1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Активен кислород и термална вода

Дискусија во 'Лице' започната од bubac, 12 ноември 2013.

  1. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Не видов ваква тема, затоа ја отворив, доколку е дуплирана, средувајте ;)
    Што мислите девојки, што е подобро за лицето, од аспект на одржување на хидратација, заштита од акни, против акни ...
    Ги имам и обете користено, не сум забележала драстична разлика, со цените варираат , тука така се.
    Ги имав овие 2, термални води има повеќе но сум се одлучила за авене, а кислородот ми го понуди аптекарката само овој
    Дали имате користено вие,
    Искуства ?
     

    Прикачени фајлови:

  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Овие се едни од производите чие постоење не го разбирам односно го разбирам како лажење на жени. Не е се на светов корисно,а едно од тие работи се овие измишљотини ко термални води и активен кислород.

    Па оди бре купи обична минерална вода, додади и некој суплемент ако веќе толку се лажете со вакви глупости.
    Активен кислород? Врска нема! Освен ако не пиете, повторувам ПИЕТЕ озонирана вода (тоа е активен кислород, чисто информативно), друго и да не разбирам. Па подобро купете озонер за вода и средете си го животот засекогаш. Има работи кои подобро ги примаме од надвор, но не и ваквите глупости. A се останато се случува од внатре, колку сакате шприцајте се и мачкајте.
    Сите дерматолози викаат кожата да се брише после миење зошто се оштетува и суши, овие измислиле термална вода што се упива строго со тапкање. И шприцајте се ве молам зиме пред да излегувате надвор, да кристализирате цели да ја оштетите кожата засекогаш.

    Се поминало на тест за токсичност, може воопшто не е штетно, ама колку е реално функцонално? Нула!
     
    На slavica999 и Mishela им се допаѓа ова.
  3. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Не е нула во никој случај!
    За џабе ни јас не би ги користела доколку не сум чула/ видела нешто позитивно во нив.
    А почнав да ги користам по препорака на дерматолог, која што и самата ја користеше термалната на Авен.

    Пример 1: Лани летоска во грција ме касна оса, се прснав со термалнава веднаш се изгуби и црвенилото и отокот, додека па братот не сака вакви козметички препарати, а воедно и не е алергичен на убоди од инсекти му отече, му стоеше 2 дена отокот како топче, го прснав за 2 часа му се изгуби.

    Пример 2: Имам братучеда 36 годишна се прска 2/3 години со активниот кислород тој што е на сликата, лицето и е преодржано во хидратација и нема повеќе ни едно мозолче.

    Пример 3: Ми се појавија акни пред 6 месеци користев 300 чуда, испитав и хормони , се прскам веќе 4 дена со кислородот ми се намалуваат акните оние што беа поголемки, а ситните и тие што беа во почетна фаза се изгубија.

    Јас сум за што поприроден изглед, не ставам пудра освен за вечерно излегување, што значи не сакам да се кристализирам кога излегувам од дома.
    Форумов сепак е за откривање на нови и споделување на искуста од веќе постоечките производи што си ги користат сите членки на форумов.
     
    На Slafka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Онда јас си го давам правото да ви ја препорачам озонираната вода (патем КИСЛОРОД како што сакаат да го подметнат, оваа озонираната има плус еден атом на кислород) и пијте ја, не само да се шприцате, ќе ги видите бенефитите. Фино лепо едно озонерче, сите ќе можете по дома да ја користите.
    Сепак ќе ти кажам, термалната вода не ти е ништо поинаку од минерална вода (еве да речеме да има некој друг додаток во неа,иако сама по себе содржи нели минерали, плус некој антиалерген во неа, јас затоа што имам проблем со алергија на сонце, цело лето на плажа бев со обична минерална, првиот ден бев во ужасна состојба, со отоци, значи, да не претерам, ама чувството е да сакате да си ја искорнете кожата, вториот ден од чиста случајност со минерална се измив, ми помина со благо пецкање и продолжив со тоа темпо,само издобив три лоратадина на пола литро, мака не видов).
    Состојба на нечија кожа е предодредена од генетика, од начин на исхрана, суплемети и хормони.
    Верувај дека сите вакви измишљотини не се ништо добро и не се ништо вредно. Се само една убаво спакувана комерцијална глупост и не се ништо подобро и поинакво од горенаведеното мое. Немаат никаква реална оправданост,а ви ги црпи парите од џеб. Мислам ако немате проблем со истото, јас па ич.
    Знаеш како оди процесот на комерцијализација?
    Еј ќе направиме вода за на лице, жениве се луди за свежо и хидрирано лице и онака произведуваме вода која е глупо скапа. Дали е токсично?Апсолутно не! Дали штети? Апсолутно не! Дали има подобрување? Мх 20 на 80. Како се викаме? Евијан. Опааа... бренд! Дај да му опнеме 10 евра цена... сите среќни и задоволни.
    Ама една друга логика ќе ти објаснам сега. Односот на луѓето према производите кои ги плаќаат поскапо. Секогаш поскапите производи имаат тенденција да ги користат порелигиозно, а додека се останато, како им текне. Затоа, поскапите производи даваат *резултати* и забележуваме *разлика*. Е тука е најголемата измама.

    Обиди се со друга минерална вода и ќе видиш што ти зборувам.
    И претпазливо во зимски период, еден час пред излегување надвор никакво шприцкање.
     
    На Jordanovska-K и bubac им се допаѓа ова.
  5. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Озониранава вода ја имаше во зегин мислам така беше ?
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Не знам дали ја има готова, не верувам, затоа што има кус рок на траење (ни еден ден цел) и се чува во стакло, ама и да има, сепак подобра варијанта ти е да си купите озонер и дома да си ја спремате. Мислам спремате, тоа ти е апарат цел, нема философија во употребата.
    Ако некогаш се одлучите за таков чекор ќе ви објаснат како се подготвува и како да ја пиете.
    Изгуглај нешто околу неа и види ги примерите со овошјето и зеленчукот. Од овената марула, отстоена во оваа вода, изгледа како штотуку скината. Муабетот ми е, ако ја шприцаш на лице, би требало истото да го прави со кожата. Ова во спрејот не е ништо друго сем озонирана вода со кој знае што во неа, не верувам дека е чиста, ако е нели ќе можеш и да ја испиеш, прашај ја аптекарката, секако ќе ти рече дека не може да се пие.
    Ознаката на озонот е О3, така што ова спрејчево горе, не е ништо друго освен озонирана вода, со кој знае што во неа, бидејќи како што кажав, озонираната вода има рок на траење покус од еден ден.
     
    На okcenzi и bubac им се допаѓа ова.
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Лилит, а каде од прилика може да се купи таков апарат и колку чини вака ако знаеш...
     
    На Monnaid му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Моите го земаа преку некого, американски е, можам да ти дадам контакт . Околу 500 евра е. А има и на Цептер како што знам и има уште едни Нутри Вита, чичко ми тој го земале, околу 200 евра е.
    Разликите не им ги знам, ефектот го знам.
    Мајка ми и цвеќиња си вади, се чисти со сода бикарбона и оцет,а пребришува со озонирана вода. Миеме овошје и зеленчук, заплакнуваме садови, од се по нешто му се наоѓа примена.
    Ова не е озонер/јонизатор на воздух само, туку и на вода. Најмногу до 1 литар се пие на ден и не се пие секој ден или постојано, според потреба и проблем.
    На почеток ако имате воспалителни процеси и бактерии ќе ви се подслошува, па и ќе ве подзаболува по нешто, ама откако ќе ве среди супер сте.

    Каде и да го купите, убаво да се распрашате за примената, би требало убаво да ви кажат, затоа што е сериозна ствар.

    Жени златни, еликсир на младоста нема, да знаете. Не се лажете со комерцијални глупости, ама сериозно, ајде да не го кажувам она добро познатото - плаќате бренд и не само тоа, најранлива група се токму жените кои се насочени со изгледот или имаат некое искуство кое ги натерало да бидат многу внесени во тоа. Да не навлегувам во комерцијалниот дел и однесувањето на потрошувачите во ваков случај,сосема нова тема е, ама знаете, не е севте да изреагирам по темиве за козметика, зошто сакам да ја бркам вистината и реалноста. Тоа што треба да се случи ќе се случи, ако сакате прскајте и пот од еднорог, фејслифтинг, ботокс и не знам веќе што не бегаат после тоа...
    Како ќе си се негувате од внатре, тоа ќе гледате од надвор. Од надвор може да негувате само некоја иритација или воспалителен процес со посебен успех, се останатото што е минимум се постигнува и со пет пари да знаете.
    Еве девојкава што кажа на братучетка и од активниот кислород и се средиле мозолчињата. Можда не биле условени од хормони, надворешно возможно е со ова да се средат (и пак ќе речам, кој знае таа вода што друго содржи во себе за да го одржува озонот) затоа што делува антибактериски и смирува воспаленија. Ама ако имате проблем од хормонска природа, тешко дека нешто може да помогне, освен да ги смирува и да не се прави поголем проблем, нови мозолки секогаш ќе има.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    уф 500 евра се и тоа како многу
    ама за лепота што нема жената да направи
     
  10. bubac

    bubac Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2013
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    1.865
    Пол:
    Женски
    Претерано е 500 евра мислам стварно,нема смисла
    Некогаш боже здравје можеби, но сега, нема никаква можност ни шанса да би ги лупнала
     
  11. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.890
    Пол:
    Женски
    500 евра ОМГ :o Со е скапо скапо е.. :worried:
     
  12. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.127
    Пол:
    Женски
    Активен кислород имам користено и користам (порано почесто), и ми беше полезен за кожата на лицето- по свежа е, особено затоа што навечер не ставам крем за лице- па кислородот ми е замена. Се изненадив кога ме болеше грло- немав таблетки за грло во мене и се прснав 2-3 пати во 30 минути и значително ми ги олесни симптомите- па поминав без таблети. Исто така се прска на кожа по агресивни третмани на кожа- депилација или епилација и многу брзо го смалува црвенилото- особено предизвикано од ласерки третмани. Не е дека прави не знам какви чуда ... но го препорачувам.

    За водата од Авен, пријателка ја користеше во комбинација со крем за лице- но и се лупеше лицето, папрестана да ги користи двете. Јас ја немам пробано
     
    На bubac му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.711
    Допаѓања:
    150.494
    Па озонеров не е за лепота. Тоа ми беше поентата, дека спремни сме да дадеме за глупости секој месец пари, но не и да инвестираме во нешто вакво. 10 евра е едно шише евијан, ако го купувате нон стоп, направете рачун за колку време еве ќе дадете 200 евра за него,а сте го прскале само на лице,а со 200 евра цел озонер и со таа вода за се ќе можете да ја користите повеќе членови во семејството.
    Ви набројав за се што може да се користи.
    Озонираната вода ја уништува секоја патогена бактерија во организмот и воопшто во околината.
    Јас го препорачав пред се за здравје,а вие после ако сакате и лице мијте со водата.
     
    На do-re-mi, mims-89 и Hipster им се допаѓа ова.
  14. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    Мене ми помогна активниот кислород за акните и општо кожата ми е помека и црвенилото ми се намалува. Верувам дека има ефект и за еластичноста на кожата. Само немам од кого да нарачам од Србија, па затоа некое време не користам. Не ми се плаќа дупло кај нас за ист производ.
     
  15. blessed.an

    blessed.an Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2016
    Пораки:
    2.582
    Допаѓања:
    12.057
    Пол:
    Женски
    Искрено јас од активниот кислород немав никакив ефекет..Ниту црвенило намали ниту акни суши ништо само помека ми беше кожата..Го користев месец ипол видов нема ефект и го баталив
     
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    ova leto citav dosta komentari okolu ovie proizvodi i mi se cini deka termalnata voda e povejke koristena
     
  17. sofija014

    sofija014 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2013
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    3.799
    Како се користи активен кислород? На измиено лице да прснам на памукче и да го поминам лицето или да напрскам директно ? И дали смее да дојде во допир со очи, уста?
     
  18. tamche995

    tamche995 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2015
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    2.572
    Пол:
    Женски
    Искуство со термалната вода на Avene? Фала.
     
  19. Mary77

    Mary77 Активен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2019
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    девојкии, активен кислород? може ли некоја да ми каже нешто повеќе околу начинот на употреба, дејството, каде можам да најдам и сл...
     
  20. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.713
    Допаѓања:
    5.035
    Пол:
    Женски
    Гледам доста девојки го користат активниот кислород, па ме интересира која е главната состојка? Прогуглав нешто и ми излезе дека е paracetic acid, што е всушност за дезинфекција и може да ги иритира очите и кожата. Можеби сум грешка, па затоа прашувам :)
     
    На dayla и pdb123 им се допаѓа ова.