Ако некој те удри по едниот образ, ти сврти му го другиот...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lolipop23, 28 мај 2010.

  1. Lolipop23

    Lolipop23 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    3.685
    Допаѓања:
    16.677
    Пол:
    Женски
    Ова е запишано во библијата, но не верувам дека денес постои човек кој го прифаќа. Прашањето ми е како враќате кога некој ви направи нешто лошо. Многупати во животот сум се нашла во таква ситуација да незнам како да изреагирам кога некој ќе ме повреди. Дали да собирам се во себе и да се правам дека ништо не било за оној другиот да почустсвува грижа на совеста или пак да вратам со иста мера и соодветно да си ги наплатам сметките. Тоа најчесто зависи и од човекот кој ме повредил, ако е некој од семејството се трудам се да заборавам и да не бидам злопамтило но ако е некој пријател на кого многупати му имам помогнато а тој ми вратил со лошо, е тогаш знам да бидам многу омаздољубива.
    Значи се водите ли според ова "АКО ТИ ГО УДРАТ ЛЕВИОТ ОБРАЗ,СВРТИ ГО И ДЕСНИОТ" или пак сте повеќе за онаа "ОКО ЗА ОКО, ЗАБ ЗА ЗАБ"???
     
  2. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.344
    Пол:
    Женски
    Мислам дека и двете варијанти се премногу екстремни, не можеш да дозволиш некој да те гази и малтретира ама не можеш ни вечито да се одмаздуваш. Човек треба да е флексибилен и да има добра моќ за проценка кога треба да попушти, а кога да се спротивстави. Јас лично не секогаш знам да проценам добро па така некогаш кога сум требала да се спротивставам и да нападнам, јас сум попуштила и после ми се вратило како бумеранг, ама човек учи цел живот.
     
    На okcenzi и sweet-star им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.140
    Пол:
    Женски
    Мислам дека денес не се води баш секој според изреката “ако некој те удри по десниот образ,ти сврти му го и левиот“,туку повеќето се водат според другата изрека “око за око,заб за заб“.Повеќе сакаат да вратат на тој што ги повредил,многу јасно зошто е тоа така,ги разбирам,меѓутоа ако почнеш со секого да ги расчистуваш сметките,ништо не правиш,само ќе се огорчуваш себе си и секој ќе знае каков си.Меѓутоа како се справувам јас со тоа,можам да кажам дека повеќе делува на мене,првата изрека,отколку втората,бидејки колку пати и да ме повредиле,едноставно не враќав,затоа што знаев и знам дека кога-тогаш ќе им се врати,во тоа сум сигурна,во животот се се враќа,се се плаќа.Сепак и не сум таков човек да враќам на некого, но нешто што имам приметено кај себе си,дали по автоматизам,незнам,ако некој ме повреди,знам одма да му вратам,до толку што едноставно ќе го ставам другиот во состојба од која ни самиот нема да знае да се снајде,но ова многу ретко ми се случува.Повеќе преферирам да не враќам на некој што ме повредил,затоа што знам дека со самото тоа,всушност прави да се нервирам,да се потресувам,па најчесто колку и да е болна повредата,гледам да останам ладнокрвна,ни најмалце да не обрнувам внимание,едноставно да игнорирам,правам едно делит.Целата работа е всушност во крадење на енергија,кога некој ќе те повреди,прави да се чуствуваш лошо и обратно,токму затоа ги игнорирам навредите,повредите,но нормално секој човек има граници,до каде и како треба да се однесува.
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.370
    Допаѓања:
    14.715
    Зависи. Ако не ме навредил многу (читај: ако г‘з ме боли за тоа што ми рекол), ја практикувам оваа изрека. Ама ако ме чепне онаму кај што ме боли.... искри и громови летаат! Не можам да трпам!
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Е ако ме нанервира тогаш тој ќе си го добие. Да не мисли некој дека можи да невредува и да си го одврзи јазикот, а ништо да не добија како возврат. Кога некој ќе ме нанервира тогаш има и тепачки и викотници. Ама за среќа не се може да ме нанервира. Секогаш сум си насмеана и најубаво ми е :rofl:

    :inlove:
     
  6. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    767
    Се си има своја граница. Многу пати попушам и се правам дека не забележувам некои работи како и дека не ме загрижуваат. Јас попуштам, попуштам..................попуштам...АМА ко ке ми пукне филмот лошо е...
    Мислам дека она око за око заб за заб е попаметно... Ако им попушташ на сите ќе те згазат... Едноставно некои луѓе како да се бесчувствителни и без срце...
     
  7. Maktub

    Maktub Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    1
    Znaci vaka..jas vo zivotot imam licnosti na koi sto im veruvam, gi pocituvam i me pocituvaat.Ima i onie za koi voopshto ne se zamaram, koi mi se poznanici i so koi imam samo zdravo i nekoj mal,nebiten muabet. U princip,ne vrakjam na losho. Dokolku nekoj od lugjeto koi gi sakam me povredi togash razgovaram so niv,im se lutam,se deram,vikam,piskam i sto ushte ne.Ako nekoj epten mnogu me povredil, e togash go brisham totalno od mojot zivot i raskinuvam sekakov kontakt so taa licnost.Ne mozam da vrakjam so ista mera, ne znam ama mozebi sum premnogu naivna,sepak veruvam deka izrekata "ako te nekoj udri po edniot obraz,ti svrti mu go drugiot" e podobra od onaa"oko za oko zab za zab",zashto e sepak pocovecna.Veruvam deka se sto se slucuva se slucuva so pricina i deka nekoi lugje sto me povredile ke me povredat ushte milion pati ako ne prekinam kontakti so niv.Da naglasam,samo vo ekstremni slucai prekinuvam kontakti,koga utvrdam deka doticnata licnost ne mi odgovara po karakter i ne mi misli dobro:)
     
  8. lolitaa

    lolitaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    77
    Не го вртам другиот образ затоа што нејќам да добијам ист удар :) ,а не сум ни око за око итн.,за лугето што ми значат правам се за да бидат задоволни-тоа што е во моја можност,ако некој не знае да цени тоа е негов проблем и хендикеп,ме повредиле многу пати сум го поминала тоа,сум прекинала контакт и тоа е тоа, не сум се одмаздувала,дури фала им што донекаде ми ги отвориле очите,а дека ми останало во памтење сигурно дека ќе остане,само не сум правела планови да се одмаздам или да вратам на таа особа,мислам дека има кој да им врати на тие луге,а ако не им врати нека им е со среќа :D
     
  9. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    531
    Нејќам да бидам злопамтило ама знам да вратам ако некој ме повредит или навредит. И најчесто тоа се луѓе кои ми се мешаат во животов а не го гледаат нивниот. Ги понижувам со збор па нека имаат малку грижа на совест. Ако некој ме навредит значи дека не му значам нешто многу во неговиот живот па можам во истиот момент со она што ќе ми паднит на памет на него исто и јас да го навредам така да сепак би ја зела ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ :D
     
  10. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    2.897
    Допаѓања:
    2.474
    Скоро секогаш го практикувам тоа им давам на луѓето нова шанса,нова,нова и нова
    Но како што кажа Хипи ако чепне кај што највеќе боли е тогаш не практикувам дали е некој близок некој кој го знам цел живот
    Така да нека не рчка каде што не му е место ;)
     
  11. katka-slatka

    katka-slatka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    42
    Еееееееее луѓе кога ќе ми текне еден летен ден беше,малку болникава,среќавам една другарка,сега веќе бивша,ама што ли се не ми накажа,се испокара,се испонаша како не знам што,јас во принцип не молчам,ама така ме погоди немав сила да стојам,а камоли да се карам. На крајот и реков фала ти за се. А уствари се јадев самата во себе,ама ништо не можев. Луѓе по два дена ми се јави да ми се извини,ама касно беше. Мене ако некој еднаш ме боцнал ме боли до крај.
    Иначе по често земам око за око заб за заб... :@
     
  12. peace23

    peace23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2010
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    jas koga sakam znam da sakam najmnogu,do krajnost ,znaci koga nekoj mi vleze pod koza se ke mu dadam...ama koga ednas ke mi zgresi i povredi go mrazam 3 pati poveke od toa sto sum go sakala.nema mnogu balans kaj mene.ne vrakam odma,ama pri prvata sansa sto ke mi se ukaze vrakam i toa te kako vrakam.zlopamtilo tesko sum,ne prostuvam ic i znam deka nekogas toa ne e dobro,ama ne mozam da dozvolam nekoj da me gazi koga jas sekogas sum imala najdobra namera. taka da ako saka nekoj vojna,ke ima i vojna.
     
  13. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    138
    обично кога ќе ме повреди некој или ме навреди или било што не реагирам многу едноставно она рандом ми е гајле и не се замарам.
    па ваљба за мене важи повеќе првиот цитат од библијата
     
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.343
    Пол:
    Женски
    Нема да дозволам некој да ме удри по образ, за да немам време да одлучам дали ќе му го свртам и другиот :lol:
    Ако некој ме повреди секако дека нема да останам рамнодушна и ќе си му го покажам местото
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.781
    Допаѓања:
    78.901
    Ако ме изигра,ако ме повреди,ако ме навреди,ако ме обрука и ми шири глупости,ако ми навреди семејство,ако ме омаловажи,нема образ да му свртам,туку има да отидам и да го прекршам од ќотек!
    За се останато сум добра и толерирам,а многу толерирам и иако директно не ме вклучува и не ме повредува,сепак знам да си се зајадам сама себе што и тоа го дозволувам и се правам наивна,ма да некогаш и за мене како личност е поврзано,ама знам да замолчам во име на пријателство,култура и нечие лошо расположение,ја проценувам ситуацијата,па реагирам...ретко утнувам,ама може да се случи едно во илјада.
    Не ме занимаат овие господови работи,колку и да се фини на моменти чисто за да си го приземјиш духот,собереш енергија и да се смириш...кога ме боли,ме боли бре,се бранам,не сакам да ме газат колку и да е христијански.
    Пишав на друга тема...секој ден доживувам мои пет минути,ама го чекам мојот пола саат...е тогаш...после мене потоп,во сите сфери и по сите теми...па дури и оваа.Има неколку личности на кои им го собирам оддамна,не се укажала прилика,особено една...Не шамар,со камата има боксови и клоци да пијат,секако ментални,не физички,не сум тепач,ма да...да не отварам уста и за тоа.Ако треба да се тепам и навистина ќе се тепам...не се евтини баш пластичните операции,мора човек да се брани.
    Според мене,вртењето на другиот образ е за .... мивки...или си борец или си мивка...трето нема...или па да не те занима животот воопшто па да ти е сеедно.Ма да...ако веќе решиш да го свртиш и другиот образ,не се жали потоа,истрпи машки,ете и тоа можда е храбар,не-мивка потег.
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    22
    Баш пред некој ден случајно се најдов во близина на еден многу читан човек и баш за тоа разговараше..
    Да,во библијата стои ако некој те удри по левиот образ,ти сврти го десниот,Господ ќе му врати на оној свет за тоа што ви го направил! Но,човекот прашува:КОј бил таму,видел,се вратил,па ние да знаеме дека Господ ќе му врати????
    Само во нашата православна вера ова стои како правило,додека кај муслиманите си важи она:Око за око,заб за заб! Што е и правилно ! Неможи мене некој да ме гази,а јас да си чутам. Е сега ако ми е некој близок кој се покајал...би свртила образ!
     
  17. Inna15

    Inna15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    јас давам давам и само давам...премногу давам, а многу малку добивам, да не речам, и воошто не добивам...Но секогаш во мене останува надеж, надеж дека утре ќе биде подобро, дека ќе бидам навистина задоволна, иако веќе одам кон тој пат...Многупати бев повредена и паѓав на дното, но научив дека тоа ме ојачало како личност...И до некаде сум среќна..Сега го сфаќам тоа, дека во секое зло има барем трошка добрина...
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.134
    Допаѓања:
    6.023
    Зависи од ударот, во никој случај не го вртам другиот образ иако сум побожна и верник, но едноставно такво време дојде што секој ќе те удира по образ ако секогаш го вртиш другиот..Само можам да вратам, зависи од ударот како што реков обично враќам дупло, вербално, стратешки телесно не, многу ми е ниско :)
     
  19. Fallin-ForHisSmile

    Fallin-ForHisSmile Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    178

    Токму така, иста сум и јас :D
     
  20. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    197
    зависи од ситуација, секогаш реагирам различно, но тоа што мислам дека ќе биде најдобро за мене и луѓето што ги сакам, тоа го правам... не сакам да повредам никого