Нова сум на форумов и можеби нема да се снајдам доволно добро но на дечко ми му е роденден за неколку дена,и ми треба некоја убава порака за роденден,ако знаете некои убави пораки пишете
Посакувам твојата убавина да трае вечно, затоа што ако знаат каква убавина носиш во себе, тогаш ќе знаат колку голем човек си ти! Среќен роденден ♥
Светот им прави пат само на оние кои знаат каде чекорат. Еден од нив биди и ти, нека светот ти ги отвори патиштата до сите твои желби и убавини. Човек е најсреќен кога му се исполнуваат желбите. Затоа од сè срце ти посакувам сите твои желби да ти се исполнат! Среќен роденден