Едно нешто не ми се свиѓа кај ова нашево чудо. Внатре не сум била, а не знам ни дали би одела зошто ми е страв колку е сето тоа сигурно и безбедно. Муабетот ми беше, се се гледа од надвор. Е тоа некако не ми поминува низ глава. А познавајќи го нашиов народ, ќе застанат ќе ѕиркаат, ќе свиркаат.
Јас мислам дека не е убав аква паркот во скопје.Каде што бев јас во Буграрија во аква паркот беше волшебно аква паркот се викаше Paradise ! Посетете ја странава да видите http://www.aquaparadise-bg.com/
Еве ја мојата перспектива за аква паркот, зашто минатата година работев таму. Во принцип, кога ќе ја погледнеш големата слика се беше ок, и се помина ок сезона, иако имаше МНООООООООГУ од брајчата, посебно за бајрамот кога се истоварија 3 автобуси кои дојдоа на бесплатно бањање( да се разбереме немаа бесплатен влез, влезот беше платен ама не од нив туку некој ги частел), понекогаш се случуваше(особено недела) да има 1500 луѓе во аква паркот( иако нели е лимитиран на 1000) и уште 300 и кусур да чекаат на каса, се случуваше во тие гужви да нема гуми за сите и се чекаше ред од доле до горе на кулите за да се лизнеш на тобоганот и тоа се чекаше добри пола саат ако не и повеќе. Најголем проблем беше водата која беше чиста на почетокот ама после тоа почнаа да се појавуваат алги, песок, и што е најгрозно во базените се појавуваа некои како црвени црвчиња што после се испостави дека биле ларви од некој инсекти и се хранеле од алгите што растеле, како и да е водата на крајот беше ужасна и дури и ние не се осмелувавме да влеземе, а и од тие гумите на некои од колегите им искачаше црвенило, цели се исфрлаа кај што се допреле со гумата. Иаче околу безбедноста можам да кажам дека се е безбедно доколку се почитуваат и следат инструкциите кои ви ги дава спасителот што е на тобоганот, а не како браќата без гума се спуштаа на тобоганите за кои што требаше гума и доле излагаа со изрендани задници и да си имаше доктор кој ги санираше повредите(најчесто некои мали исекотини и одрани лакти и колена, течење крв од нос, исечени брадии усни итн...) така да во принцип безбедни се реквизитите . И на крај оваа година по се изгледа на 15 мај ќе се отвара сезоната и се надевам пак ќе ме викнат
Овој Аква парк не е аква парк Не може да се спореди со странските waterland и Aqua park-овите. Сум посетила 5 аква паркови во различни држави ( Бугарија,Турција и Грција) и тие биле поим за нашиов ''аква парк'' Никогаш не би отишла повторно,зашто е катастрофа невидена. Плус кој нормален гради аква парк на сред населено место .Се знае дека се прават надвор од градот,али...
Јас бев минатото лето и ова лето пак планриам да одам. Само што сум од Куманово па цел ден бевме на сонце сакавме цел ден да го искористиме од отварањето па до крај и целата изгорев после . Успеав да внесам и храна храната беше само во мојата ташна и ја ставив под пешкир кога проверуваа им кажав само пешкири се овде хахах. Таму храната е поскапа незнам зашто не дозволуваат да внесеме грицки барем или сок. Се на се беше ок само што немаше многу сенка а јас што не поднасам многу сонце изгорев.
Вчера бев ,картата е 300 ден,ПРЕголема гужва,ретардирана раја ,скокаат се фрлаат кај со не треба обезбедување цело време се дере ,немаат гуми да ти дадат за топоганот па дојде и до карање меѓу луѓе ,организација НИКАКВА,лани беше подобро организирано мислам,...скапо и никогашвеќе нема да отидам
И лани за Бајрам се погодив таму,исто гужва ама имасе гуми барем за сите....ова сега тепачка за гуми,не знам колку му е капацитет да прими ама ова имасе и повеќе од дозволеното ,по тревата беа исполегнати,и водата ужас,се надевам немам закацено некоја инфекција
А како е обичен (работен) ден на аква паркот има ли многу гужва, чисто ли е, се доплаќа ли за топоганите? Планирам да отидам во понеделник па да си знам што ме очекува да не се изненадам.
Скроз. Буквално пред многу години бев, кога се отвори, чиниш тоа.... течноста во базените е 40% урина. Покрај тоа просведочив луѓе како си се пуштаат по тренерки и слично. Катастрофа, ич не е убаво. Ако сакате Аква Парк, подобро до тој во Пробиштип отидете си, барем почисто е. Иако ние во земјава немаме некој онака воодушевувачки Аква Парк.
И овој кај Палас е добар само нормални луѓе да одат. Како камикази скокаат во мрзливата река, трчаат се бутаат. Баш и малиот сакав да го носам годинава ама кога ми текна без него пред 2 години како беше, не вреди ни да плукнеш таму.
Не сум бил во тој во Пробиштип, но во споредба со оној во Солун(Waterland) нема допирна точка. Се разочарав од тоа колку лошо се одржува, иако е прилично понов. Ем шо нема многу активности(тобогани, базени и сл) па и некои не се во функција. Според тоа, за цената баш и не вреди, но највеќе ме изнервира однесувањето на вработените почнувајќи од таа шо беше вработена на билетарата па се до спасувачите и оние кај шо се продава храна. Делот за храна едвај работеше, малку чудно за аква парк каде шо не можеш да внесуваш храна од надвор. Се на се, не би пак.
јас бев во тој во пробиштип летото пред коронава и тоа беше хорор филм. Базените беа тиња, зелени, гнасни, матни, целата вода имаше како љупешки од нешто бело, не можам да опишам со зборови колку беше гнасно, јас не се осмелив да влезам во вода. Дечко ми запна да се спушти на тобоганите и ради тоа што немаше многу луѓе беа исклучени па мораше да го викнеш шанкерот да дојде и да ти го пушти тобоганот за да се спуштиш. Си отидовме за пола саат и никад не ни помисливме да отидеме пак. Ужас е мал збор