Не сите набројани ме иритираат константно, ама ќе ги пишам. Николас Кејџ (мутав) Џулиен Мур (кога е во некоја психопатска улога) Алек Болдвин (фаца глупава, стара и дебела) Рис Витерспун (антипатична) Тери Хачер, Фелисити Хoфман и Марша Крос (грди ми се ) Џенифер Анистон и Сара Џесика Паркер (овие имаат шарм, ама на лик се антипатични и понекогаш тоа ме вади од такт) Порано го мразев Крис Рок, откако ја изгледав Everybody hates Chris, не го мразам веќе Ештон Кучер (поради Келсо дебилот) Мила Кунис (изгледа арогантно) Камерон Дијаз (кога ја гледам како помлада, во Маска баш ми е убавка и не ме нервира, ама понатаму у кариерата...)
Amy Adams - толку е исфрорсирана во последно секој втор нов излезен филм е со неа, изгледа има јаки спонзори The Rock (не знам како му е правото име) - не ја разбирам фамата околу него и зошто човеков е во филмската индустрија наместо да биде телохранител негде, има таква мрчаторска фаца
Nicolas Cage Не можам да го поднесам. Ни лик, а гласот кога ќе му го слушнам Tara Summers Ме нервира со англискиот акцент Rhona Mitra Многу ми е вештачка и нападна angelina jolie Антипатична ми е Brad Pitt - истото како и за Џоли Tom Cruise Супер глуми и се ама ме нервира како појава. Мислам дека се доста.
J.Lo - i kako akterka i kako pejacka... Ima i Razzie mislam dobieno, ne me nervira tolku glumata ili peenjeto kolku ona i nejzinoto odnesuvanje, vrishti so diva odnesuvanje i ego.
Pryanka Chopra Ako ste gledale Quantico ili Baywatch ke vidite kolku e ocanja i ne znae da glumi ocaj znaci.Sekad glumi nekoja seksipilna uloga i samo toa.Premnogu se trudi i zatoa izgleda tolku ocajno Emma Roberts sekade glumi ligava bogataska drska i bezibrazna takava e i vo private life.Site ulogi gi ima dobieno blahodarenie na teta Julia
Николас Кејџ дефинитивно во водство и мене ми е мутава фаца. Како мала мислев дека е Никола Скејџ. Исто и Џон Траволта не можам да го поднесувам. За него пак мислев дека е Џонтра Волта. Оние комедијантите Адам Сендлер, Бен Стилер и сличните ниту ми се смешни ниту симпатични. Бен Афлек префорсиран. Од жените Камерон Дијаз премногу окезена ми е. За други не ми текнува.
Не најдов тема погодена... Ја ставиле Kristen Stewart да ја глуми принцезата Дијана Спојлер http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/кристен-стјуарт-ќе-ја-глуми-принцезата-дијана-во-нов-филм Изборот едноставно не ми прави смисла? Па оваа освен во Самрак во ништо друго не привлече внимание, последно знам во Charlie's angels била, уште еден филм кој никој не го гледаше.
Убав филм кој го имам гледано со неа е Equals. Ни мене не ми е ништо посебно и воопшто не ми одговара со улогата на принцезата Дајана. Едноставно стилот на Кристен е далеку различен од оној на Дајана, а да не зборуваме за акцентот. Како супер опција би била Alicia Vikander, префинета е и одлично глуми. Кристен пак, во секоја улога ми е бледа, без емоции, константно незадоволна. Дури мислам дека немам видено слика од неа кај што е насмеана. :/
Долга е листата, прашање е кој не ме нервира... Ама ај ќе ги извдојам најантипатични кои ми се.. Megan Fox Не глеам филмови кај шо глуми, ич не ја бива за глума, едино убава е и толку, преценета. Анџелина Џоли, уште една во низата на преценети актерки. Само оваа не ми е ни убава, ни ништо. Значи, очајно глуми, о ч а ј н о, се пренамага нешо, премногу фејкерски ми изгледа. Ах, тука е и онаа од Twillight... Кај ја најдоа не знам, толку да не знае да глуми некој, ау страшно. Дури овие 2 горе према неа се подобри 100 пати. Kristen Stewart.. Brad Pitt Порано некако можев да го сварам ама последниве години И Ч. Заедно со Џоли ми се ептен на врвот на преценети актери. Кај што може секаде да ги има, не оставаат простор за други. Може глумата не му е толку лоша ко шо едноставно ми е одбивен.. Cameron Diaz Само у 1-2 филма ми се има допаднато, иначе ич не ми се допаѓа као глуми. Emma Watson Нема посебна причина едноставно не ми е пријатна за гледање. Ryan Gosling Мутава фаца, глупи филмови и глупи улоги. А, видам дека глуми он знам дека филмот не го бива за ништо.
Zac Efron, вечно ги избегнувам филмовите во кои глуми, иако еден имам гледано, the lucky one. Едноставно иритантен ми е и не ми се допаѓа како појава. Jennifer Lawrence, кога се смее ми изгледа многу неприродно и не ми се допаѓа.
Мене ме иритира Гослинг, а едно време колку го форсираа. Вештачка фама. Појќе за музичар, креативец го бидува него ли за глума. Сите филмој кај шо глуми ми ги прај досадни.
Кристен има добри улоги, само што тие филмови немаа комерцијален успех ко Twilight и Charlie's Angels. Мене баш ме интересира како ќе се снајде во оваа улога. Пабло не направи грешка со Натали Портман ко Џеки Кенеди, така да одвај чекам да ја видам и Кристен ко Дајана.
Даниела Руа,Озѓе Ѓурел,Елчин Сангу,Бурак Озчивит,Грент Гастин,Елен Пејџ,Роберт Де Ниро,Џенифер Гарнер,Ариел Винтер...
Леле за Анџелина мислев дека само јас го мислам тоа. Многу вештачка глума, нема природност, како е стигната до оскар А меган фокс имаш приметено дека глуми во love the way you lie од ријана и еминем?