Акни на грбот

Дискусија во 'Тело' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. milena-21

    milena-21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2009
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    Помагајте како да ги спречам акните на грбот да се појавуваат. Многу ми е мрсна кожата на грбот особено во горниот дел и постојано ми се прават и акни и црнки. Таму местото не ми е толку достапно и не можам убаво да го исчистам можеби затоа ми се прават толку не знам. Сакам кожата да ми е мазна и да немам такви работи :( :( Што користите вие за грбот?
     
  2. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    i jas imam 21 god i do pred 6meseci go imav istiot problem koj go resiv so tabletite diane 35 koj moze da ti gi preporaca maticniot ginekolog. Spagat vo grupata na hormonski lekovi (kontraceptivni). no nemoj da se plasis deka ke se popravis toa e samo mit. Jas ne staviv ni eden gram a gi koristev 6meseci i sega nemam nikakov problem so akni ni na grbot ni na liceto. pozzz
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.571
    Имав сличен проблем,само што мене ми се појавуваа долж рбетот и го решив едноставно ... со зелена глина!На почетокот три-четири пати неделно,а после доволно е само еднаш.Никако пилинг додека не ги излечиш,а после кога ќе се регулира,задолжително еднаш неделно.Пробај во глината да додадеш и цинк таблетка истолчена и измешана во смесата,делува локално и ефикасно.Ако не се преизразени (ама за нас жените нема такво нешто и да е малку е многу) не би ти препорачала било какви теарапии на хормонска база без испитувања,особено затоа што голема е веројатноста за последици од друг тип потоа.
     
    На kajl, Lovy1 и Mateya им се допаѓа ова.
  4. Vega

    Vega Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    21
    глината навистина помага испробано и зелена и црвена индијанска само што таа е многу појака, а за пилинг после тоа користев обична сода бикарбона еднаш неделно и уште од време на време користам и веќе немам проблем со акни на грбот
     
  5. anastasija19

    anastasija19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    41
    леле од тие акни глава не можам да кренам и по лице и по грб :twisted: :( ;( :x :!: а каде можам да ја најдам таа зелена глина и дали е многу скапа позз
     
  6. snegulcence

    snegulcence Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    2
    Zelenata glina tocno deka pomaga no mnogu ja susi kozata, moze da se najde vo apteki i e okolu 300 do 400 densri.
     
  7. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    Jas ja kupiv zelenata glina 200 den od apteka.
     
  8. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Лилит, те молам кажи ми како ја потребуаше зелената глина: локално, како маска, орално, во вода или комбинирано. Ја набавив и сега чекам одговор од тебе за да почнам. Фала однапред.
     
  9. Girly

    Girly Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 февруари 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    1
    i mene me interesira za glinata... a i za lice li e taa? fala
     
  10. LadyCroft

    LadyCroft Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2010
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    32
    имав сличен случај со акните на грбот што дури имав и бубулички :? тоа ми беше резултат зимоска од една како волнена блуза врз врат што ја носев на голо, освен со боди, што дури почнаа да ми се појавуваа и накај вратот. изгледа беше до материјалот, среќа што имав бебешкиот бекутан млеко и секоја вечер го мачкав грбот и не ја носев повеќе блузата, полека акните и бубулилките се повлекуваа. за понатаму внимавам каков материјал да носам зимоска...
     
  11. Saraa

    Saraa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2010
    Пораки:
    2.000
    Допаѓања:
    4.064
    Пол:
    Женски
    Луѓе мои и јас го имам истиот проблем, и ги имам и на грбот и на лицето, колку убаво изгледа мазен грб, а мојот за никаде е ме интересира за зечлената глина колку време се остава да делува???
    Баш би сакала да пробам па да видам дали ке има резултати позззз
     
  12. lizardqueen

    lizardqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    11
    Јас почнав да ја употребувам глината, така што ја оставав на мене додека не се исуши. Арно ама, додека ја пиев и додека се мачкав, не се појавуваа нови акни, но не може вечно да бидам на глина, па кога престанав два дена, почнаа да ми излегуваат повеќе од кога и да е :( Губам надеж дека има решение на овој проблем :(
     
  13. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    Јас зелената глина ја користев многу оддамна, но немаше ефекти кај мене, сега ќе почнам пак па ќе видам. А за пиењето како ја пиете :worried:hock: ?
     
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.219
    Девојки ајде ве молам кажете колку пати во неделата ставате маска од зелена глина на грбот? Како што спомна Лилит 3-4 пати во неделата или повеќе? Јас ја ставам преку ден но сега за сега нема некои резултати, а незнам дали да ја ставам секој ден, страв ми е да не ми ја исуши ептен кожата па да имам спротивен ефект- кожата после да ми стане помасна и да ми се створат повеќе акни. Ај ве молам кажете вие колку пати ја употребувате и дали имавте подобрување, бидејќи како што приметив само Лилит беше задоволна, а другите ја купивте, а не пишавте дали имавте позитивни промени? Поздрав
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.681
    Допаѓања:
    4.205
    lele luge bas me interesira daj pisete kolku pomaga i tie sto ja koristele neka se pofalat ili pozalat da znaeme sto da prajme zatoa sto stvarno ni treba pomos :(
     
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.571
    Добро шо ви е?!Па не ме тепајте...од каде да знам јас...мене на пример ми помага,но јас не сум склона на акни,мене ми се создаваат ако конзумирам јајца (и тоа не секогаш) и од џемпери зимно време во должина на рбетот,инаку не.Секој е различен...плус некои акни бараат медицински третман и се лекуваат со антибиотици.Ако имате болни акни кои гнојат и постојано се појавуваат морате да посетите кожен лекар.Ова е народен иљач шо би се рекло,ма да пријателка моја си го реши проблемот трајно,а и јас не можам да се пожалам,ако ништо друго го детоксицира организмот глината.Имате два вида,за орална и за надворешна употреба...Јас ја пијам глината секој втор месец по две до три недели,зависи како се чувствувам,наутро,а за надворешна употреба постојано си употребувам,независно дали имам акни или не,ја регенерира и смирува кожата.Ја употребувам два пати неделно,претходно си правам пилинг со крупна морска сол,а потоа ставам глина,во која имам додадено истолчена таблетка цинк и ја држам додека не се исуши,не мора целосно,доволно е да почне да се затегнува.
    Мислам многу нормално е после една недела конзумирање на глината да се влоши ситуацијата,затоа што организмот се ослободува од сите токсини,но веќе втората недела се губат со брзина на светлината.Па да одите и на козметичар од специјалните им креми кои ќе ви ги продадат скапо се добива ама буквално истиот ефект,само што цената е значително повисока...
    А плус сменете си го и начинот на исхрана кој многу влијае врз појавата на акни.
    Муабетов,абе дечки како да ослабам,абе кажете ми...биди на диета,вежбај,пази што јадеш,пиј вода тантара-пантара...биди дисциплиниран,ама јас веќе тоа го знаааам...па што прашуваш тогаш?!Ама пустото секогаш се бара одговор плус кој ќе не спаси од труд и дисциплина,ама ништо нема преку ноќ.Ако сакаш резултати за било што има да работиш на тоа,така и за акните,биди упорен ќе видиш резултати...ама со цел арсенал да распалите...а не мене тука да ме тепате,јас не сум медицинско лице,јас само кажав лек од искуство...
     
    На RedWine му/ѝ се допаѓа ова.
  17. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.168
    Допаѓања:
    13.219
    Лилит, се надевам дека се шегуваше, па тебе никој не те нападна. :) Моите акни не се некои гнојни и страшни, баш онака неколку и ситни, ама сакам да ги снема бидејќи доаѓа летото, а сите сакаме мазен грб нели? ;) , ама бев загрижена да не ја употребувам пречесто па да ми се појават повеќе.
    Друго прашање, колку време ја оставате маската да седи, знам дека рековте додека да се исуши- така пишува и во упатството за употреба, но јас седам со неа околку половина час и немам трпение да дочекам целосно да се исуши- имам по некој потемен круг каде маската не е досушена. Каков е случајот кај вас?
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.735
    Допаѓања:
    75.571
    Па и јас често не ја држам скроз цела да биде исушена,ама често знам да си застанам под клима и да ме издува за побрзо скроз да се исуши :lol:
    Се мачкам цела од глава до пети,како аватар сум,па ништо не ми се случило,напротив...одлично ми е!
    Доволно е да почне да затега и на делови да се суши,не мора скроз.
     
  19. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    189
    црнки на грбот помош!!!

    Епа вака сега имам премногу црнки на грбот, а бога ми и на лицето. Проблемот е во тоа што зимно време на грбот ми се прават многу бубулјчки од нив, што не ми е проблем со лицето. Пробав тоа со глината, ама ништо не ми помогна, кажете нешто друго, помагајте, зошто ќе полудам веќе, лето иде :sweat:
     
  20. garudamon

    garudamon Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    59
    Јас(да поплукам) немам проблеми со акни, ама редовно после секое бањање се мачкам со хлорофеникол, лосион. Летото кога бев на одмор не ставав цели 10 дена и ми се појавија 2-3 бубалички околу челото. Мајка ми го става под пазуви бидејќи нели убива бактерии и на тој начин не и мирисаат воопшто.Би требало да ти помогне, има го во сите аптеки 80 ден некаде е, јас зимам од фитофарм.позз