1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Активности за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од IRBBB, 31 јули 2022.

  1. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    @IRBBB Еј на овие нашиве тенџерињата тепсиите лајците и јадење ќе ни прават :rofl:
     
    На Razvigorec и IRBBB им се допаѓа ова.
  2. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Ете мама @LiquidLuna има многу убава идеја за тие круговите. Штом ги сака ќе тргни по нив да ги одлепи. Бидејќи твојата женска е поголема, можеш да ги залепиш на повисоко ниво, тамам ќе ја стимулираш да оди и да ги одлепува.
    За да не фаворизира одредени играчки, мислам дека треба да ѝ ги собереш сите и секој ден да ѝ даваш по 2 нови, помалку омилени. Кога ќе нема избор, ќе игра со тоа што е на располагање. Не може да имаме којзнае колкави очекувања од нив, сепак се многу мали за да задржат концентрација повеќе време, па затоа и брзо им се здосадуваат играчките. Ама колку повеќе им нудиме истовремено, толку се постимулирани и побрзо губат интерес.
    Не знам колкаво е твоето бебче, може да вежбате пинцета, да и наредиш штипки за алишта на ѕидови од пластичен сад, да "заробиш" омилени играчки во сад измотан со конец или ластици, да скриеш играчки во фолија за да ги отвора, собирање во сад на поситни играчки (со надзор), во чашки за урина можеш да истуриш леќа, грав, киноа, хељда (по твој избор). Секој сад ќе има различна боја и ќе создава различен звук при мрдање, многу убава сензорни стимулација е.

    @Oneo мама Мартин е спремен за да тренира кошарка. Златен. :l:
    Од кај ви е тоа столчето со прегради? За шо му е намената?
    Ќе ти биде тешко сликиве да ги постираш и тука? Малку да ја размрдаме темата. :sun:
    Деновиве ќе му ги извадам топчињата на Јован, ќе ја пробаме вашата игра. Ако го бива ќе ви излезиме на баскет еден на еден. :D

    Маж ми вика нека се научи да си готви и можи да се оддели од нас, сам да живеј. :D
    Убо би ни дошла некоја манџичка, ама за почеток задоволна ќе бидам едно кафе да знае да ми направи. :coffee:
     
    На minne992 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Исто мислам дека е добра идеја ако се залепат и на различна висина, пониско повисоко, да се активираат малку мрзливите газови :rofl:
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.
  4. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Моето газе ако го смрзи и не му фаќа умот кенка да му го дајш. Ако не му дајш, си најдува нова занимација шо не бара активирање на газето. :rofl:
     
    На Knizhevnik11, LiquidLuna и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  5. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Епа така де, будала да не е да се замара за една играчка кога ги имаат 200 на дофат на рака :rofl:
    Мојава се кара со играчките ако не може да ги фати, им се дере намуртена целата (facepalm)
     
    На Frosty!, nevermet18 и IRBBB им се допаѓа ова.
  6. Razvigorec

    Razvigorec Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2021
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    3.158
    Пол:
    Женски
    Откако почна да лази (читај повеќе се влече од што лази ) омилена атракција и е наоѓање предмети. Ќе ја седнам на земја ќе и ја покажам омилената играчка и ќе и ја покријам со тетра или со некое мало и лесно кутиче за да може да го тргне. Го "кријам" подалеку од неа да оди да го дофати. На почеток и го ставав поблиску и се повеќе и го оддалечував. Ако изгубеше интерес јас ќе го откриев и ќе се радував дека сум го нашла па пак ќе го покриев да ја разбере поентата. Сега е мастер :rofl: и местам повеќе низ соба и бркам работа низ дома. Ја фалам за секој пронајдок викам се смеам и она со мене :party:
     
    На Speechless, Калатеа, nevermet18 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    Еве некои идеи од мене за бебенца што почнуваат да седат.
    Првото е пластелин во кеса.
    3815393D-5198-468E-B72C-0B96E9855AF4.jpeg 25D96722-A8F8-4D8E-86EA-E19D7EDC67D7.jpeg 2D628F63-410A-4C69-92B1-FDCAD51716C1.jpeg
     
    На joy1, CareTee, Speechless и 7 други им се допаѓа ова.
  8. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Јас најново му ставам бонбончиња во коритото заедно со други играчки и едно по едно ги вади сите играчки додека не останат само бонбончињата. :D
    За во бањање му ставам во коритото едно капаче и го брка со рачињата како рипче. :D
    Друго најчесто заедно правиме отвори затвори на некои кутивчиња, шишиња итн.
     
    На Калатеа му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Другарки, дајте идеа што да направам интересно за бебе 8+ што сака да се исправа. Значи се пентари по мене цело време ама сакам на некој начин да и направам услови да се пентари на друго место притоа забавно.

    Не можам веќе да глумам скали за качување искрено кажано. Едно кафе немам испиено, на глава ми е качена буквално:whew:
     
  10. Mucika

    Mucika Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    2.860
    Допаѓања:
    4.622
    Перничиња стави на земја. Едно врз друго, едно до друго, со простор измеѓу. Еве некои слики примери. Јас ги вадам од троседот големи ми се и ги ставам ама може било какви обични од спална.
    Или пиклеров триаголник ако ти се трошат пари. Има и даски за искачување, компатибилни делови со него. Ама тоа може и понатака сега може да и помине мерак на перниците. :D
     

    Прикачени фајлови:

    На Speechless, Jordanovska-K, LazaLaza и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.946
    Пол:
    Женски
    На иста мака сум! Фала за идеите за перници :party:
    Инаку случајно кај баба и дедо кога бевме имаше табуретка ниска леле детето се обеси на неа а мене ме остави на раат :rofl: Чисто како идеа нас што ни успеа.

    А тој пиклеров триаголник сигурен е за толку мали бебиња што не се уште проодени? Некако страв ми е да не си ја лупне главата пробувајќи да се качи.:?:
     
    На IRBBB и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  12. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Да си ја позајмиш табуретката! :lol:
     
    На Speechless му/ѝ се допаѓа ова.
  13. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Предвиден е за од 6 месечна возраст. Безбедно... ништо не е безбедно со ѕверчињава наши :wasntme:
     
    На Knizhevnik11, Autumn Love и LiquidLuna им се допаѓа ова.
  14. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Да споделам искуство за пиклеровиот триаголник. Нашиот е од тоа baby hut некако беа потпишани. Има една страна со јаже, други две се како скалички. Моето по цел ден се пентери по него, уште од пред да прооди. Ја мислев дека не е безбедно ама до сега не е паднал никако, кога сум до него е послободен и се пушта, се потпира на тоа дека јас ќе го задржам, али почесто го оставам сам, јас си бркам работа, се качува, се симнува и нема гајле. Некогаш и најгоре му закачувам некоја играчка и се пружа по неа.
     
    На Oneo, Autumn Love, IRBBB и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Viki2021

    Viki2021 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2022
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    403
    Пол:
    Женски
    Montessori at home ima grupa na fb i bas e interesna, ima mnooogu dobri idei za igri, aktivnosti...
     
    На nevermet18 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LiquidLuna

    LiquidLuna Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2021
    Пораки:
    4.903
    Допаѓања:
    20.118
    Пол:
    Женски
    Препорачувам активност за бебе 8++:

    Ставете нешто шушкаво под нешто тешко ( во мојот случај колекција на книги ) и беба да пробува да го извади.
    Мене ми е ставено малку повисоко со цел да ја поттикнам да се исправува бидејќи е апла загреана за станување 8-|
     
    На Калатеа, IRBBB и nevermet18 им се допаѓа ова.
  17. unearthlysarah

    unearthlysarah Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2021
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    5.341
    Пол:
    Женски
  18. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Апдејт за Пиклеровиот триаголник од Kids Hut. Јас сум крајно разочарана. Користен вкупно 2 месеци, и тоа повремено, а една од прачките (скаличките) веќе е скршена. Уште тогаш се познаваше некоја пукнатина, ама си викав ај може сум грешка. Не верувам дека дете од 10 кг може да направи толкава штета, со искачување да го искрши.
     
  19. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.291
    Допаѓања:
    33.573
    Пол:
    Женски
    Катастрофа. Јас би им пишала. :swear:
    Мене дури сега ми одговорија на пораката од пред 2 месеци. И подобро.
     
    На LiquidLuna и nevermet18 им се допаѓа ова.
  20. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.227
    Допаѓања:
    13.199
    Пол:
    Женски
    Им пишав, рекоа ќе виделе што можат да направат. Тропки ќе направат. |(

    Инаку еве ви една идеја за активности. Дедо донел неколку гајбички лешници и ореви од село, земавме и некое капаче ставивме во тоа и денес цел ден буричка во нив. Па ги вади, па пак ги става, па ги сее низ двор. :D Истово и со каменчиња е полн погодок.
     
    На IRBBB му/ѝ се допаѓа ова.