1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ако животот е игра, кои се правилата?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од awee, 3 февруари 2012.

  1. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Животот е најскапоцениот подарок кој сме го добиле некогаш...но некој го мразат својот живот а некој го сакат...некои пак мислат дека животот е игра која треба да се преживее,ако е така што мислите кои се правилата на таа така наречена "" ЖИВОТНА ИГРА""?! :)
     
  2. Kicky

    Kicky Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    74
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Правила не постојат! Животот е игра без правила и прописи!
    Понекогаш џабе ти се сите планови, факти и докази кога ти можеби си исклучок затоа Јади, радувај се, танцувај, бакнувај, уживај, патувај, простувај, сакај, и најважното оствари ги соништата!
    Се што имаш е твојот ум и твоето срце! Искористи ги најдобро што можеш!
     
    На karak, Cloee, srcekrsacka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    92
    Пол:
    Женски
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Животот е игра без правила и прописи!
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    ...рекоја овие деца
    [​IMG]
     
    На marijaz, srcekrsacka, anneyy и 2 други им се допаѓа ова.
  5. song

    song Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    46
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Цела листа правила :D
    *трпение
    *разбирање
    *молчење
    *итрост
    *по малку инает :D
    *мерка за се (граници)
    *љубов
    *хуманост
    *верба во господ!
    *дожд-за да се набилдаме со искуство :D

    и ред други работи ..
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Играј како знаеш и умееш, учи од другите, учи од сопствените и туѓите грешки - дозволено е СЕ само да се успее, само да се преживее...
    Без предавање...
    Изгубена битка не значи и изгубена војна...
    На бојното поле се е дозволено и СЕ Е МОЖНО! ;)
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Нема правила. :) И така секој гледа да успее, не ни е гајле многу за чувствата на другите, се почесто се користи она-целта ги оправдува средствата.
    За мене секогаш важи-Не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават.
     
  8. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Животот е игра без правила.Се е дозволено и се може да се случи.Треба да го правиме она што го сакаме и што не исполнува за еден ден да можеме да си кажеме дека сме го иживеале животот среќно без да зажалиме дека нешто сме пропуштиле во него или дека нешто што сме сакале не сме успеале да го реализираме. ;)
     
    На Cloee му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Ако животот е игра,кои се правилата?

    Од моја гледна точка:

    * Вера во Господ
    * Љубов
    *Смирение

    Со нив се се постигнува. Ако имаш љубов кон Оној кој не си го видел, а знаеш дека постои, ќе имаш љубов кон сите кои ги гледаш со телесните очи. Ќе бидеш добар, смирен, трпелив, ќе знаеш да благодариш и за она што го имаш и за она што го немаш, ќе наоѓаш решение за секоја ситуација.
    Вистински ќе знаеш да го живееш животот.
     
    На Lux му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Princess.S

    Princess.S Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    763
    Допаѓања:
    652
    Игра без правила. Или и да има едно правило би гласело: „Не играј по правилата“.
     
  11. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Без правила, КОЈ КАКО САКА, ТАКА СИ ГО ЖИВЕЕ! :)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Не би постоеле правилата, секој сам си ги поставува ама треба и да се придржува до нив.
    Не прави го она што не сакаш тебе да ти го прават.
    Тргај се од злото и прави добро.
    Десетте божји заповеди се животни правила и ако кон нив би се придржувал секој светов ќе ни цветаше.
    е вака ко цвет :f:
     
    На linija, Serafima и IvanaMkd им се допаѓа ова.
  13. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2012
    Пораки:
    4.184
    Допаѓања:
    3.051
    Нема правила, само од нас зависи понатака како ќе реагираме на ново настанатите слички, па и колку бргу ќе се адаптираме на нив.
    Кога силно го сакаме животот и тој ќе ни врати во иста мера.
    Доколку не се сакаме себеси и нашиот живот, неможе тоа да го очекуваме од другите.
    Позитивната мисла, трудот, надежта, сами по себе се доволни.
     
  14. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не ми се допаѓа насловот на темата.Значи животот во никој случај не е игра и со самото тоа нема правила.Живееме како што сакаме,одлучуваме што сакаме,понекогаш ни се случуваат некои работи иако не сакаме.Ако имаше некои познати правила,сите ќе игравме по нив и ќе имавме совршен живот.Не е во тоа поентата.И тагите,проблемите,дилемите,разочарувањата се дел од животот и без нив нема да биде животот тоа што е.
     
  15. linija

    linija Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    19
    Ние сме како риби во еден аквариум, друг одлучува за нас, а правилата.... тие се одамна поставени :tmi:
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    122.075
    Правила нема.
    Животот е игра каде секогаш има нови правила,каде старите некогаш не важат и каде некогаш нема правила :lol:
     
  17. Steff.Unique

    Steff.Unique Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    270
    Пол:
    Женски
    Животот е најскапоцениот подарок кој сме го добиле некогаш. Но, постојат правила по кои треба да играте. Ако животот го гледаме како еден вид на игра... тогаш ова се правилата кои треба да ги знаете:

    1. Ви подариле тело. Можете да го сакате или да го мразите, но ќе биде ваше целиот живот.
    2. Ќе учите лекции. Запишани сте во неофицијално училиште кое се вика Живот. Секојдневно имате прилика да учите одредена лекција. Може да ви се допаѓаат или да ги сметате за неважни и глупави.
    3. Не постојат грешки, постојат само лекции. Растењето е процес на пробување и грешки – експериментирање. Неуспешните експерименти се исто така дел од процесот, исто како и успешните.
    4. Лекцијата се повторува додека не се научи. Лекцијата ви се нуди во различни облици се додека не ја научите. Само кога ќе ја научите може да преминете на следната.
    5. Учењето никогаш не престанува. Не постои период од животот кој нема своја лекција. Ако сте живи, тоа значи дека се уште постојат лекции кои треба да ги научите.
    6. „Таму“ не е подобро од „овде“. Кога вашето „таму“ ќе постане ваше „овде“, тогаш едноставно ќе ви се појави некое друго „таму“ кое повторно ќе изгледа подобро од „овде“.
    7. Другите луѓе се огледало на вас самите. Не можете да сакате или мразите нешто кај другите личности, а да тоа не е нешто што го сакате или мразите кај себе си.
    8. Исклучиво од вас зависи каков живот ќе водите. Ги поседувате сите способности и особини кои вам ви се потребни. Од вас зависи како ќе ги употребите. Изборот е секогаш ваш.
    9. Решението е во вас. Одговорите на животните прашања лежат во вас. Се што треба да правите е да гледате, слушате и да верувате.
    10. Сето ова ќе го заборавите.
     
    На karak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. s.t.e.f.a.n.j.a

    s.t.e.f.a.n.j.a Нов член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    51
    точно така
     
  19. cveke123

    cveke123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    633
    Нема правила, животот може и да се каже дека не е игра! Тоа е патешествие! :|
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Според мене животот не е игра.
    А тоа начинот на кој што треба да се живее и работи, е: не прави го некому она што несакаш тебе да ти го прават.