@Biodevojka Здраво, повторно ќе те замолам за совет. Немам акни на лицето но грбот и деколтето веќе подолго време ми се проблематични. Го користам гелот за туширање од натура сиберика (зелениот) околу еден месец и од пред една недела ставам после туширање и од тоникот од таа линија но нема никаква разлика во состојбата. Можеби имам потреба од нешто за хидратација, но не знам воопшто што да земам а да не ја влошам состојбата. Дали би можела да ми помогнеш? Имам 21 година. Ти благодарам <3
Здраво драга секако ќе ти помогнам. Ако сакаш прати ми слика во приватна порака за да ја видам состојбата.
Здраво девојки, во последните неколку месеци ептен ми се исфрла грбот (половината поточно) и заднико, целата сум со ситни виолетови/модри како точки/акни. Земав гел со силицијална тој зелениот на натура сиберика но немам никаков ефект. Не се како брумчиња да се груби на допир туку рамни со кожата и модри. Многу ме нервираат не знам што да и ставам како да ги решеам, барем пола да ги снема. Имате некаков предлог, нешто крема со антибиотик дали би помогнало, мислев да земам Канестен крема и реконазол шампон/крема. Тоа ми го имаат препишувано еднаш за грбот
Треба да го решиш проблемот од кој ти се појавуваат. Џабе креми, ќе се појават пак. Aкни на грбот и половината се резултат на твојот начин на живот или предизвикувач може да се хормони. Некои луѓе многу се потат во половината, па може да се од тоа. Ама можеш и хормони да провериш да видиш дали нешто е нарушено.
Јас, пред 3-4 години. Матичната тогаш ми ги препиша. Мене не ми помогнаа оти се испостави дека е хормонски проблем.
Ако се обични акни од пот, триење од облека, па дури и некои полесни акни што се јавуваат пред циклус, би требало да помогне. Јас го чистам грбот со Хлоракол, задоволна сум како ми делува. Меѓутоа, кога имав посериозен тип на акни воопшто не помагаше, не правеше никаква разлика дали ќе ставав или не.
Здраво. Имам 35години и 5-6 години мака мачам со акни на грб. Дерматолог рече после раѓање на дете ќе се среди се, точно беше, во бременоста немав ниедна акна, но еве година дена по породување побќвторно истиот проблем се јави. Циклус имам редовен и доилка сум моментално... Прашањето ми е, кои хормони треба да се испитаат во мојов случај...
Здраво Феминки, пишав и во друга тема за креми за лице, но еве ќе споделам и со вас тука, можеби ќе ви биде од корист. Сакам да го споделам со вас моето најново откритие кое буквално ми стана љубов. На инстаграм наидов на профилот self.love.station_macedonia, каде што се продава козметика од италијаснко потекло, со неколку сертификати за природна и органска козметика. Имаат и парфеми, накит и други производи, но јас до сега само козметиката им ја имам пробано. Цел живот се мачам со акни на лицето и имам пробано буквално се што сум видела и слушнала, па ајде си реков да му дадам шанса и на ова. Купив чистач за лице и крем за лице со слуз од полжав и витамини и лицето буквално преку ноќ почна да ми се чисти, за две недели видов резултати какви што не сум видела ни со креми и препарати кои ми ги препорачувал лекар. Е сега не знам, не сум имала проблеми со акни на грб, ама сигурно имаат некој препарат и за тоа, пишете им, многу се љубезни, се ќе ви објаснат. На мајка ми сега и купив дневен и ноќен крем против брчки со магарешко млеко, исто и она е презадоволна. Само имајте во предвид дека нарачки кон Италија пуштале еднаш месечно и може да чекате малку подолго додека да ви стигне производот кој сте го нарачале (2-3 недели). Топло ви ги препорачувам и баш сакам да слушнам искуства ако ги пробала и некоја друга од вас.
Од она што досега сум го препорачала на девојките од форумот би ги издвоила овие: 1. Др.Конопка зелениот крем за масна кожа кој е предобар хидратантен, а сепак ја нормализира кожата, 2. Новексперт крем со цинк 3. You & Oil линијата со масло од коноп за акни и масна кожа. Одбери еден од овие три во зависност од буџетот кој го имаш на располагање секако.
Јас по препорака од тука ги купив гелот со AHA/BHA киселина и спрејот со цинк од Белина, но за жал уште повеќе ме исфрли. Можеби само и било период на дополнително избивање. Но, потоа од Инстаграм ми излезе видео со борна вода (борна/борска киселина, ја има по аптеките) и за 4-5 дена ми се среди кожата за 90%. Морам да напоменам дека тоа беа обични неколку акни на рамената, предизвикани од стрес.
Имам флеки на грбот од акни, повремено сега знае да ми излезе по некоја но генерално немам веќе, ама нешто да ми предложите за флеките на грбот