1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ако некој те удри по едниот образ, ти сврти му го другиот...

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lolipop23, 28 мај 2010.

  1. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.354
    Допаѓања:
    8.477
    Ќе му го свртиш и другиот образ да те шлакне и?И се повеќе ќе се привикнува да те повредува.
    Јас сум за она 'Око за око,заб за заб',ама да не бидам груба преферирам да кажам 'Како ти со мене,така јас со тебе' :D
     
    На angelche16 и sweet-star им се допаѓа ова.
  2. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.445
    Допаѓања:
    8.467
    Јас пак оваа библиска порака никако не можам да ја дефинирам како толеранција и одобрување кон злото, повредата, навредата и сл. Напротив. Дури и молчењето пред одредени лоши работи претставува одобрување на истото, а тоа воопшто не е во христијански дух.

    „Ако некој те удри по едниот образ, ти заврти му го и другиот“. Значи, ако доживееш удар, неправда, несреќа било од пријател, роднина, институција, од самиот живот, биди подготвен дека нема со тоа да се заврши, туку можеби ќе следат уште поголеми и поболни удари за тебе, пострашни од оној првиот. Зошто злото никогаш не доаѓа само еднаш. Значи злото не го предизвикуваме и не го молиме да ни се случи, ама кога ќе дојде го прифаќаме како противник, па затоа мораме за наше добро да бидеме физички, психички и морално подготвени. Само подготвен и смирен човек може смело да им пристапи на предизвиците, без оглед за кој сегмент од животот се работи. А ако не сме се подготвиле да го свртиме и „другиот образ“, бидејќи не сме очекувале и друг удар, а тој удар се случи, тогаш стануваме очајни, фрустрирани, озлобени, цел свет ни е крив, ние сме жртвите.. А од ова ништо конструктивно не може да се создаде, ни кон самите себе, ни кон другите, ни кон решавање на проблемот (злото).

    Затоа навежбајте го „другиот образ“, оценете, проценете, вооружете се и тргнете во животна борба.. :!:
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Да, ако некој ме удри не мислам кој е тој туку само мавам и јас како не ќе им чутам јас онде.
     
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.142
    Допаѓања:
    76.546
    Пол:
    Женски
    Да, така е запишано. Сум ги читала житијата на Светиите, сите (речиси сите) биле брутално мачени и мирно го прифаќале тоа. Баш така, го вртеле и другиот образ покажувајќи колку се издржливи.

    Не враќам никако. Оставам на Бог. Покажувам трпеливост а во тоа е силата. Никој не може да ме гази толку колку што јас можам на тоа да се насмевнам и да издржам.
     
  5. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Одмаздата е една од најнегативните работи, не носи ништо добро, набива гнев и ја труе душата.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5 и Aleksandra9999 им се допаѓа ова.