ДА СЕ НАУЧАТ ПРАВИЛАТА МОЖЕБИ НЕ ВО ЦЕЛОСТ И ЌЕ МОЖЕ БАРЕМ ЕДНАШ ДА ИЗВИКАМЕ ДЕНЕС ЌЕ ИГРАМ ПО СВОЈТЕ ПРАВИЛА
Ако мојот живот е игра, јас ги одредувам правилата, а правилата се поставени да се почитуваат и да се прекршуваат
Правилата секој сам си ги одредува. Правилата во мојот и во нечиј живот не се исти. Кај некој друг можеби и нема правила. Јас досега имам 3 правила. 1. Заеби ги пред да те заебат. 2. Ќе бидеш среќен за инает на другите. 3. Тетоважа никогаш не се посветува на личност. И да, правилата доаѓаат со искуството, барем кај мене.
Ако е игра и ако постојат правила... тогаш правилата се да постапуваш ти како што сакаш . Тоа е најправилно
Правилата на животот се во трпението и борбата на самиот човек. Што повеќе се бориме, сме силни и без страв, со многу упорност во нештата што ги посакуваме за подобар живот и бидеме трпеливи кон нашите цели и ставови тоа повеќе успеваме и победуваме. Животот е еднаков на борба а од нас зависи дали ќе бидеме победници или губитници.
Правилата на животот се: ако несакаш да завршиш во лудница, не си ставај се на душа, на сите крајот им е ист. Нема победници,нема поразени...само поиздржливи ....
Нема правила во животот, а играта се состои од тоа да бидеш спремен и подготвен за сите изненадувања кои ќе ти ги приреди
Јас имам само едно правило: биди човек. Секој мора да се бори за себеси, ама не по цена на другите. Никогаш нема да згазам преку некого за да успеам. Не само професионално, туку и во меѓусебните односи. Искрена сум и повеќе од што треба, ама барем не сум наштетила некому, барем не намерно. Иако најчесто тоа не се цени, јас сум горда на себеси што си се држам до тој став.
Мислам дека правилото е баш како во Игрите на гладните: преживеј. И нормално, сите преживуваме, но сите си го правиме животот поубав или полош и сами сме виновни за правецот во кој ќе го водиме животот. Порано, добро се сеќавам, во повеќе книги беше прикажан како ние да сме патник па патуваме и се наоѓаме на раскрсница. Или како театарска претстава каде актерот излегува на сцена, ја глуми својата точка и потоа заминува од сцената. Така гледам и на животот, веројатно и потсвесно ради овие работи кои ги читав порано. Мислам дека секој човек е посебен и остава некаков белег и мислам дека би било прекрасно доколку сите си го направиме животот најубав и заминиме од сцената со насмевка на лицето и со задоволна публика (поколение).
Nema nikakvi pravila,sekoj igra kako sto saka,znae i umee,nekoj na krajot e covek a nekoj krvopiec,rabotata e sekoj kako se snajde,ili ke gazish se pred sebe,ili ke te gazat,edno mora zivot jebiga
Ако животот е игра, кои се правилата? Pravilata na sah. Pr: jas dve polinja napred, toj dve polinja nazad ili zavisi koja figura ja igra. Vo sekoj slucaj zaobikolime, nepriogaj strasno blisku da ne padnam vo iskusenie.
Животот е невидлива игра чии правила треба да се сетат по инстинкт. Човек треба константно да се преиспитува и провлекува солидни чекори. Повикај пријатели има, тоа се грешките на другите од нивното искуство кои и те како може да (ти) се најдат.
Прифати ја играта – Животот не доаѓа со упатство, но сите сме дел од него. Прифати го таков каков што е. Секој добива различни карти – Не сите почнуваме од истата стартна линија, но секој може да игра најдобро што може со тоа што го има. Правилата не се секогаш фер – Понекогаш животот делува неправеден, но важно е како реагираш, а не што ти се случува. Растеш преку искуства – Секое искуство е можност за учење, дури и грешките. Одлуките носат последици – Секој избор носи последици, било добри или лоши, и мора да ги прифатиме. Соработката е клучна – Никој не може да победи сам. Односите со луѓето се важен дел од играта. Не можеш да победиш ако не играш – Стравот од неуспех не смее да те спречи да се обидеш. Прави паузи – Како во секоја игра, понекогаш треба да земеш здив, да одмориш и да уживаш во моментот. Секој има своја патека – Споредбата со другите е бесмислена, секој има свој начин на игра. Крајот е неизбежен – но важен е патот – Сите ќе стигнеме до целта на оваа игра, но најважно е како сме играле додека сме биле тука.