Тоникот на афродита young&pure го ставам и ми поминаа повеќето акни на грбот. Иако тоникот го земав за лице, го користам за грб. Инаку тоникот го имаш во ДМ.
Го користам овој за туширање само на грбот , а потоа со памукче ставам гликолна киселина од The Ordinary
јас ги имам и акнте како поткожни и како со гној и црнки и го најдив лекот во алое вера гелот го користам моментално од фармаси и доста е ефикасен и црнките дури ми ги ваде немора да ги стиснам само ќе ги потурнам со ноктот и одма излеваат додека пак црнките на лицето не ми излеваат со тоа морам да ги стиснам а акните на лицето исто така ми поминуваат пробај можеби ќе ти помогни
https://minutzamene.com/cisticne-akne/ испотена облека ,нечиста облека,стрес,многу шеќер во исxраната,брза храна,интолеранција на храна ,алергии,недостаток на витамини,нездрава храна,несоодветен материјал на облека,причини за појава на акни 2. Зона 2 и 3: Рамена Никој не ги сака акните, а најмалку пак акните на рамената. Главен причинител за нивната појава е стресот, затоа мора да пронајдете начин како да се ослободите од истиот и да престанете да се нервирате. Како за почеток, музика што ве релаксира е супер решение. Истовремено, добро е да знаете дека овие акни можат да бидат предизвикани и од предолго носење на испотена и валкана облека. https://www.nane.mk/shto-kazhuvaat-aknite-za-vasheto-zdravje-spored-toa-kade-se-lotsirani-na-teloto/
Zdravo, sakam da ve prasam dali znaete nekoe mesto kade sto se pravat tretmani za akni na grbot koi stvarno pomagaat?
Од овој гел за тело се воодушевив за тоа колку брзо ми ги смири акните на грбот и рамењата. До сега го имам употребено само три пати и акните малку по малку се губат и не се појавуваат нови. Јас го ставам на деловите со акни и го оставам 2-3 минути да поседи и потоа го измивам, убаво е што не ја суши кожата. Претходно ги имам користено шампонот Кетоконазол и маслото од True Alchemy со киселини и не ми помогнаја воопшто, дури и од маслото ми се влоши состојбата на кожата, па сега со гелов ми се смири.
Имам лузни од акни на грбот кои се познаваат многу и секогаш се нервирам посебно на лето.Дали имате да ми препорачате некоја крема?
И јас дојдов да го фалам гелов, после 100 ствари што имам пробувано и не ми помагале, си реков да пробам и со ова и иако бев скептик дека ќе промени нешто ептееен ми ги смири акните, не ми се веруваше.. скроз вреди
Од кој крем/лосион за тело сте задоволни а да не прави акни на грбот? Мислам дека сите ми прават акни едвај ги држам под контрола но кожата ми стана веќе многу сува морам да мачкам нешто, што препорачувате?