Јас сум многу задоволна од лосионите на Афродита. Моментално ги користам Jojoba и red grapes и преубави ми се.
Девојки многу долго имам огромен проблем со акни и митесери на грбот. После толку долго време заприметив последниов месец дека кога се мачкам со лосион за акни памукчето е црно, од нечистотија. Единствено 2-3 часа после капење не се прави такво црнило , а постојано го има. Немам испитано хормони до сега , али последниве 6-7 години јадам у изобилство мрсна и штетна храна постојано, овошје и зеленчук многу ретко. Сестра ми ми вика дека цел проблем ми е од исхраната. До сега сум била у државна и др Старова, ефект моментален. Извинете за долгиов пост. Мислење барам дали да испитувам хормони , или да продолжам со терапијата од дерматологот. Станува збор за големи и длабоки акни. А имам све пробано од сапуни , до гелови и лоисони. Извинете за долгиот пост.
По некоја во темиве а можеби и во оваа имав прочитано дека никако не требало лосиони/креми на грб но не можам да го најдам мислењето, пред скоро време почнав да го користам гелот за туширање на bereza siberica и тоникот од истата линија смирени ми се акните но сепак уште имам по некоја. Според вас што мислите дали е неопходна хидратацијата? И да ми препорачате некој лосион за тело затоа што и на рацете и на гради имав акни
Јас го имав овој проблем и очајна бев на грбот и деколтето почнаа да ми излегуваат големи и многу болни акни до степен да не можам да лежам на грб, ги решив акните инстантно со маслото на True Alchemy AHA BHA,маслото всушност има алфа и бета хидроксилни киселини и салицилинска киселина што прават ексфолијација на кожата т.е. отстранување на мртвите кретки и маснотијата. Мене после 1-2 измивање ми се исушија акните, веќе го користам 2-3 недели и деколтето и грбот ми се стакло чисти ама буквално стакло, го земав околу 450 ден од ДМ го има и во Белина некои 40-50 ден поскапо.
Девојки мој совет е да си проверите хормони и ако се е во ред да почнете со козметика. Јас уште што ли не испробав и ништо не ми помогна додека не ги средив хормоните и грбот сам магично ми се исчисти.
Краток update Сакам да додадам дека сепак, по некое време повторно почна да ми се појавува по некоја акна на рамењата, па наместо да го оставам гелот да постои веднаш го измивам и после прскам од спрејот со цинк на Novaexpert и сега не ми излегуваат нови акни. Кожата на грбот ми е стабилна.
Дали некоја знае зашо не можам да го најдам никаде гелот за туширање на натура сиберика зелениот? Цело скопје го превртев.
Ќе го добијат наскоро,можеш и на инста да им пишеш дали за брзо ќе го добијат или пак да ти понудат замена за него.
Здраво, дали знаете како можам да ги излечам акните кои ми се околу задникот? До сега никогаш не сум имала ни бубуличка на лицето а наеднаш ми се појавија над бутовите и не знам како да ги тргнам тие лузнички. Пробував и со кокосово и со маст од невен со кои успеав малце да ги смалам но уште ги има.
Конечно најдов ваква тема. Јас долго време го имам овој проблем со акните на грбот и никако да успеам да ги извадам. Конечно најдов разговор на ваква тема, никој во мојата околина нема да ми каже кој препарат можам да го користам точно за тоа само ми викаат на хируршка операција ама не прифаќам преку такви чуда. Сакам да е природно тоа решено со некоја природна состојка или некој препарат за тоа корисен што е. Па сега најдов нешто што можеби е корисно за тоа и да ми кажете дали сте го користеле и дали ги отстранува акните на грбот. Тоа нели се вика висок крвен притисок или се лажам ? За ова прашувам, не сум сигурна дали да го пробам да не направам некоја катастрофа или грешка на грбот. Дали го имате користено?
Кажете ми некој добар производ за акни на грбот - за ќерка ми 10ипол години има , премногу акни има на грбот знам дека е поради возраата хормони и итн ама нешто барем да се смират. Се мислам помеѓу овие производи и дали некој има пробано нешто од ова и да помогнало Lush fresh farmacy сапун Lush grease lighting третман Clinique anti blemish solutions сет против акни Некој производ од La roche posay што може на грб да се користи Natura siberica bereza гелот за туширање
Bereza Siberica гелот за туширање во комбинација со спрејот со цинк од Novexpert. Порано кога имав јас видов придобивки и од сончање на грбот на лето.
Драга јас ќе ти помогнам (барем ќе дадам сѐ од себе да ти помогнам). Најнапред нема потреба од хируршка интервенција не знам кој ти кажал такво нешто. Хидроген исто така нема потреба. Прати ми слика преку приватна порака и објасни ми колку време ги имаш, дали се појавиле откако нешто имаш променето во исхрана или нега и со што ја миеш кожата. Откако ќе ги знам причините лесно ќе најдеме решение.
Здраво, дали некој од вас бил кај Стојка од чаир на масажа со биоенергија, имам проблеми на пршлените со 1 и 5 пршлен и имам многу болка, пред неколку месеци бев на физикална терапија приватно но пак ми почнаа болките, ако знае некој кај стојка дали некој бил кај нејзе дали помага