Ние сме 3,5 и имаме нова книга, многу е интересна и е од 4+ години. Еве вакви вежби има Малата ја обожава, ама мора со родител да ја прави за да и кажува што да прави. Една завршивме од 3+ мислам беше малку потешка оти требаше да ги знае бројките , а мојава се уште не ги знае.Еве ја:
Ние во последно време дома играме „тенис“. Рекети ни се четките за коса, со мазната страна играме, а топче ни е еден балон и играме на поени. Ако падне балонот на нејзина страна за мене поен, ако ми падне мене за нејзе поен. Интересно е зашто е бавен балонот во летањето и може да го дочека убаво да го удри, како подолго играме се поспретна е и подобро го дочекува, го прати каде оди и има подобра концентрација. Зимава на сè ќе не натера.
И моево на 3 и нешто почна со вакви книги да се занимава. Сега само што наполни 4 и имаме неколку такви. Нормално на македонски. Јас мислев нема да ги сака ама со вакви се занимава а со обични боенки не. Сака ептен пластелин во последно време и кинетички песок иако прави форми што само тој знае што се. Битно се занимава со нешто што развива моторика. Од боење повеќе сака со водени обични да шлака отколку со дрвени или фломастери. Сега исто ни е хит да споредуваме работи и да видиме од што има повеќе (пример редиме колички по бои и ги броиме). Гледам да нема повеќе од 10 во едно купче. Исто така играме игри со преправаме дека сме нешто и играме улоги.
Нов хит ни е играње не лути се човече и слични игри (оние што ги има во Росица). Како поднаучи да брои ова ептен интересно му се виде. Секако ние му помагаме ама станува се повешт во играта.
Оваа е предобра! Ќерка ми 5г. и 9м. ептен се занимава со книгава. Внатре има најразлични активности за деца од 5-6 години.
На просветно дело е. Ние од овој тип ја купивме весела градинка, исто интересна е. А за помали добри се оние да учиме со црвенкапа, со јованче и марика... И ние не лути се човече играме, само некако нема трпение до крај, многу и се гледа. Од домашни измислици се мечуваме со шишиња пластични, се бркаме низ дома и имаме засолништа. Правиме од коцки куќа за животните и тука фантазија ептен работи, измислуваме приказни, два саати може така знаеме да утепаме. Исто има едно сечи и лепи од Литература, има разни форми, јас обично помагам со сечење, она со стик после ги лепи на лист исто како на сликата. Готвењето е исто супер, заедно правиме тостерки, панцероти, додуша секогаш е до мене во кујна. Омилена работа ни се и бомбиците со бисквити лешници, банани, урми, јаболка. И си месиме. И мафини правиме, купив ѕвездички за украсување, па ги преливаме со топено чоколадо и ги реди со ѕвездички.
Првата игра е нешто како нашите логички плочки.Треба од картите да гледа и да ги реди формите .Играта е за 3+ ама мојата има малку потешкотии па треба да вежбаме повеќе. Втората игра и ја купив за да ја мотивирам да збори и да развива фантазија.Има два жетони што треба да ги извлечеме животно +некој предмет.Од овие две слики правиме приказна.Ја кажуваме приказната и треба да ја запамтиме.Ги ставаме жетоните на тркало .Кога ќе го пополнеме тркалото со жетоните влечеме карти.Кое животно ни се паднало треба да го најдеме и да кажеме кој предмет беше за него и приказната исто така.Ако погодиме се движи мајмунот до целта.Сите играчи се победници или губитници.4+ е играва.
Ние пред неколку дена прилично долго се забавувавме со меки коцки за под. Ги редевме во различни форми и дете рипаше или трчаше меѓу нив. Супер е за развој на груба моторика. Еве една форма како дама е, други редевме акко линии па цик-цак па одеше по нив како греда и мал милион варијации. Исто така меревме должини на предмети ама со коцки (редевме коцки покрај колични и слично за да мериме кое е подолго, кое е пократко).
На голем лист ѝ ги напишав броевите од 1-9 во разни бои, а на друг лист ги пишав бројките една по една и таа ги бараше и заокружуваше (пр. Го пишав бројот 1 и таа ги бараше сите единици на листот)
Ние правевме вулкан со сода и оцет и црвена прехрамбена боја. Исто правевме бура во чаша (прво вода се става во чаша широка, па потоа пена за бричење и на малку сина прехрамбена боја. Потоа се става лажичка по лажичка вода од горе и се гледа кога ќе почне да „врне“ односно пената да се раствори во водата). Многу му е интересно сега да прави такви „експерименти“ и така да се занимава. Исто така сака да готвиме заедно.
Ги опишувавме годишните времиња. Јас уште цртам и сечам, тој лепи. Картички за учење броеви, двојазични.
Со што си играт децата од 4 години? Какви други занимации и активности имат? Немам некои идеи, а и со бебе дома малку е потешко. Имаме дома картички меморија, не е заинтерисирана воопшто. Пред некој ден ѝ купив коцки сложувалки, и тоа не ја интересира многу, ќе сложиме една заедно и ѝ кажам таа сама да проба, не сака. Нејќе да мисле, нејќе да се потруде, многу е незаинтересирана за такви едукативни игри. Си игра со глупости.