И јас со години имам акни на грбот (повеќе на рамењата). Големи, црвени, ужас. Пробав бела пудра, колекцијата на Еурецин и што уште не, ништо не помага. Моментално го користан гелот Acne Stop Gel од Afrodita, и го чистам со Клиндацин, ама нема никаков ефект. Летно време од сончањето кога ќе се вратам од одмор ми се губат и после за месец-два повторно се појавуваат. Сега за матура, фустанчето ми е со гол грб и не знам што ќе правам така. Преку глава ми се веќе!
Клиндацин јас користев за лице и не сум кој знае колку задоволна си викам да се откажам од чоколада и такви благи работи многу тешка мисија ама мора да се проба. Само така ќе исчезнат тие проклети акни, а за матура пуштена косата и нема да се гледаат
Ти давам совет да одиш на кожен лекар, сигурно ќе ти препиши некој лосион или раствор за да ти поминат побрзо. Ќе се мачкаш редовно и ќе ти поминат, не се секирај
Жени само хлорофеникол е спас. Јас исто имав акни на грбот ама по 2 пати дневно мајка ми ми ставаше од хлорофениколот со памук бидејки јас сама неможам и ми се исчистија. Од зегин е некаде околу 130 денари +- 20 денари. Некои велат забранет бил за користење на кожата ама кога помага колку сака нека биде штетен. Доага лето не сакам да се шетам како милка со лешници на грбот
Подобра опција ти е Хлоракол, кога веќе си се решила да земеш лосионче од таков тип. Дермогалот е подобар за акничките на лице, нив убаво ги суши, а за оние на грбот е преслаб.
А зошто го нема Хлораколот на веб страната на Галафарм? Барав да ставам слика, ама не можев да го најдам. Мислев да не сум грешка, да не го произведува друга фирма, ама сега гледам на шишето пишува Галафарм.
Чудно, а за Дермогалот имаат објаснето бааги. Вака изгледа Дермогал, а Хлораколот е потполно ист, само со плаво на налепницата. Спојлер http://galafarm.tc.mk/shopping/dermogal-losion-za-chistenje-na-lice/p/3351 Инаку, заборавив да кажам - моите акни на грбот веќе ги нема, ептен ретко ми излегува по некоја кога сум во овулација пред да добијам, значи тип топ е среден грбот и пределот кај рамениците, ама ми останаа темни флекички и за жива глава не бледнеат. Чаре некое? Имам уште месец дена, барем малку да ми избледат за да не личам на далматинец. Користев лосион и крема кои ги нарачав од Атанас Пчеларски и помагаат навистина, дури лицето стакло ми стана (со исклучок на периодите пред да добијам, пак знае да ми се прошара, ама за 3-4 дена се враќа во нормала)
И јас користам лосион и крема од Атанас, кажи ми за колку време ти се исчисти лицето, по колку пати ставаше на ден и колку кутивчиња потроши?
Look, ти пишав ЛП. ^^^ Инаку мене лицето многу брзо ми се исчисти, веќе од третиот ден разликата беше очигледна. Нафрлани ми беа челото, делот под брадата - во главно цела Т-зона. Ама што знам, не беа некако хронични, опасни акни како оние кои ги имам на грбот, можеби затоа толку брзо ми се исчисти. За недела дена ми беше како ново. За лицето немам искористено ни цело кутивче, ама за грбот еве веќе 4та ќе порачам утре и ништо. Акните ги нема, чат пат се јавува по некоја и ја снемува за 2-3 дена, ама флеките ме мачат ужасно многу. Лосионот и маста си ги користам редовно секоја вечер, без разлика на тоа каква ми е состојбата на лицето (освен нели, ако ептен немам излезено акнички, па го одмарам). Сега не знам твојата ситуација каква е, ама бидејќи моето беше за малку, мачкав само еднаш навечер и наутро миев. Придржувај се до упатството, чинам пишуваше два пати на ден (наутро и навечер).
Па јас ги користам 3 недели одприлика. Иначе имам од поголемите акни на брадата и на вилицата се нафрлам, и имам приметено дека големите полека полека сплавнуваат, вајда им треба повеќе време оти се големи. И + ставам само навечер оти одсабајле неможам, станувам рано, одам на работа и неможам да се намачкам од кремата нели оти е многу мрсна. Имам уште пола и од двете па ќе видиме.
Се извинувам, во претходниот пост имав печатна грешка, значи ДЕРМОГАЛ Инаку, butterfly33 јас мислам дека поефикасен е Хлораколот
Лук, има лек Да не се однесуваше инаетливо и детски поради знаеш ти која тема и да го прочиташе мојот пост во оваа тема, ќе знаеше од што има ефект.
^^^Хаха очигледно е кој се однесува детски. Премногу смешно за твоите години да пишуваш вакви постови. Ова би го очекувала од девојче до максимум 15 годинки, за за твоиве е стварно жално. Ама знаеш како викаат:„Кога неможеш сам да си ги излечиш своите комплекси, почнуваш на други‘‘. Едит- почна овој гелов да дава резултати, па ќе видиме.