Па ако е некој номиниран за Глобус или за Оскар не мора да значи дека тоа е мерило на квалитет. Скарлет Јохансон - дефинитивно. Сум спомнала повеќе пати. Девојкава има една фаца за се. Таа не глуми, таа Е во филмовите. Присутна, и толку. Не знам кој што гледа во неа, но јас за некој да ме маѓепса со својата глума треба да направи нешто повеќе. Минимум основното - да знае да смени фаца. А потоа и да ме трогне со својата глума. Кај Скарлет дури ни изгледот не ме трогнува - ама тоа бидејќи не сум машко.
Онаа козата од Твајлат. Леле ко и фрлиле магија и цело време фацата и е скаменета, не ја мени никако. Тажно збунета фаца. Толку. Јас тврдам дека сум подобра глумица од неа, како и 90% од тука на форумов. Ми е мака што прави толкави пари и е славна а нема ниту талент, ниту шарм, ниту убавина...ништо Од машкиве Чарли Шин. Органски не го можам. Ме иритира максимално. Не ми е воопшто интересен И овој од погоре Вилсон. Го прават најголем шмекер, згоден фраер, а овој грд...па и научил една фаца (баш оваа од сликата) и мисли дека сите паѓаме во несвест
Џенифер Лопез, Скарлет Јохансон (ау колку ме нервира фацата без никакви емоции). Има уште многу, ама ај да не набројувам. Ау да, ме нервира Мег Рајан. Не знам ни сама зошто, ама самата нејзина појава ми е лигава. Од оние добри актери, со признанија и се’... ме нервира Том Хенкс. Не можам да гледам филм со него, па колку сака нека е добар. Ме нервира гласот, нонстоп е подзамижан, ме нервира. Кога ќе го видам на филм ми доаѓа да викам run Forest run!!!!! Во тие филмови кај што е млад не ме нервира, ама многу лошо остаре Леле леле Џон Траволта. Требаше да остане на филмовите од младоста. И во нив ми е одбивен, ама овој остаре уште полошо од Хенкс
Јеп. Одвратна е, не само ради антиталентот, општо ко појава ми е напувана и so overrated. Оваа од питите. У Американ Бјути топ беше, шо се разлигави ко порасна не знам.
И мене ме нервираа таа, а богами и тој од Твајлајт, појма неам како се викаат. Исто така една фаца што многу ме нервира е Стив Карел. Вештачки ми делува некако, поготово насмевката. Има глумено во Bruce Almighty, Dinner for schmucks, The office ...
Megan Fox што има убаво во неа до ден денес не сфаќам Вил Фарел, Борат, Адам Сендлер е овие ми се трио фантастико и од стилот, ние сме смешни уствари не сме ама ај да се глупираме Цела дружина Твајлајт, новиве имбецилни глумци на Дизни со посебен акцент на Зек Ефрон. Тоби Мекгвајер, ме плаши типот ко манијак ми е. Скарлет Јохансон, и даваат ненормално добри улоги ама таа не глуми. Како што кажа некој само е тука.
Lucy Punch не можам да ја поднесам. Оној Зак Ефрон исто, сите оние Мајли Сајруз и компанија. Орландо Блум и Мел Гибсон, тие незнам зашто ама од секогаш ме иритирале, како појава. Ен Хатавеј, можда не е лоша како глумица и мила фаца има ама кога ќе се окези коњ не и е рамен!
Russell Brand - Ако воопшто може да се нарече актер. Ни го бива за глумење, ни има некоја харизма, шарм, било што. Одвратен ми е.
Колку само ме нервираа.. Секој филм му е ист. Ја киднапираат женската и он ги претепува сите пошто е најјак ја спасува и хепи енд. Ко Чак Норис да е Е многуу ми е антипатичен.
^Ахахахаххахахха абе закон е Стивен Јас не ја можам Ен Хетвеј леле колку ме иритира не ја можам! Причина нема, ете така, за никаде ми е Принцес Миа лилаа и тие Дизни шит
Леле а мене овај Роберт Патисон најмногу ме нервира,си мисли којзнај колку е убав,а мене ми е одвратен.И со толку со тие Твајлајт,мене ми е ептен глуп филмот.