Точно. Косата или миј ја наведната надолу или прво коса па тело. На Белина има линија една на Сиберика, зеленкаста боја се.. на тинеџерките во маало на сите им нарачував сире се задоволни. Ако не грешам тоник беше едниот, другиот производ беше за капење
Што највеќе ви помогнало за акниве? Мака мачам со години имам огромни акни, флеки, црнки. Пробано све од гелови. Совет некој? Ме срам да се облечам у купаќи/ маичка.
Да пробаш со клиндамицин лосион да се намачкаш? Јас од Леа го користам и за лице и за грб, брзо ми ги суши акните
Последниве недели се приметив дека ми излегле акни на грбот, ситни и многу, до сега никогаш сум немала. Нешто што би ми препорачале за да ги снема? Читав тој гелот за туширање, помага и да ги снема или само да не се појавуваат нови?
За месец дена правам свадба, а последниве 2 недели грбот ми се направи лом. Некој испробан и ефикасен лек?
Јас со ова го решив проблемот. И не само на акните на грбот-имав и на други места по телото. Неверојатно е тоа како, после само едно туширање со сапунов, ми ги снема 90% од акните, кожата стана мека и, онаму кај што имаше подлабоки акни, се чувствува посебна мекост некоја, како заштита што спречува понатамошен развој. Јас го купив 310 денари, онлајн, го има на повеќе места со различни цени, најчесто поскапи од она што го платив јас. Како и да е, си вреди!
Сакам да се заблагодарам кој и да беше што го препорача гелов за туширање, во комбинација со тоникот од истата линија успеа да се исчисти грбот на ќерка ми после фрлени пари и пари за секакви лосиони,тоници,кремови кои не дадоа резултат
Дали сте имале проблеми со акни на грб, на лице немам но грбот не ми се средува, мачкав лосион за акни, но тешко можам да погодам гел за туширање, ниеден не ми одговара, зедов и Еуцерин сапун не помага , по некое време пак се појавуваат, ова мие после бременоста ваква ми се направи кожата, дали има нешто шо стварно помага и каков гел да користам?
Ѕирни ги геловите за туширање спомнати малце погоре, зелениот од Натура Сиберика и тој со нијацинамид од АПЛБ. Вториов мене ми е топ, многу ми се допаѓа. А за тој од Натура Сиберика не се ни сомневам, целата зелена линија им е одлична за кожа склона кон акни и црнки.
Натура Сиберика во ДМ маркет или онлајн на сајтот на Белина. Другиов гел онлајн го нарачувам од coslovemetics.
Јас сум многу задоволна од АПЛБ гелот, но вака комбинирам: 1. Гел за туширање- цело тело: https://elloxy.mk/produkt/aplb-glutathione-niacinamide-body-wash-300ml/ 2. На сува кожа ставам спреј само на деловите со акни и флеки (кај мене грб и рамена): https://elloxy.mk/produkt/aplb-salicylic-acid-bha-arbutin-mist-essence-105ml/ 3. Откако ќе се исуши спрејот, на цело тело- лосион: https://elloxy.mk/produkt/aplb-glutathione-niacinamide-body-lotion-300ml/
Немам јас на грбот чат пат некоја акна ми излегува кога ги отстранувам влакната и секогаш ми поминува со Еуцерин сапунот. За акни многу е ефикасен а не ја суши кожата. Би требало да помогне за акни на грбот ама треба редовна употреба.
Од што се појавуваат баш таму, дали хормоните нешто влијаат или е некоја бактерија, дали е нешто од омекнувачот за алишта,не знам стварно.