Незнам дали некој е со ваков или сличен проблем, ама јас глава неможам да кренам од црвенилото на рацете (горниот дел помеѓу лактот и рамениците). Изгледаат како мали внатрешни брунчиња, поточно како црвени точкички. Летно време кога ќе се исунчам не се познаваат толку, ама додека да се исунчам, срам ми е да носам маички на рамчиња. Многу често ми се случило да ме прашаат што ти се случило со рацете, од што ти се овие брунчиња ... Страшно се нервирам. Ако некој го има истиов проблем, ве молам споделете искуство, со што сте го решиле проблемот. Еве сликичка да видите како изгледаат
Можно е да се појавуваат од некои млека за тела, гелови за туширање, сапуни... сепак најдобро е да одиш на кожен, најверојатно ќе ти препишат некоја крема, лосион, пудро...
Постои тема за ова во здравствени проблеми: Кокошја кожа (Keratosis pilaris) Оваа треба да се затвори!
До sweet,како што гледам ова е таканаречена гускина кожа,нека ти направат во аптека млеко за тело со витамин А и треба да внесуваш повеќе од овој витамин и секако добар пилинг
сликата не ми се отвора но и мојата кожа е таква и тоа не само на рацете туку и на нозете кај мене тоа е наследен проблем од мајка ми
Tоа ме мачи и мене ми излегуваат брунчиња точно пред циклус ,и многу гнојат понекогаш ме чешаат ептен сум била на кожен се мачкам кога треба но неизбежно е да се појават а тоа не знам како да го спречам