Ситни брукички ми се појавуваат на дел од половината и малку на грбот но само во лето од сонцето. Дали има некој вакво искуство па да ми препорача маст или некоја крема која ќе ги намали?
Ги имам и јас акниве..Најверојатно наследно ги добив, а можно ми е и од јака крв.Шампон и сите тие препарати за коса-избегнувам да се во допир со грбот додека се туширам.Но, сепак си ги имам тие мозолчиња и ме чешкаат. Дајте кажете нешто од аптека да земам, грди ми се, а и ми пречат-сакам мазна кожа(ко и секој нормален).Предложете, па да се распрашав по аптекиве. Фала
Дали мислите дека акните и црнките на тело може да бидат од исхрана. јадам мрсна и штетна храна, грбот ми е преполн со црнки и акни, исто и предниот дел кај градите ми е преполн со црнки, а гледам дека дури и на стомак имам еден куп црнки. Не можам да се поднесам, ако знае некоја некој лек кажувајте.
Повремено знае да ми излезе некоја бубуличка на грбот, но последниов месец многу се исфрлив на рамената и од страните на грбот. Голем дел од нив се црнки што може да ги стиснам и да излезат, но има и поткожни од кои флеки ми остануваат. Со глина (сина ума) ги сушам локално, само на тоа место ставам, а се мијам и со антиакне сапун на Докторс, ама па тој сапун премногу ми ја суши кожата, толку затегната ми е после што мислам ќе пукне. Исто врз секоја ставам масло од чајно дрво кое многу ми помага со лицето кога ќе ми се исфрли, но еве гледам постојано нови се јавуват, се во истиот дел околу плешките. Ве молам предложете што да превземам, како да ги смирам а и исчистам флеките од претходните
Јас го бришам грбот со Леа лосион и ставам крема Сона каде има акни. Ми помагаат побрзо да созреат и да се повлечат. Најважно е акните да не се стегаат, тоа остава лузни.
И јас мака мачам со акни на грбот. Повремено ми се исфрла. Период ќе немам, потоа лом. Размислував што може да е, и морам да кажам дека јас не го мачкам воопшто со нешто хидратантно никогаш (лосион/масло). Можеби затоа толку ми се лачи маснотија. Па денес пробав и по туширање нанесов хидратантно масло на полувлажна кожа. Ќе правам вака некое време, барем после туширање, па да видиме што ќе се случи
Порано бев задоволна од Asso derm сапун. Антибактериски е, но не ја пресушува кожата. Сега гледам после многу време се исфрлив и на грбот и на деколтето, па ќе почнам пак да го користам.
Може ли некоја да ми помогне ,во сабота сум на матурска и ќе носам фустан со отворен грб. А мене грбот ми е цел со црнки и флеки. Што да направам колку толку да се изгубат.? И црнките ми се преголеми како со маркер да ме шарале на грбот. Хелп девојки
Neznam kaj da se obratam napraviv i nova grupa no nikoj da mi odg ne e za ruka prasanjevo no ke prasam nekoj dane znae problem imam so vlaknata na atomakot nesakam da gi depiliram oti povise ke se zgusnat nekoj dr predlog a ako ima tema dr kazete mi kaj da ja najdam fala
Извинете шо сум досадна на темава,ама стварно сум у очај.Прекинав да јадам и чоколади и кафе без шеќер пијам, конзумирам овошје, зеленчук, ама глава не можам да дигнам од акниве на грбот. И уште поголем проблем е шо имам ненормално многу флеки по грбот, а нит ги стискам акните нит нишо. Земав пилинг на афродита 400 ден го платив,не помага.Било кој совет ми е добредојден, ке заплачам од мака
Женски прво ставајте маска на косата и оставете ја да постои ,а за тоа време правете нешто друго во туш. Откако ќе ја исплакнете маската ставете си ја косата во турбан и измијте го телото. Никако ај додека ми стои маскава ќе го измијам телото затоа што како ја плакнете маската ви се лепи за тело и џабе сте користеле шампон. Пробајте,мене така ми се исчисти Многу често ја правиме оваа грешка.
А да си порачаш од фб микрон крема 125 мл околу 500 ден е јас ја имам и има ефект ги потсусушува и навечер ќе се намачакаш на чиста кожа дури и на лице можиш ако имаш и таму ги потсушува пробај види може ќе ти помогне