Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Акни на грбот

Дискусија во 'Тело' започната од milena-21, 25 ноември 2009.

  1. detelinkaa

    detelinkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2012
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    60
    Само да не се допираат со нокти, да не се гњави грбот. Мене ми се појавија пред две-три години, кога ги третирав и чачкав се множеа а кога ги оставив на раат поминаа и грбот ми се направи стакло.
    Така да НИШТО! Оставете ги и самите ќе поминат :)
     
    На Lovy1 и Angela12345 им се допаѓа ова.
  2. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Еден мал совет кој случајно го прочитав пред некое време и навистина е корисен.
    Доколку ставате регенератори, маски, восоци на косата- косата секогаш мијте ја одвоено од телото. Пр. прво измијте ја косата над лавабо или над када, па после измијте го телото.

    Ако ја миете косата и телото одеднаш, овие мрсни материи се сливаат во порите на грбот и ги затнуваат, бидејќи порите се отворени од топлата вода и маснотиите од овие сретства навлегуваат во нив.

    Со применување на оваа процедура, значително ќе го намалите проблемот со акните .... и да, не ги стискајте.
     
    На kajl и MandyLane им се допаѓа ова.
  3. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    гледам сите имаме акни.. некои на лице некои на грб! а решене!?? :)
     
  4. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    826
    Пол:
    Женски
    И јас имам на грбот и ужасно ме нервираат :fubar:
    Па утре ќе одам во аптека, ќе видам некој лосион.. :wasntme:
     
  5. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    И јас исто така имам многу акн на грбот а и постојано ги чепкам :$
    Не сум пробала ништо да ставам, ниту лосион или нешто слично ама дефинитивно ке престанам да ги чепкам :D
     
  6. ikss

    ikss Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2012
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    citam nekoi devojki piele ili sakale da pijat diane 35..ako sakate da si iscistite liceto i grbot no samo za 5-6 meseci a paralelno na toa razni nus posledici da vi se pojavat pa ne daj boze moze i so smrt da zavrsi slobodno pijte,vi kazuvam od iskustvo..znaci NI VO LUDILO pozdrav
     
  7. bastet

    bastet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2011
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    94
    Немам проблеми со акни, но случајно пред некое време читав и видов домашен третман за акни. Во превриена вода ставаш сол и потоа откако малку ке се излади, со таа вода топиш некој пешкир или слично и ставаш на местото каде што имаш акни. Колку подолго време држиш толку е подобро. Нормално се знае и дека во текот на летото кога одиш на одмор покрај море ти се чисти телото од солена вода. И препорачав на една другарка која од време на време има такви проблеми, и помага. Со среќа! :)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.014
    Пол:
    Женски
    Многу ретко 1/2 ако се појави.
     
  9. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Слушнав од една другарка она ќе одела на некој третман со солена вода, незнам како е точно, ама помагало. Мислам дека ми рече дека еден третман е 300 денари и дека трае пола саат. Не ме фаќајте за збор, не сум сигурна ама мислам дека така беше :)
     
  10. ang246

    ang246 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    145
    јас бев на кожно за нив и ми даде една маст ама беше малецко пакување 1000 денари и заборавав да се мачкам му помина рокот налет тоа требаше три месеци секој ден да се мачкам... ги оставив така не ги чепкав и ми загинаја ама сега пошто пијав апчиња поради здраствени проблеми пак ми се појавија си велам ќе загина не ги чепкам :D
     
  11. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    девојки и јас го имав истиот проблем само поради тоа што ги чепкав сега имам флеки и неможам да облечам блузичка со прерамки |( знаете ли некој лек против флеки ? :)
     
  12. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Јас имав акни на грбот и престанав да ја мијам косата заедно со телото. Си купив сапун еуцерин и го користев исклучиво за нега на грбот. Ми останаа флеки и ги мачкав со лала крем и скоро веќе ми се исчезнати.
     
  13. Imini

    Imini Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    27
    Еве ја мојата приказна.
    почнаа да ми се појавуваат пролетта, пред почетокот на летото. тоа беа ужасни акни, гнојни, големи и многу болеа.. јас голема грешка правев што ги стискав и колку ги стискав се повеќе и повеќе се појавуваа. летово неможев грбот на го покажам од срам целата бев црвена.. јас и од претходно имав многу црнки на грбот. ги стискав ама пак се појавуваа. сега до крајот на јули секоја можна црнка се претвори во акна така што сега немам црнки ниту акни амаа имам мноогу белези од акните.. целиот грб ми е со белези ужасно изгледа..
    Па ако знаете кажувајте чаре, како да избледнат барем малце белезиве оти ужасно изгледам.

    и една забелешка, последнава година цело време ја мијам косата одделно од телото, се наведнувам ја мијам косата па после влегувам во када и продолжувам со телото така што нема теоретски шанси црнките да се од тоа.
     
  14. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.004
    Допаѓања:
    81.343
    Пол:
    Женски
    Јас ова лето се соблеков на куси ракави после ... не знам колку години. :D
    Еве ќе кажам и тука дека ниту бројните дерматолози со хормонските терапии, ниту козметичките третмани не ми помогнаа толку колку што ми помогнаа лекарствата на билкарот Атанас Пчеларски. :)
    Можеби некоја од вас го знае, од Авто Команда е и често загледував некоја негова емисија на Телевизија Сонце. Не е битно тоа, има препарати за сè и сешто, почнувајќи од лосиони и креми за акни и кожни заболувања, па сè до третмани против опаѓање на косата.
    Сè е на природна база, мене проблемот од гнојните акни и флеките ми го реши Акнифин лосионот со алкохол и веќе можам да кажам дека флеките се повлечени 90%, на останатите 10% уште се работи на случајот, ама ќе ги снема за брзо.

    И морам да потенцирам дека воопшто не одеше лесно процесот, многу се досадни и акните и флеките и мене ми беа потребни 2 ипол години за да имам некои поголеми резултати, но сепак се работеше за стари флеки и мал милион акни кои ги имав уште од раните тинејџерски години.
    И цените се приступачни, мислам дека секој би си ги дозволил и што е најважно - поштенски се доставуваат насекаде низ Македонијава, не морате да се маткате до Скопје ако не сте во можност.
    Би му дошло нешто слично на Саше, но со многу, многу поскромни цени, а би рекла и поефикасни производи, барем што се однесува до моето искуство.
    Бројче не би оставила тука, не знам колку е според правилата, ама контактирајте ме слободно по ЛП. :)
     
    На kajl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Го имав истиот проблем. И кај се не отидов, што се не пробав и ништо. Ми рекоа да го искончам грбот и да се излупи кожата, но јас и тука мелер, џабе се сончав, се печев на сонцето ама грбот никако да ми изгори и да ми се излупи. На крај не знам ни самата каде прочитав дека компирот вади флеки, па си реков што се не пробав ќе го пробам и ова. (се ренда компирот и се остава да пушти вода. Па со таа вода мачкав по целиот грб). И забележав промени. Флеките почнаа да изчезнуваат. И сега веќе ептен ми се бледи што се надевам дека набргу воопшто ќе ги немам. Лекот некогаш не кошта ништо и е блиску до нас но кој да знае.
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    На лицето немам акни освен чат-пат некоја за време на мензис,ама грбот во последно време ми е полн. И тоа големи. Претпоставувам од лош материјал на облека или од косата. А,удел има тоа што цело време ги чепкам. Кожата ми е прилично сува. Па од денес ќе ставам маска од глина и ќе поминувам после со маслиново за да не ја пресушам кожата. Ако не правец на дерматолог.
     
  17. zaljubena18

    zaljubena18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2013
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    139

    и јас го имав истиот проблем но го решив..има во авон едно за флеки ко ролон е и многу е ефикасно
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.242
    Забележав кај мене дека овој проблем се јавува од регенератори и маски за коса. Имало вистина во ова. Јас го занемарував како факт, но се покажа дека е од тоа. Сега не ни помислувам косата да ми го допира грбот.
     
  19. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    2.079
    Девојки ај мала помош за овие досадните акни, едвај ги смирив на лицето па сега гледам ми се појавуваат и на грбот.. Ај сега летото ама ги имав и во зимата.
    Почнав да се туширам дури и 2 пати денот со Dove сапун мислејќи дека ми се јавуваат од потта, кремови/лосиони не ставам на грбот, косата ми е нон стоп фатена и ја мијам одделно од телото мислејќи случајно да не е од регенераторот или маската и пак нема резултат,што и да правам уште ги имам.
    Не знам од што можат да ми се појавуваат.. а заприметувам ми се прават и по неколку и на градите..
    некој поефикасен препарат за да ги излечам некако? :?:
     
  20. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Пробајте со сол и вода. Јас во тенџере ставив скоро цела голема лажица сол, измешав, потопив крпа и ја ставив на местото каде што имав (грб и раменици) да стои 10 минути и после измив со топла вода. Ова го повторив два пати неделава, и акните скоро и да ги нема. :dance: