Како помала имав акни на грбот, но како што растев со текот на времето сите се изгубија. Сега си се радувам што грбот сам по себе ми се исчисти. Фала богу! [човечештосекрсти]
И мене ми искачаа акни на грбот, и тоа само во летниот период ете ги се појавуваат. И сега имам али не толку. Ги мачкам со едни креми шо ти ја знам, колку толку се повлекуваат. Порано беа драстични, па дури бев и на козметичар, едно време ми се повлекоа, но тоа не му беше лекот Така да, ако пак се појави драстично ке одам на дерматолог. А ништо лошо и ти да отидеш за да он најдобро ти каже што ке ти помогне, сепак професијата му е таа
И мене ми излегуваат во лето, не само на грбот туку и на деколтето. Ама оваа година почнав уште на одмор да се чистам со Хлоракол лосионот и едно што малце ми се појавија, второ брзо поминаа. Е сега за ептен хронични акни не знам колку би помогнало, ама вреди да се проба. А за лице напротив, не ми ги суши тие неколку пред добивање што ми излегуваат.
Истиот проблем го имам и јас,и се одлучив да го порачам од Авон гелот за туширање против акни и дефинитивно делува, претходно имав пробано секакви препарати,одев и на третмани во Неуромедика и ништо грбот сеуште ми беше како минско поле ама затоа сега ми е чист а и флеките што ги имав почнуваат да се губат се појавува по некоја чат-пат ама тоа е поради мојата мрсна кожа.. Сепак вреди да се проба може ке ви помогне и на вас
Женски јас немам акни,но имам мали како мозолчиња и ептен ми сметаат ...Со што да се мачкам за да ми поминат? Јас си ставам бебешко пудро на бекутан,викаат демек од тоа поминувале,вие да не знаете некој друг лек?
Никако со бебешка пудра. Бебешката пудра е направена од талк прашок кој ги запушува порите. Ако се испотиш туширај се веднаш, често се појавуваат мали мозолки од бактерии.
Како до чисто лице? Девојки ве молам помогнете ми! Имам 15 години и ми се појавуваат акни на грбот и градите, како и во пределот на вратот.Пробав со секакви креми, но никако не ми поминува.Некој совет за да пробам со природни маски или слично.
Порано имав мозолчиња на грбот и бев на кожно и ми препиша некој раствор. Си го купив од аптека и мириса баааги на алкохол, но веднаш исчезнуваат. Сега и да ми се појави по некое, ќе го намачкам со растворот и веднаш другиот ден го нема
Јас порано немав акни, една-две можеле да се најдат де ама ништо страшно. А сега од пред еден месец нагло почнаа да ми се појавуваат. И тоа највеќе се концентрирани околу прерамките од градникот. Од што може да е ова? Вчера си порачав гел за туширање против акни од Авон ама којзнае колку ке биде ефективен. Некде низ форумот прочитав дека било добро да се премачка грбот со вода во која има растворена сол, оти солта ја сушела кожата а нели акните се појавуваат на мрсна. Вчера се премачкав со ваква вода ама ништо не забележав никаква промена денес. Колку време треба да се нанесува па да се појават резултатите?
јас пак имам др проблем.. акни како акни ке ми поминат но ми останува флека од скоро секоја акна на грбот црвенило имам (не толку интензивно) се додека не се исунчам мене не ми се чека до одмор, имам апсолвентска оваа година и сакам да го решам проблемот еднаш за секогаш help
Акните на грбот најчесто се појавуваат токму на тоа место околу градникот затоа што тука се потиме повеќе и на нечисто се прават тие .Затоа почесто менувај градник, и колку што можиш помалку носи , да бидеш што послободна , да не те стегаат прерамките исто и од маичките. И некаде низ форумов прочитав дека пилингот на Лилит многу помагал за акни на грбот
Уфф многу гадна работа ја до пред 2 години имав созвездие од акни на грбот и што се не шлапав на него за да исчезнат,де разни пилинзи,секакви креми за акни и какви се не чуда,се додека не си купив златен хлоракол и редовно си го чистев грбот и еднаш неделно пилнг си правам и од тогаш фала богу созвездието исчезна!!!
На грбот немам многу неколку се ама големи и многу ме болат ако ги стискам после флеки остануваат а сега така ги имам оставено сами од себе да си се излечат
Растворот го прават во аптека (Од Хигија фарм го зедов). Нема име бидејќи тоа е раствор со лекови кои ќе ти ги препиши докторката. Мене ми ставиле 3 лекови според тоа шо имаше напишано на рецептот докторката. Оди на кожен лекар и ќе ти препиши каков раствор треба да ти направат во аптека за да почниш да го користиш, а овој мојот многу ефикасно ми делуваше и сега да не се почудам немам акни на грбот Само можи по 1-2 да ми се појават на рацете ама ќе се намачкам со растворот и одма исчезнуваат А растворот беше околу 250-300 денари...
Мене на периоди ми се исфрла грбот.Во летно време скроз ми се исчистува,имам приметено дека сонцето многу ми прија,за разлика од повеќето кои повеќе се исфрлуваат од него. Повеќе ми се исфрла од џемпери вуна и такви работи. Ама му го најдов решението.Гелот за туширање од Авон. Не сум некој голем фан на Авон ама многу луѓе ми го препорачаа и си го купив и МНОГУ помага.Не само за грбот,него воопшто за акните на цело тело. Во комбинација со пилигот на Лилит,или па сега го користам од Lush-Buffy кој исто ми се покажа одличен, грбот сега ми е стакло.
Мене почна и пилингот на Лилит да не ми помага, па имав прочитано низ темата за лосионот против акни Хлоракол и случајно го видов во маркет и го купив. Ставив вечерта пред да спијам и уште утредента видов дека почнале да се сушат. Со редовна употреба (2 пати дневно) за неколку дена грбот ми се исчисти. Сега мачкам превентивно кога ќе ми текне. Го препорачувам лосионот .