Хипстер, далеку од тоа дека имам фрустрација кон дискотеките и луѓето кои одат таму. Само правам споредба, некој ужива во дискотеки да оди, некој плаќа пат и др. за планинарење секој викенд, некој ете во Аква парк би отишол....само направив споредба дека 350ден. не е мн. (според мене) Но ете, секој сиима свој вкус.
Не би дала ни 50ден да одам на базен, не па 350 за да се лизгам по тобогани Базените ми се извор на секакви бактерии и инфекции, измешана плунка, урина, ѓубре, хлорот кој не можам да го поднесам. Не е праведно што се направи Аква парк во Скопје, уште еден доказ дека се мора да има во главниот град. Со ова, сите што би сакале да одат на вакви чуда, а можноста ја имаа до сега во Пробиштип, сега ќе останат овде за тоа "задоволство". Пробиштип ќе изгуби голем бр муштерии, а добар проект е за заживување на тој крај, за собирање приходи. Добра работа би било, да има во градовите различни активности, со што би се овозможило вработување и распределување на финансиите низ државата, а не само во еден центар. Локациски, не знам што мерак им се направи на луѓево да градат околу Александар Палас. И мало изгледа. Имам гледано емисии на травел ченел за паркови низ различни држави, специфични по некој елемент, ова изгледа како неколку паркчиња за деца, собрани во едно.
Според мене убав проект, требаше во Скопје вакво нешто. Кога сакаме да изгледаме европски и модерно, мора да имаме и вакви проекти. Само да се зачува, а не во најскоро време да се уништи. Секако дека не можеме да се споредуваме со другиве европски земји, на прво место тука е културата на луѓето па се останато. А за цените па мислам дека е многу, ако е влезница за 1 особа 350ден., со помалку од 1000-1500ден не можеш да поминеш. Нормално дека никој нема да оди сам, плус кафенце сокче.. Би го посетила аква парков, љубопитна сум да го видам а и сигурна сум дека убаво ќе си поминам
Јас сум огромен љубител на АкваПарк ама се поврзано со овој ми е жива глупост. Прва работа, мора во Скопје? Имаме три природни езера, не знам ти колку вештачки, празен простор низ земјава колку сакаш, а они до Палас го залепија. Па извинете, ама незгодно е. Во Палас за почетокк, најчесто престојуваат лица да кажеме на повисока функција од цел свет и оп ете не нас, во бикини до кола да претрчаме. Реално за аква парк ова е премала површина, доаѓа исто како се друго, не е битно какво е битно е да го имаме. Ставете го кај некој помал град, ќе заживее и туризам и се. Па не сме така голема држава, во Гевгелија да го стават за 2 саати се стига. Ќе си се соберат луѓе, целодневна екскурзија ќе се направи и ќе има поголем ќар. Второ, каква може да биде реално изведбата за вака краток период. Од балкон го гледам и се чудам што ќе отвараат, пола изгледа како недовршено. Ептен ради реда е лупнат, кој знае кој пари се испрани за да се направи. Јас лично не би отишла, не заради цената него затоа што мислам дека нема да ми биде интересно. Тобоганите не изгледаат така големи и не планирам на мајка ми да и мафтам кога се пуштам. Во споредба со други аква паркови, цената е пристојна, кој бил во аква парк под 10 евра? Само тоа колку го задоволува личниот вкус е друга работа.
Светски познатиот мултислајд... Е што е мултислајдот толку посебно? Ептен напумпана реклама... плус колку малечко изгледа... додека да ти се крене адреналинот ти веќе ќе си стигнат до доле... Ни во Пробиштип немам одено, ама порадо би отишла таму отколку во Скопје. Просторот беше премал, кај ги сместиле тобоганите? Плус ептен малечки изгледаа, ко за деца да е правено. И кои им се тие 10 тобогани? Мултислајдот да не го бројат како 4? Или ги бројат и детските лизгалки?
Се убаво осмислено, направено, добра идеја ... Ама пак 350ден. само за влез? I don't thing so. Ја правев сега математиката. Карта + превоз + 2 мали шишенца вода + 1 тост + 1 сладолед = 700ден? И тоа цените на храната и водата ти рачунав за 10ден. поскапи од цените во продавница (а сигурно ќе бидат и поскапи). Не, благодарам. Само затоа што има статус „Аква парк“ и затоа што има тобогани не значи и дека ќе биде нешто за фалење. А, и како што има kravce пишано погоре: базените се голем извор на зарази, бактерии, инфекции, особено за нас жените. (ту, муки бреј, убаво си викам:да не си женско) За тие пари можам да отидам до Берово, да се прошетам, да се најадам и да се вратам.
http://brkajrabota.mk/vesti/makedonija/ ... -vo-nedela Незнам да пливам и навистина кога би отишла не би уживала максимално.Сигурно би седнала во тоа кафичот и ќе пијам едно кафе и ќе испушам цела кутија цигари додека сум таму. За цената,мислам дека е скапо,да,за нашите стандарди малку е повисока цената.И како што кажаа погоре кога ќе додадеш на тоа плус јадење,пиење,превоз..ухуу испаѓа ѓавол ипол. Но,би отишла чисто од љубопитност,да видам какво е.За еднаш да си дозволам не е скапо Во врска со изгледот,ми се свиѓа,несакам да плукам и да критикувам,сепак наше си е
Јас дури сега го видов видеото за аква парков, за што бе 350 денари за базен ли, зашто јас видов 4 тобогани кои два се од малтене ист тип. Да секаде на друго место цените се над 10 евра, ама како изгледаат аква парковите? Убаво вика тајгер, да и мавтам на мајка ми, ниски се, и не изгледаат привлечно и баш ми изгледаат како за деца. За местоположбата не праиме муабет, како нашине градски плажи, под музејот и судот,баш ти трчаш во купачи а они ја гледаат горе костумисани. И во Солун има аква парк, ако има на сите туристички места ама е надвор од градот, затоа што тој објект захтева голема површина и мирно место. На крај ви викам се сведува 350 за на базен, зашто тоа не е ни А од аква парк.
Мене искрено не ми пречи обожавам вакви работи . Е сега за да отидеш до таму ќе ти требат дефинитвно минимум 500 ден а тоа секој не може да си го дозволи . Како и да е планирам да го посетам само не во недела на отварањето зошто сигурно ќе биде гунгула.
Го замислував поголем, денес по слики се разочарав, ептен на мала површина е. Јас па можеби би отишла. Неќам базени и гужви, ама па радознало сум невидено. Не мора да биде сезонава, можеби догодина ќе одам Што се однесува до цената, искрено сметам дека не е многу. Зошто? Затоа што базенот во Аеродром воениот имаш карта од 200 денари, а станува збор за 1 базен. Имате базен Карпош затворен со карта 200 денари, морално е да носиш капа, па ако ја немаш уште 300 денари, вкупно 500че. Модерни ни се приватниве базени. Па ете има во Припор топ базенче, мало средено, лежалки ова она 300 денари е влез и мора да пиеш нешто. Тогаш колку да стават цена на аква парк? Како и да е секое задоволство скапо се плаќа. Порано имаше и семки за 10 денари, сеа се 20. Порано јадев топка сладолед за 15 денари, сеа се 40 денари. Да не зборам дека споредбено од пред 2 години се е најмалку 25% па до 50% поскапо. Така да секој со свој вкус и свој избор. Сакавме реално аква парк, град како Скопје заслужува вакво место, посебно место како комплексот Борис Трајковски, така да кој како сака така ќе си ги троши своите заработени пари. Како и да е одењето на четиричлено семејство на базен никогаш нема да е поефтино од 1000че, дал бил базен голем 10 метри или бил аква парк со 10 топогани на кои децата се радуваат, сеедно што се слични во нашево паркче сите тобогани али ај.
Баш убаво што се изгради Аква парк, му фалеше на Скопје вакво нешто Планирам да одам со ќерка ми другава недела
План ми е да отидам и јас,тука кој сака може да дојде,кој не му се допаѓаа не мора,гледам некои доста критички се расположени,скапо било,мал е аква паркот бла бла,супер е. http://press24.mk/galerija-skopje-dobi- ... nite/21650
Посебно за пофалба е што е со ограничен број на влезени луѓе(1000).Не се лакомат по пари и да биде внатре премногу гужва.Ке има и мали деца и да не се случи некоја несреќа воопшто .Сега триста муабети ке се направат за дискриминација, од брачата но и онака не се за таму .Пофалби и за цената ( во пробиштип цената е горе доле таа истата , што не се буните за таму ).
Прво локацијата е малку промашена. А мене не ми треба и онака, џабе ќе давам критики, позитивни или негативни кога не планирам да одам некаде кај што ќе ми цвичат и трчкараат деришта. Знаејќи го воспитанието на денешниве деца, не фала Повеќе мирни места недостасуваат.
Значи скопјани се незнам веќе како да се изразам. Лани во Пробиштип имало промет од аквапаркот и одма и во Ск. ццц во пробиштип е три пати поголем и подобар и мноогу повеќе атракции ама ете не е во "метрополата".
И јас еднаш го помислив ова ама читнав малце на нет и дознав дека впрочем тој во Пробиштип бил приватен објект, а овој во Скопје е проект кој е дел од програмата на Владата уште одамна испланиран. Така што не е ништо намерно или за инат... Барем јас тоа што го најдов и сфатив, колку е 100% точно, незнам и неможам да гарантирам за информации кои не се многу веродостојни. И не сме ние скопјаните ништо, зошто сигурно јас или некој обичен смртник не отиде да го направи Аква паркот, туку нормално Владата.
Море овие Скопјанишчава, ништо да не видат, мора одма и они да имаат. Него, некако многу мал ми изгледа, не знам, не сум била па да кажам со сигурност. Ама други што биле не се баш воодушевени. Се надевам ќе имам прилика овој во Пробиштип да го видам, некако повеќе мерак ми прави.