@Biodevojka dali bi mozela da mi preporacas gel za tusiranje ili sapun(koj bi mi pomognal za sitni bruncinja na grbot), mleko ili losion koi ke bidat na prirodna baza. Cenata neka bide do 600den da napomenam kozata periodov mi e malku suva I imam crvenila na eden del od nozete predizvikano od depilator. BA's zatoa baram nesto sto ke mi ja smiruva kozata. Fala ti
Здраво драга, извини некако сум го пропуштила постов. За миење на телото доколку имаш чувствителна кожа земи го гелот на Гамарде за бањање за чувствителна кожа/ Чини околу 675 мкд (75 денари над твојот буџет) ама вреди. Ќе ти ја смири кожата. Поздрав.
Zdravo Mila7, bi mozela da go probas sindetot od Sebamed, okolu 250 denari e a moze da go koristis za celo lice I telo. Specijalno e namenet za akni I problematicna koza, dopolnitelno e so ph 5.5 vrednost koj ke ja namali pojavata na akni. Pozdrav
Vo Zegin gi ima, a mislam deka I vo DM marketi gi sretnav od skoro. Jas konkretno go koristev za lice no ima I antibakteriska pena koja se nanesuva na lice I telo I se izmiva posle 5 min. Taa mislam deka bese okolu 500 den ama godina vreme ja koristev.
@FarmaGirl mislis na gel, taka? Bas ke go probam. Pozdrav ) @Biodevojka dali mozes da mi kazes dali parafinskoto ulje koe se koristi posle depilacija za crvenilo, ima mn.stetni sostojki I dali ke I dojde dobro na kozata posle depilacija?
Драга парафинското масло или парафинум ликвидум е најлошото нешто што може да го намачкаш според мене. Станува збор за нафтен дериват кој нема никаква улога во негата на кожата. Јас лично не би користела воопшто, меѓутоа изборот и одлуката се твои. Поздрав. п.с. после депилација стави било кое растително масло како бадемово, маслиново, или друго кое имаш дома.
Здраво! Јас се извинувам не успеав на најдам тема за "габички по телото или габична инфекција", ако може на кратко да прашам: последениот период на грбот ми се појавија неколку мали кафеави габички, бев на кожен лекар (дерматолог) ми препиша да се прскам со Екалин http://www.jaka80.com.mk/proizvodi/item/1-lekovi-so-recept/23-ecalin, навистина делува ги снемува со само 2 пати прскање, но по некој подолг период повторно се појавуват истите и на исто место. Некој совет/препорака би ве замолил. Благодарам однапред!
Можеби не е за овде прашањето.. Имам проблем со големи црвени акни со гној на задникот обично ми излегуваат пред менструација и ми оставаат белези. Како да ги спречам? @Biodevojka ако знаеш како да ми помогнеш? Хигиена редовно одржувам. Ги мијам со сапун и ставам лосион но не ми помага.
Najprvo isfrli go sapunot od upotreba, upotrebuvaj samo gel za intima so pH 3.8 zatoa sto toa e vistinskata pH vrednost za taa regija. Isto taka pri sekoe tusiranje mackaj go zadnikot so nekoja krema so pH 5.5 za da se spreci rastenjeto I razmnozuvanjeto na aknata dokolku e vekje pojavena. So tek na vreme ke se namali nivnata pojava I ke iscezne. Nemoj da upotrebuvas organska kozmetika vo taa regija bidejki nema soodvetna pH vrednost I moze samo da ja vlosis sostojbata. Pozdrav
Problemot e sto ekalin pomaga za momentalno resavanje na problemot. Iskluci gi od upotreba sapunite, gelovite za tusiranje I losionite koi ne odgovaraat na tvojot tip na koza. Pocni so upotreba na medicinska kozmetika so soodvetna pH vrednost. Pozdrav
Zdravo @Biodevojka shto bi mi preporacala za akni na grbot isto i na ramena imam crveni akni so gnoj koj duri ne se stiskaat i se bolni na dopir ..
Прво и основно, избегнувај долна облека која ти е премногу стегната и која не е памучна. Јас приметив дека кога носам потесно боди и кога рамките од бодито или градникот ме стегаат, веднаш ми избиваат акни во тие делови од рамениците и грбот. Потоа следи ситуација со детергентите кои ги користиш за перење на алиштата. Некои од нив можеби се причина за создавање акни (мене било што од Персил ми прави ужасни акни, го исфрлив комплетно од употреба). Можеш за секој случај да провериш и хормони, да не случајно има некој дисбаланс помеѓу нив што ти е причинител на акните. Ова би требало да е задолжително, ако проблемот те мачи долго време и ако акните не се смируваат никако. Ти препорачувам да појдеш на дерматолог ако станува збор за акни кои се воспалени и болни на допир. Јас ептен пропатив од ваква напаст како тинејџерка, ми помогна само колекцијата Акнифин која ја нарачував од некој билкар ако не се лажам. Сè друго органско и неорганско што употребив не ми помогна.
Koga sum bila na lekar mi ima prepishano losion za cistenje i nekoja mast na koi ne se ni sejkavam zatoa shto nekolku pati sum bila i mi gi ima smenato ama pak nishto i od toa na odmor koga bev, dali od moreto ili sonceto mi se izgubija neznam nemav skoro ic ... no posle koga se vrativ za dva tri meseci ista prikazna...
Можеш превентивно да си нанесуваш маска од зелена глина. За да не ти ја суши кожата, не ја мешај со вода туку со маслиново масло или кокосово, плус можеш да додадеш и мед на пример. Многу помага и таа против акни, јас често си правам таков третман кога приметувам дека пак почнувам да се нафрлам.
Екалинот е антимикотик кој помага во лекување на габичната инфекција. За секоја габична инфекција се препорачува долготрајна, редовна повеќемесечна терапија, бидејќи се работи за особено отпорна микоза. Препорачливо е по 2 месеци редовна терапија со Екалин, да се направи пауза од 2 недели и да се продолжи со друг антимикотик на пр. Канестен. Секако дека благи гелови за туширање се препорачливи а не сапун, но тие не ја лекуваат инфекцијата. Биди само упорен и ќе ја излечиш габичката.
Dali go ima nekoj koristeno ovaj gel za tushiranje od Farmasi ? @Biodevojka ako znaesh da mi pomognesh?