Jim Carrey и Tom Hanks. Ни сама не можам да објаснам зошто. Ама ете така, како појава не можам да ги гледам. Имам изгледано по 2 филма со двајцата. И мислам дека тоа ми е максимумот.
Уф,долга ќе биде листата и однапред знам дека ќе заборавам некој/а па нека ми простат,ќе ги наведам друг пат. Најпрвин само да кажам дека филмовите со Шварценегер,Ван Дам,Сталоне,Џеки Чен,Чак Норис,Сигал ми се во категорија неприфатливи под ниеден услов.Значи за нив нема дискусија. Мислам дека предводник ќе биде Николас Кејџ,а и Киану Ривс е тука некаде.Вил Смит,Ештон Качер,Роберт Патисон,Ричард Гир ме нервира,но не повеќе од Том Крус,Орландо Блум.. Од жениве Рис Витерспун,Џесика Бил ,Џулија Робертс,Кеира Најтли,Натали Портман,Кирстен Стјуарт,Скарлет Јохансон,Кејт Хадсон (за малку ќе ја заборавев ) и Меган Фокс.И Сара Мишел Гелер...и уште некој има сигурно
По грдо и преценето створење, нема на светов. Сум кажала и друг пат некаде по темите дека ме иритира и дека ми е опасно грд. Него, гледам Бен Стилер ве иритира? Мене ми е баш океј, пред 2-3 дена гледав добра комедија со него, незнам како се викаше филмот, со една баба што нејќеше да се сели од нивната куќа Други незнам кои ме иритираат, можеби Џоли дека и таа е преценета, мразам преценети створења.
анџелина џоли у секој филм се она демек е херој алоооооооо бре женско ќе тепа машко,ај еден ама сите ли?претеризам
Еве ја мојата најнеомилена актерка...ужасно ме иритира ...Првпат ја гледав во Моделс.инк....дали дека ликот што го глумеше(Сара некоја си) не го можев... не знам, ама кога и да гледам било кој филм со неа ужасно ме нервира и грда ми е
Можеби се добри глумци/глумици ама јас неможам да им ги поднесам гласовите, од петната жила ме иритираат. Benicio Del Toro Jennifer Tilly Rosie Perez и најиритирачкиот глас ever Fran Dreshner
Како бре луѓе Адам Сандлер и Џим Кери во иритираат? Незначи дека ако во филмот се глупираат се такви и во приватен живот. Али ај, вкус е. Мене не ме иритира човеков, али многу го качија во облаци со неговата ценета улога на вампир. Што видоа убаво во него? Движеќа снегулка!
Џесика Алба,Анџелина Џоли,Камерон Диаз,Џулија Робертс од жените,а Бред Пит,Ештон Качер од мажите .Едноставно секој филм со овие актери го менувам на телевизија.