го имам овај проблем околу 2 години.. немам никаде акни само на грбот пробав 1000 продукти верувајте .. ништо не помага малку ќе ми поминат и после уште повеќе ќе ми излезат, посебно сега во лето некогаш дури имам и големи болки од тоа .. сите страници на интернет ги имам превртено и све живо имам пробано
Девојки, имам акни на грбот, не се големи и гнојни но сепак не изгледаат убаво. Па ако знаете некоја крема било што да ми препорачате. Итно е!!
Јас имав голем проблем со акни на грбот. Поткожни, огромни и болни. Што се не пробав, џабе ми беше. Посебно многу ми се влошуваше состојбата во лето, можеби и поради тоа што ставав уље за сончање на грбот, пошо сум била глупа најверојатно. И почнав да користам Хлорамфеникол лосион секој ден и еве помина една година, мене грбот ми е стакло чист, една точка немам на него. А со лицето немам некој поголем проблем, ама од лосионов и тоа почна да се решава. Така да пробајте си, 110 денари е, ништо не губите.
Има во авон еден гел со салицинска киселина јас лично го користев за рамена и грб..кај мене е ефикасен (немав многу порано но и сеа знае по некое да ми се појави пред менструација ) а исто Хлорамфеникол лосионот што г спомена BlackMarket e доста ефикасен и од повеќе луѓе го имам слушнато, доста го фалат
Здраво Феминки, јас скоро и да се откажав од барање решенија но, сакам да чујам ако некој има вакво искуство.Проблемов ми се појави кога влегов во пубертет, тогаш прв пат ги забележав но, не беше ништо значајно ниту приметливо, а на лицето и до ден денес немам никаков проблем со акни освен по некоја за време циклус.Со текот на годините се зачестија и размножија..нормално дека се непријатни и несакани па се консултирав со медицински лица.Еве ги моите искуства: -прва консултација со државен дерматолог, констатира дека сум била наводно под стрес и сигурно ме насекирал дечко ми(дијагноза на 13 год хахах со мајка ми само дискретно се погледнавме и ја напуштивме ординацијата) -човек се обидува со што и да слушне па од кога чув дека во Виола аптека прават креми со антибиотик за третирање акни и тоа пробав но, многу мала промена -Здраве бугарската крема која ми ги заздравуваше раничките но, не ја спречуваше новата појава на акни -Ми препорачаа пилинзи со зеленава глина од Виталија...задоволна сум што ептен ми ја чистеше кожата од мрснотии но, секако не беше решение за се Имав уште неколку бабини деветини пробано и повторно решив да одмам на дерматолог, овој пат приватен Прво за добре дојде ме искараа што сум ги чепкала и разранила акните што беа во право но, многу ми е тешко да се контролирам особено ако некоја заболи или зачеша.Потоа ми рекоа дека треба да направиме анализи на крв со цел хормоните да ги провериме, да одам и на гинеколог за проверка на јајниците во врска со цисти, ме прашуваа прашања во врска со циклусот кој никогаш не ми бил нередовен и дали е можда генетски. По проверката на 12 хормони кои докторот сметаше дека се битни, која чинеше навистина многу се установи дека ми се во ред односно во границите на нормалата. По прегледот од гинеколог беше констатирано дека немам цисти или нешто друго што би било сомнително Е после ова снема медицински образложенија зашто тие би можеле да ми се појавуваат, ама сепак решија да ми ги третираат.Најпрво требаше да ги излечам со некои два раствори комбинирано, мачкајќи дома за да нема црвенила и иритирани места.Потоа следуваа третмани со ласер во плава боја(ректа го викаше докторката) и мачкање со крема Бореаде за да стимулира создавање нови клетки и да немам лузни.(ја барав по аптеки не се увезувала веќе 30мл=800ден.) По 5-6 третмани јас бев нов човек...Како да не беше мојата кожа целата мазна и без ниту една акна ..Ме советуваа да помине летото и да направам хемиски пилинг за трајни резултати на кој не се осмелив поради поделени мислења на докторите (сепак тоа е голема површина цел грб и рамења, не е дел од лицето) а секако и финансиите играа улога. По 8 месеци заврши мојата бајка...толку беше од решението со акните повторно се појавија...сега се изретчени но повторно ги имам повеќе од посакуваното.Секако имаше и совети да не конзумирам мрсно,благо,солено,млечни производи...се по претпоставка дека нешто од тоа ги стимулира тие акни...верувајте пробав и тоа да го регулирам но, ништо не се промени. Последно што пробувам е некој си мелем на билна база...немам многу верба ама ќе се обидам... Ве молам какво и да е вашето искуство споделете го со мене, затоа што почнав да се раководам според : Не слушај гаталец туку паталец!
@Doniana Не знам зошто е смешно мислењето на првиот дерматолог во врска со стресот. Тој еден од првите вистински причинители за акни и општо промени на телото.
До пред една година грбот ми беше чист ко солза, никогаш таму не се исфрлав, и одеднаш почнаа по 2-3 поткожни истовремено да се појавуваат, па црнките горе кај рамената како да се загнојуваа, и никако да ги исчистам. Се миев со сапун за акни од Докторс, и убаво со ракавица поминував на целиот грб ама ништо не ми помогна, а сега користам гел и тоник од Балеа со салицилна киселина и цинк. Но тоа што ми треба мене е ХИДРАТАНТНА КРЕМА која не е мрсна и тешка за да ја ставам на грбот после чистење (зошто гелот и тоникот ми ја сушат кожата, осеќам ко да ќе ми пукне, и ставам од бекутан хидратантно млеко ама мислам дека е мрсен бекутанот..) Ве молам за предлог за таква лесна, а навлажнувачка крема.
@CinnamonBambi земи некоја крема на база на алое вера имаш различни зависи од цената и јас го имам истиот проблем и да ти кажам периодично е. Еднаш имам еднаш не. Последно си прскав со спреј од авон за грб специјалното што е како тоник, а кремче ставам едно што не ми се погоди за лице со алое од балеа мислам дека беше
@bella24 Фала за предлогот за алое кремата, ќе побарам деновиве. Пак имам едно прашање, може е смешно ама не одам по козметичари па не знам - дали сте биле на пилинг/третман за чистење на црнки на грбот? Зошто од целата исфрлена површина на грбот, имам само 2-3 поткожни, а останатите ситни црвенила се како воспалени црнки. Дали може да се отиде тие да ми ги исчистат? (подобро тука да прашам него да се избацам во салон да им речам „ај истискајте ми ги црнките“ )
Да ми препорачате некој гел, сапун, било што ќе помогне за акните на грбот? Не можам да ги трпам веќе...
Појавата на акните е причина за некој внатрешен дисбаланс. За тоа да го елиминираш треба да внимаваш на начинот на исхрана.
Се хранам колку што можам поздраво, не сосема, ама навистина внимавам доволно, во такви години сум, мислам дека затоа излагаат, иначе порано имав многу, поминуваат, ама сакам скрос чист грб, сега ми излаеваат ретко, и некако имам по некоја црнка и флека, користам еден крем и помага, ама ми треба некој сапун, млеко, гел, било што би имало дејство. Ама пред се сапун и млеко, некој антибактериски сапун и млеко за смирување...
Ми иде да си заплачам на темава ... Мака мачам со години со мн. големи подкожни загноени акни..Прво искочи една,пубертет е си реков ќе помине..после неа уште многу.. И што е најтрагично им нема крај..Бев во амбулантата кај што се лечам јас на кожно,докторот кога ми ги виде ми рече:нема лек за овие,ми даде крема скинорен,некако таа крема како уште толку да ми ги зголеми..побарав упут за во Воена Болница,се надевам ќе има спас,мака ми е више и срце ме боли кога гледам девојчиња со кратки блузи,фустанчиња а на мене ми е срам ..Држете среќа ..
И јас долго го имам овој проблем, повеќето ми се ситни брунчиња и по некоја црнка, а често пред циклус ми се случува да ми излезе некоја голема болна поткожна пола со гној, како чир. Пред околу две недели почнав да користам 100% крем од алое вера и веќе има резултати. Почнаа да се чистат брунчињата, исто и на лицето, само не знам дали ќе ми помогне и за розевите флеки што ми се останати од оние што сум ги стискала.
Јас не го купив од Македонија, ама прашај во аптека би требало да има. Само кажи да е 100% алое вера.
Сепак сподели го името те молам, чисто да знам можеби за нарачување или да си го купам од друга земја (во Србија ќе одам наскоро, па ако има таму таков).
Не секогаш решението е во кремите. Доколку не смениш нешто во начинот на живот и исхрана, кремите нема да ви помогнат. Прво доколку стварно имате многу акни проверете си ги хормоните. Почнете со промени во исхраната. Јадете повеќе свежа храна, салати, овошје. Не јадете конзервирана храна, чипсови или хамбургери полни со кечап и мајонез. Пијте повеќе вода и чај. Избегнувајте газирани пијалоци и сокови. Стресот и нервозите исто допринесува за исфрлање на кожата. Повеќе движење или спорт помага за тоа да имате поубава кожа. Сето ова со комбинација на соодветна крема ќе доведе до резултат. И неочекувајте чудо за 1 недела. Посветете се на подобра исхрана и ќе видите подобрување. Користете поприродни производи. Зелената глина многу помага исто така.