1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Аква Парк Скопје

Дискусија во 'Слободно време' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2013.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.689
    Допаѓања:
    150.107
    Јас поминав во неделата, сосема случајно и пријатно сум изненадена. Не го испробав ако може така да се каже, само свртев круг, не ни носев купачи. Па ајде ако земеме за споредба од соседиве, конкретно за оној во Солун, овој во Скопје отворено можам да кажам е подобар. Можеби помал е на површина,ама дефинитивно е подобар од многу аспекти. 15 евра е влез во Солун и е тотален промашај. Плус гумите кои се во Солун не смееш да ги шеташ со тебе, туку ги добиваш само за конкретните тобогани, што никаде на друго место не сум видела такво нешто. Си запоседнуваш гума и си ја шеташ кај сакаш,што сакаш правиш и ја оставаш каде што сакаш. Колку што забележав овој во Скопјево така си е, што ми се допаѓа. Имам посетено неколку Аква паркови (добро де, детиште сум, мразам базени,ама сакам аква паркови, шта ќеш) и за толку мал простор, солидни реквизити има, ме нервира само што е инвестиција од Владата, ништо друго.
    Неспоредлив е сигурно со Пробиштип и каде-каде поубав на око. Малку базенот со бранови е мал и не ми се допаѓа, можеле подобро, ама другиве работи се супер и влезот воопшто не е скап. Не друго, туку имам искуство со Аква парк каде што ќе се удавев од брановите од што беа навистина големи и влечеа, па спасувачот ми свиркаше да излезам. Па шо да праам, го фатив најјакиот агол,каде што брановите фаќаа ептен, си правев колг-клог-клог, па се уморив едно време и немав сила да искочам, се фатив само за тоа и како поминуваа брановите јас си зимав воздух и си седев под вода. :D А и кој апсурд човече, не гледа неаме сила, нема шанси да искочиш, ти свири и ти покажува надвор, шо бе надвор, ела спаси ме. Па среќа јако мушко до нас, не извлече нас девојчиња надвор,па учтиво затрепкавме и се заблагодаривме. Е да, значи, само тоа за брановите не чини, штом не можеш да се подудавиш, не е добар. :D
    И Лејзи риврот, ок е, само малецка е, не е спора да биде апла лејзи како на други места,па се буткаш, ама мала е бе...Ај се надевам дека до година ќе се рашират и на просторот до Аква паркот што е,па ќе ја зголемат и неа.

    А да... и ми се има десено со сите деца да се наместам под она што се полни со вода и прави ПЉУС...и сега нели, го гледам првиот пат и гледам кај најмногу паѓа вода и викам е таму ќе застам. И застанува Лилит лабава, насмеана, пошо во други паркови, паѓало вода, арно ама не ми текна дека тие обично паѓаа на едно како стреја го намалува ударот,па потоа паѓа врз луѓето. Е ова, директно у грб ти паѓа,а затоа децава се чудев шо не се местат на баш ударниот дел. И така јас среќна и лабава, застанувам под тоа бурето и само тоа ШПЉУС...ме ничкоса! Децава,толкцки, колку векна леб не паѓаат, кога рекоа се смеат,јас се смеам, не можев да станам од смеење. И така... :D Одете во Аква паркови и поминувајте си убаво! :lol:

    И сум за тоа да има неколку низ цела држава. Зошто па да не? Шо ќе фали и еден во Охрид на пример?
    Еден надоле накај Струмица, Гевгелија? М?! Ич ништо! Во Германија имаат толкав ЗАТВОРЕН Аква парк, со посебно осветлување кое симулира иста светлина како од сонцето и работи цела година. Нека стаат еден помеѓу Кичево и Гостивар и ајт. Сите среќни! Ууууууиииии - жглуп!
    Нашиве луѓе не знаат да се релаксираат и забавуваат, многу намргољени сме бре. Јас Аква паркови не ги сфаќам само како забава за деца, а и поголемиот дел не се за мали деца. Нели си пишува минимум и максимум висина и тежина и повеќето се за деца над 10 години (релативно),а и има толку страшни тобогани што мене ми е незамисливо дека Аква парк е нешто со забавна содржина само за деца. Се надевам дека ќе го збогатат со рафтинг за четири лица,па да видиме тогаш. На такво, имам рикано како магарица сакам да се симнам, сакам да се симнам и покрај тоа што бевме четворица, гумата ни излегуваше до половина надвор на кривините, не па мало дете да се качи на такво нешто,трауми. Така што би била среќна ако луѓево се малку повеќе опен мајндед околу вакви ствари. :wasntme:
     
    На peperutche21, malecka91, Abeja и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Е ова е коментар на место, со вистински споредби и реално гледање на работите. Да сакав да коментирам нешто баш вакво нешто ќе беше.

    И доста веќе хејтерски пристап до се што е македонско. Убаво си кажа и Сноу Квин, скапо ви било во аква паркот а не е скапо пијанчење на секое излегување, купување "јаки" цигари да се истакнете и да не набројувам излишно е. А кога ќе се направи нешто интересно одма се плука.
    И ти кравче доста ма 8) ќе се плукало ова она ќе се мочало, па народот секаде е невоспитан и некултурен, си моча и во езера, мориња, океани па пак одите сите во олимпик бич, на сончеви брегови, мајами бич, факинг бич итн... а се е помочано уствари.
    Ова е убава замисла само што можело да се направи некаде по настрана во Скопје, каде што е ненаселено, далеку од градската гужва. И цените се нормални, споредено со цените за обичен базент. Ако сакаш оди, ако не сакаш не оди.
    Еве ќе дадам еден пример за кој пишував и во друга тема. Прилеп како македонски град, наместо да си направеше некоја ваква атракција од која ќе може да си заработи, си направи пиво фест бе, потроши толку пари на ебани странски пејачи а за што?,да се собере гужва да се испие пиво, да се изедат плескавички итн.. и да се наполнат корпите со ѓубре. Не знам колку им било платено на "пејачите" не ме ни интересирало, ама зар не можеа тие пари да се вложат во нешто попаметно (еве не мора базент, нека биде градинка во место каде што нема, на пример)
    И тоа зашто баш во Скопје, зашто не во друг град, не држи вода. Секоја општина може да се развие а тоа е веќе работа на локална самоуправа. Не е само да се дојде да пари, туку треба и паметно да се искористат. Не викам јас дека во Скопје се е совршено, далеку од тоа, но и кога ќе се направи нешто убаво пак се меша политика и во тоа. Затоа никогаш нема да бидеме народ, очигледно ниту држава не ни треба.
     
    На peperutche21, SuperGirl24 и Snow-Queen им се допаѓа ова.
  3. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    И јас го посетив денеска,и исто како и lilit сум позитивно изненадена,со оглед на тоа што читав многу негативни критики низ социјалниве мрежи.

    Нуди дефинитивно многу адреналин(јас се "остаив" на тобоганите :wasntme: ).Е сеа неможеме да го споредуваме со аква паркови надвор од МК,нормално.(не само аква паркот,туку ништо од мк не се споредува со државите од надвор :) )
    Ви го препорачувам бидејќи како што кажаа погоре,и на останатите базени под 1000ка не сте,а тука има повеќе избор за опуштање.Јас потрошив 500 ден,од кои 300 за карта,и таму за кафе-мафе,тостче ау.
    Секако ако одите секој ден е скапо,но за еднаш се исплати.А и на оние кои имаат дечиња убаво ќе им дојде,ќе ги шлапнат во мрзливата река,и ќе си пијат кафенце по кафичите,без да ги мислат :D
    Убаво е навистина :)
    Малку изгорев,инаку..(малку појќе) :lol:


    Не ми се допадна единствено што на многу работи во кафичите им скокнале цените преку ноќ.
    Лименка кока кола-70 ден,стек-мал,премал-100 ден. |(
    Така да отидете си најадени,пред се :lol:
    Јадење од дома не се внесува,има строга контрола пред влезот 8)
     
  4. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Абе нека си мочаат луѓето кај сакаат :D ама да стои тоа во еден простор све затворено, со хлор демек прочистено... фала :bow: Тоа ми е ставот за сите базени, не дека се фатив за овој, имав последно лошо искуство и сега нејќам ни да помислам на базен. А ваквите реквизити не ми прават некое посебно задоволство :?: нека се радуваат деца
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    Ако некоја од вас била, ај нека пише како се движат цените на пијалоците и храната во натре?
     
  6. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.313
    Пол:
    Женски
    Да не планирате да одите за хони мун таму? :rofl:
    Се шалам :lol:
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^Да не пукнеш мур :rofl: кај ти текињаат работиве

    Едно мало preparation time :lol: се шалам, сакаме да тркнеме некој ден ама после одморот
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    По она што го слушам и гледам по социјалниве мрежи, оној во Пробиштип ми стои далеку позабавен. Гледам на фб, секој викенд има некоја случка, диџеи, пејачи, забави...
     
  9. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Нес кафе 90 ден
    Тост-80 ден
    Соковите над 70 ден

    Можеш да си ставиш јадење во ташна,јас кога бев не ги отвараа торбите,туку само прашуваа дали имаме јадење во нив :)
     
  10. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^не дозволуваат да се внесе???
     
  11. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Забрането е :|
    Но,можеш да се провлечеш,имаше доста луѓе кои вадеа смоки,чипсови од торбите.Само убаво сокри ги :P :D
     
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.010
    Пол:
    Женски
    ^еее според мене тоа е глупост.
    Ама ја ако одам сигурно ќе пробам да внесам во ташната барем за јадење и едно шише сок.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.415
    Пол:
    Женски
    А зашто мислевте дека нема да е забрането?
    По секоја логика ќе сакаат да ги форсираат таму кафичите и кафанчињата за јадење и пиење среќа ефитни тие не се...

    Јас решив да одам еднаш да го видам и тие 300 ќе ги прежалам, ме фаќа насоталгија за тие стрмните тобогани, каков адрелналин се полни, незаборавно.
     
  14. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    ^ и мене ми се оди пак,на жешково само вода и тобогани ми се гледаат :D
    Хипстер пушти се за мене од тој жолтиот :D
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  15. xoxolea

    xoxolea Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    79
    Дефинитивно најголемата желба ми се оствари,се отвори аква паркот вухууу :D Не е нешто посебно во споредба со други,ама наш си е и блиску ни е. Сум била многу пати,презадоволна сум и сеуште му се радувам...
     
  16. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    И да ги отвараат торбите, не се секирајте :D Ќе ги сокриете во крпа, алишта и слично. Женски сте, нека ви проработи имагинацијата :D
     
  17. axl-babe

    axl-babe Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    450
    Допаѓања:
    577
    Колку чини влезот?
     
  18. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    300 денари :)
     
    На axl-babe му/ѝ се допаѓа ова.
  19. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Не сум отишла се уште, ама по тоа што го гледам и слушам е солидно, па што му фали за толку да се мрчи. Е сега малце е тесен простор, ама ок е бе луѓе. Зошто да нема такво нешто во Скопје, на сите тие глупости кои се изградија ова е сосема во ред.
    Викате за тие пари ќе идам до Грчка на море, или не знам ти каде.. Па добро некогаш сакате да сте си во градот, да не се малтретирате со патување, онака случајно да тркнете непланирано и зашто да нема кај да одите.. Во Солун било подобро ? Хмм не се слагам, а исто така таму картата е 15 евра, а не 300 ден.

    И да, ви се чудам како се буните скапо било. Па на кеј за едно кафе плаќате 150 денари, сега ова 300ден за Аква Парк многу било, кога едни палачинки во Скопје се 150 ден.. Не мора таму да се опуштате со кафе и сендвичи, а иако нормално не смее да се внесува храна секако дека може да се прошверцува. Луѓе дрога пренесуваат, де вие да не можете да сокриете два сендвичи и два сока. Па ќе земете поголема торба ќе ги замотате во нешто подоле да не се примеќа, мислиш таму ќе ви ја скенираат те да не можело. Онака одозгора, одозгора проверуваат не детално.

    Јас стварно не знам колку предлагате да биде, 100ден ? Па како што е спомнато погоре, еден базен е 300ден карта, ова е сепак повеќе од тоа. И не е само за дечиња, јас толкава гуска па уште сакам такви паркови. Во Америка сум плаќала астрономски цени за такви места да посетам, утре ќе ми дојдат гости од таму сакам да ги прошетам кај нас во Аква Парк не да им викам ај до Грчка, ние ништо немаме.. Сега таму е многу подобро, ама за да се направи размена е во ред.

    Сепак секој си бира каде ќе го мине времето и дава парите. Ако не одговара, тука е Охрид, Грчка, Пробиштип, кому каде му е убаво.
     
  20. Stronglady

    Stronglady Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    15
    Сеуште не сум била а планирам да одам..Нешто мама ми спомнуваше земи си другарка и ќе одиме ние три,затоа што навистина не е скапо а како што слушам од мои другарки и другари е многу интересно..Така да најверојатно деновиве ќе одам и попосле ќе ви кажам мое мислење :)