1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ако некој те удри по едниот образ, ти сврти му го другиот...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lolipop23, 28 мај 2010.

  1. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Овде изгледа само јас сум будалата која го прави тоа. Ех, времиња беа. Кога девојката зависеше од мене, а пред тоа ме имаше сто пати испогазено, јас реков добро е, нема потреба да се одмаздувам, за отпосле да сфатам дека и го свртев другиот образ, онака левиот за да може со десна рака посилно да удри :D

    Не знам колку вреди, но од мој агол, не го врти другиот образ, ни па удирај. Направи го тоа што ќе те направи среќна. А некои луѓе едноставно не вредат за да си го трошиш времето со нив.
     
  2. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Око за око, заб за заб.

    Не ја гледам логиката во тоа да го свртам и другиот образ кога сум јас омаловажена или повредена.
    И зборувам само за мене, затоа што ми е доста од тоа да застанувам за други и јас да го окркам на крај. |(

    Избувлива сум, знам да толелирам, да преминам преку нешто ако не е толку сериозно, но во ниту еден случај не вртам друг образ за уште една шлаканица.
    Првата требала со својата сила да ме освести.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Да ви раскажам тазе пример.
    Денес имавме испит, и до мене седнува една девојка која учеше со мене во средно, иста генерација, и еднаш во 1ва година директно ми рече-Не знам, нешто не ми се допаѓаш... Јас ја прашувам-Како така?! Таа-епа ете, не знам, имаш некакво однесување, и прави фаци, и не знам што, јас се срамам... :| .
    А на 3та година, еднаш ги поздрави моите другарки, и после рече-дали ве поздравив ситее? Демек ти не постоиш за мене. А денес ме молеше да и помогнам, и ми се правеше ангел. Мене ни еднаш не ми дојде на памет барем да и кажам-знаеш што, и мене нешто не ми се допаѓаш, па подобро е сама да си ги напишаш прашањата, зарем не? Не... не ја гледав со омраза, и помагав колку што можев, дури професорот ме премести. А сега би сакала да се зближам со неа, само да видам дали уште го има истото мислење за мене, и зошто тогаш така мислеше, а да и се лутам-Не! Ама и да ми е бфф-не...
    Значи оставам се на Кармата. :)
     
    На Pelikuna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Порано можеби, ама сега, НИКОГАШ!
     
  5. Blumarine

    Blumarine Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    188
    Ако некој те удри по едниот образ, ти сврти му го и другиот, ама онака убаво да го опалиш, да му се превртат очите. :rofl:

    Жалам, не сум толку добра особа да дозволам некој да ме гази и да чекам Бог да му врати.
     
  6. lovely91

    lovely91 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.178
    Пол:
    Женски
    Никогаш повеќе, ако мене ме удри по едниот образ јас ке му вратам со иста мера на другиот негов образ ;) нема да дозволам некој да ме гази,не вреди на овој свет да бидеш добар и да попушташ,тоа нема да се врати со добро...
     
  7. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Не знам да вратам на други и тоа ми е една огромна мана. Колку и да ме имаат повредено, навредено оставам онака како што е никогаш не враќам, има друг кој да врати на мое место! И како што кажа погоре една членка еден ден ќе побараат и тие помош ама со какво лице и со грижа на совест! ;)
     
  8. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    85
    Ако има љубов ке се истрпи, ако некој ти направи зло врати му со добро со тоа ке му нанесеш жар на главата!
    Ако вракате со иста мера не сте ништо подобри од тој што ви направил зло.
     
  9. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    Се трудам да не враќам, животот сам враќа сакале или не сакале така е.
     
  10. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Луге сме сите бар некогаш свесно или несвесно сме згрешиле и сакале да ни вратат,но и ние самите себеси СИТЕ сме сакале несвесно да вратиме некому,настрана тоа дека може некој да се праи светец и да каже нема да му вратам.Епа ако ме повреди премногу нема да размислувам двапати туку веднаш ке ја смислувам стратегијата.Нема да дозволам на некоја неизживеана будала да си го тера животот како сака и да ме гази како ке му текне.За негова жал ке бидам срекна ама затоа и на друг начин ке му вратам.Се си има свои граници.Не сакам да се занимава со мене и да гледа како да ми го загорчи животот,нека си го гледа својот.
     
    На Rock-a-Fella му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    ОКО ЗА ОКО ЗАБ ЗА ЗАБ :devil:
    Се разбира ако ми се пружи шанса да вратам со истата мера враќам ако не и со полошо.Не настојувам по секоја цена ама ако ми се пружи шанса враќам.Во меѓувреме трпеливо си чекам за мојата шанса и злопамтило сум.Ако не ми се пружи шанса пак оставам на кармата :rofl: Таа дупло наплаќа.
     
  12. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Ако бидам искрена-се трудам да не враќам. Незнам зошто, но таква сум, било тоа да е правилно или не. Толерантна сум и тоа многу, посебно кон блиски личности кои ми значат. Секако имало и моменти кога чашата се прели, не сум можела да издржам и сум избувнала. И јас си имам такви моменти, но ретки се.
     
  13. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Многу сум осветољубива, злопамтило.
    Враќам кога некој ќе ме повреди, не толерирам!
     
  14. Sm.real

    Sm.real Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    64
    Не да не се согласувам со ова "Ако некој те удри по едниот образ,ти сврти му го другиот..."
    Во ова време е така што ако го свртиш и другиот образ прва прилика ќе те докрајчат! ]:)

    пс:не се лоши времињата туку луѓето.
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    злопамтило сум.. секој што ќе ме повреди ќе му вратам со иста мера, кад тад ..
    не умирам додека не му се одмаздам на секој што ме повредим! ХА! :devil:
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Карма ис а бич!!
    Се водам според добрата стара „Око за око, заб за заб“, чекам прилика и враќам дупло! Навистина, ако некој ме повреди физички, психички небитно како, му враќам! е се осветувам за без везе, не земам во предвид глупости, ама кога враќам-вратено е!
    Но, како што си кажав: карма ис а бич! ако не вратам јас, оставам на неа! ]:)
     
  17. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Во принцип сум страшно одмаздољубиво суштество ,кога - тогаш моето ќе стапи на сила.
    Ама тогаш ,е некка ми ја мисли оној кој ме удрил по едниот образ.
    Јас образи имам два и само еден ќе ме боли ,ама тој/таа има една глава и таа ќе му биде симната од рамена!
     
  18. MissCupcake

    MissCupcake Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    263
    Најчесто враќам со збор, и не вреѓам нешто туку едноставно в лице ѝ ги кажувам работите какви што се и личноста испаднува мизерна. Не сакам да се спуштам на ниво со некои идиоти и не ми се расправа ѝ кажувам на личноста тоа што го мислам, дали нејзе ја гризе совеста или не, не ме интересира јас важно си кажав што мислам,а ако толку е како камен и зборовите не допреле до неа, уште еден факт зошто е навистина злобна,а и жална.
    А и не за џабе викаат: Не се расправај со идиот, прво ќе те спушти на негово ниво,а после ќе те победи со искуство. :D
     
  19. Bloom

    Bloom Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    40
    Не, не вртам образ, вртам вратчиња. :D

    Не дозволувам да ме газат, да ме омаложуваат, да ме повредуваат. Еднаш да ме удрат ми е доволно да се освестам какви луѓе се - ако еднаш те мавнат, ќе те мавнат и втор пат. Трет пат идат на нешто друго, не на образ.
    Памти, па врати. Толерантна сум, не сум избувлива, така што оставам некое време да помине по ударот. Тогаш кога коцките ќе си се наместат - карма, е тогаш стапувам јас. Враќам и тоа убаво.
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Евангелската :) , да.

    На луѓето направи му го она што сакаш да ти го прават и тие тебе.

    На лошото, врати им со добро.

    Така ќе си помогнеш себе си за твојата душа и смирение, а на другиот кој ти направил лошо, ќе му дадеш голема поука дека секогаш доброто победува.

    Ако би ја разгледале другата страна и она вистински што сакаат да кажат овие зборови, тоа е нашето смирение. Колку ние сме спремни на лошото да не враќаме, а најмногу колку сме подготвени да простиме!
    Смирението е доблест за која е потребно многу време и искушенија за да се стекне. Не е ни малку едноставно, не е ни малку лесно да се постигне.
    Кога човек е смирен и му се случи нешто лошто, тој не обвинува никој, туку само себеси. Во другите луѓе го гледа Бог и не смее ни една лоша помисла да помисли. Ќе се прекори самиот дека тоа му се случува по негова вина и иако не е воопшто виновен ќе го оправда другиот, ќе му помогне, само другиот човек да не се чувствува лошо.

    Покрај многубројните примери би го зела примерот од житието на Св. Серафим Саровски.
    Кога заминал во планината да живее осаменички живот, некои луѓе си помислиле дека монахов има многу пари. Еден ден влегле во ќелијата (колибата) каде што живеел и толку го претепале, што немал и повеќе здив. Воопшто не се спротиставил или замавнал, туку само молчел.
    Откако го направиле злочинот и кога виделе со што се храни (со бајат леб од пред еден месец, со корење од растенија и листови), а најмногу дека нема ни една паричка, заминале. По извесно време ги фатиле и ги затвориле.
    А оваа света душа која толку била смирена, скромна и простила за се, само што се исправил на нозе заминал во полиција и ги ослободил луѓето дури и им платил за да излезат од затвор.
    Така тие луѓе се покајале и повторно пристапиле кон Црквата од каде што и заминале. Се исповедале, Причестиле и станале најголеми верници.
    Колку се големи делата на смирението и љубовта :) .

    Убаво е напишано во посланието на Св. Апостол Павле.

    ....Против такви (дела) нема закон (не постои)...

    Простете, но моите очи секоја работа ја гледаат од призмата на верата :angel: .
     
    На Valentina.Vaki му/ѝ се допаѓа ова.