немам видено слики од Аква паркот, но баш ми е драго што ете, се вложило и таму :)
     
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.504
    Пол:
    Женски
    Имаше ли многу луѓе? Колку базени има? И што не беше доизградено? Колку беше карта и дали знаеш колку ќе биде карта понатаму(или некој ако знае)? Толку имав да прашам :)
    И да убаво е што е таму, да заживее малку градот.
     
  4. LadyDaget

    LadyDaget Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    23
    карта
    за деца до 14 год - 300 ден
    за постари од 14 год - 400 ден
     
    На rajna-vojvoda и RainBow им се допаѓа ова.
  5. Tribbiani

    Tribbiani Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    6
    Мислам дека вистинската замисла не беше целосно реализирана ставени неколку тобогана а одзади земја и ништо не средено колку само да се пушти во користење и да се повлечат колку што е можно ари за на крај ос сезона мислам дека нема смисла требаше да го средат како што треба и да почнет со работа па макар и наредното лето и да остави навистина добар впечаток а не вакви негативни и разочарувачки мислења.
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    И било аквафеил од секој аспект.Газдите избрзале со отварањето веројатно за да присоберат некој денар за да можат да доуредат.На ништо не личело.Водата на вести кога ја видов ми се згади.Матна зошто секакви биле пуштани да се бањаат,а башка такви бекатон плочки не се погодни за аквапаркови од повеќе причини,од страната ни зеленилото не било израснато и средено,тоа верандите и столчињата ко пред маалската сендвичара,ниту пак имало шаквчиња за лични работи,ниту дигитални картички за парите,ништо немало,ниту понуда особена за јадење и пиење,гуми за пуштање по тобоганите ко во секој нормален аквапарк,секако,немало,па се пуштале така,се испокршиле,немало ни спасувачи,а ниту контролори на почетокот на тобоганот и на излезот на тобоганот ко што е ред,нели,за безбедност и се.
    Не да плукам,јас се израдував на идејата,ама одбивам да бидам измамена со некој половичен проект.И не ми се допаѓа од повеќе агли.И веќе кога правиш,прави го да биде приемчиво за око,најми уредувачи,а не онака како што на газдава му се допаѓало.Купете 100 пластични маси,400 столчиња,барајте спонзорство од пивара за веранди,бекатон бе брат,тури ти е гајле и ајде,аквапарк!
    Ќе одам за некоја година кога газдата ќе собере доволно пари да го досреди ко што доликува.И друго менаџерскиот тим,маркетинг тимот,логистичкиот тим (ако воопшто имаат тимови),им се катастрофа.
     
    На Lady90 и maca99 им се допаѓа ова.
  7. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.690
    Не сум била,ама овој викенд планирам.Баш сакав да ја отворам темава,кога гледам ја имало.Само што ги исчитав коментарите на фб,аххх Македонче,Македонче... :| Стандард мрчење...
    Убава идеја,а и прво нешто во Македонија.Но Македонче никогаш да изреализира нешто.Само преваранции.Во ред е да има револт ,ко шо разбрав не бил дозавршен до крај,но не е наше ние да кажуваме,што,как,зошто.Не сме најпаметни,нити сме зеле да инвестираме па да знаеме како изгледа тоа.Но сепак,ЗНАЕМЕ СЕ,ко вујаклија сме :!:
    Цената и мене не ми одговара.Имам одено во два аква паркови во животов-Во Солун,каде влезница чинам е 15 евра,сега незнам дали е сменета ценета,и годинава во Будва-исто 15 евра.Гледајќи ги сликите на нашиов аква парк,дојдов до заклучок дека тоа всушност и не е Аквапарк-туку базент со некои тобогани и лизганици...Луѓе ми кажуваа дека немало кафе,за јадење имало само геврек и сендвич :doh: И да ајде да речеме имаме аквапарк со цена од 400ден и споредено со другите цени во регионот е најевтино :!: -ајде да баталиме стандард.Но,проблемот е што за 15 евра ќе одиш во Аква парк,а кај нас.... :doh:
    Ќе одам ќе видам и ќе ви кажам. ;) Да не зборам и јас напразно :)
     
  8. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Iskreno koga gi citam komentarive fala bogu sto ne otidov vikendov. Sakav da lupnam pari so decata da odime ama ako e taka nesredeno ne ni idam. Podobro zapali kolata odi do Solun ama barem pominisi kako covek.
    Tolku imase reklama jas mislav ke bide nesto ekstra.
     
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Како што гледав слики за почеток е добар ама се надевам дека ќе го доградат. Велам добар во смисла дека е единствен кај нас, но неможе ни да се спореди со аква парковите по другите земји. Слушнав многу коментари од луѓе кои зборуваат дека паркот не е тоа тоа и дека не е ист со сликите на фб што беа постирни. Голема грешка и беше што става слики од Адаленд и многу луѓе очекуваа тоа да го видат и најнормално е шо дојде до големо разочарување. Само и не ми е јасно што толку многу очекувате?

    Според мене требаше паркот да се отвори на почетокот на летото, а не сега така барем ќе кандисавме некако и ќе го посетивме, во овој случај оставам за наредната година :) Цената сметам дека е прхладна за секој со оглед на тоа што најавите беа да е 1200 денари влез што е премногу. Се на се супер идеја!
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Не сум била, а баш цмилев да се отиде. Ама сега ме разочаравте. Не вие што напишавте како навистина е, туку пред се сум раџочарана од инвеститорот. Ако не е способен да среди се како што треба што почнува?
    На сликите изгледа задоволителен, на вести не сум видела што кажале, ама според ова што го напишавте ми се згади. Направи го, среди го, па пушти го во употреба. Вака го лажат народов...
    Сега за сега не би отишла, можда следното лето кога ќе се потсреди скорз (ако некогаш се случи тоа).
    А не знам некој ми кажа, дека од в година ќе имало тури од градовите до таму и се ќе било во картата/влезницата... Колку е точно и колку ќе биде остварено, горнион знае...
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.504
    Пол:
    Женски
    http://www.facebook.com/pages/Realnosta ... 9307717876
    Еве, погледнете ги овие слики и прочитајте ги кометарите. Поготово тој за момче што ќе се удавело да не биле другите пливачи да му помогнат. Ни спасители да нема, ццц :x
     
  12. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
    ништо спектакуларно а и + недовршено џабе само толку реклами му маваа |(
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.713
    Допаѓања:
    150.525
    Кој рече дека не било наше да кажуваме?!
    Извини,ама за мои пари и те како имам право да кажувам! Јас сум корисник на услугата и имам право да се жалам ако не го исполнува ветеното!
     
    На mops и parrot им се допаѓа ова.
  14. mops

    mops Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    119
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јас сум изненадена и сум во прашалници за тоа што мислеле газдите на паркот- дека никој нема да види што се случува, дека никој нема да се буни, да каже, што... :fubar: ???

    Па ова е жалосно, за профит на кратки стази можат да поминат покрај се, не им е гајле дека лесно може да се загуби и некој човечки живот- не дај боже :x

    Срамота, не знам како можат така бре- зарем немаат човечко во нив, немаат срам, совест?
     
  16. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    :x :x :x навистина немам коментар читам и неможам да си поверувам дека и ова се случи во нашата мала Македонија жално е што го лажат така народот .....срамота !
     
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Сакав да одам деновиве,ама после коментарите се предомислив.

    Ако толку сакале да го отворат за колку толку да фатат сезона можеле и друго да направат-нека кажат поштено, работи тоа и тоа, донесете си храна, пиење има, карта сто денари.Ако ништо друго цел Пробиштип ќе отидел и околината и немаше да си направат ваква антиреклама.

    Следна сезона и да е се како под конец пак тешко дека ќе проработат убаво.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Мнооогу, ама многу несериозно. Јасно ми е дека не сме најбистри на континентов, ама не сме ни најсмотани. Па се сменија времињата, не ни е веќе толку туп народов, па да нема видено ништо и да се лаже за вакви работи. Заборавиле дека добар процент од сите кои одат на летување надвор од Македонија, одат и во Аквапарк. Виделе луѓето што чини и што не чини, ова дефинитивно е тотална утка.

    Се алчат за малку пари. Се направи некој минимален профит, кој ќе беше тродупол ако се почекаше до наредното лето и се беше средено тип топ. Ресторанчиња, мало паркче во близина, паркинг, соблекувални, па базени, да ти е мерак да отидеш. Резил е ова, повеќе личи како да ставиле три кади и ајмо навали народе, да се бањаме.

    А тоа водата, проклети нека се, мислев дека наочарите ми се матни. Е така црна вода, да ми простите, во фонтаните не останува откако ќе се избањаат циганчињата летно време. Што прават тие луѓе, ја чистат ли воопшто ?! :o Абе еден да минел со цедалче низ сите базени ќе ја исчистел.

    И уште ова, неколку наши познаници кои биле на отворањето, се во болница со стомачен вирус. Децата не можеле да им запрат со повраќање, се сомневаат дека е или заради водата или заради сладоледот. Многу нормално дека можно е да нема врска со Аквапарков, но зошто, здрави, прави деца, после целодневно бањање, дома се враќаат со ужасни болки и се во болница со по шише - две инфузија дневно. Па ќе се прашам јас дали да отидам таму или не.

    Бре, глуп човек. За секој ли се пари и инвестиции ?! :x
     
  19. Hell0.kitty

    Hell0.kitty Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    189
    Допаѓања:
    40
    Убаво е сето ова, но преголем е процентот на невработеност во Пробиштип.Многу поарно би било да се изгради некој објект па да се вработат луѓе,лебот да си го вадат.Мое мислење ;)
     
  20. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    510
    минатиот викенд бев и стварно е за никаде ! |( кога идеш во базент,негде бил пресен песокот па викаат НЕ ГАЗИ ТАМУ!! си лежиш на лежалка па ти велат ДЕ ПОТРГНИ СЕ! а и што не е доправен едно дете пред мои очи се исече од тобоганот па така да разочарана сум и мислам дека чабе дадов пари :( :(