Ние игравме :Не лути се човече , Домино, Лоти кароти, меморија.Си правевме фризури еднаш јас нејзе, еднаш таа на мене.Ме шминкаше.Исто карти Црн поп.Си раскажувавме приказни пр. ќе каже ајде мамо за слон,жирафа и куче и јас измислувам приказна па после таа се надоврзува . Учевме бројки да пишува,криви прави линии, букви.Имам книги за градинка што ги учевме.Кога беше 4 год праввме за книги од 5 год .Во книгите има- најди ги грешките (5), да поврзе пример пет цвеќиња со бројката 5, лаверинт-да ја наде целта итн.Мојата многу сака да учи , а јас бремена и со гадње само седев. Исто многу сакаше "експерименти". Правевме и се радуваше.Има на интернет поедноставни.Пример исечи цветче и свиткај ги листовите на внатре стави го во вода и цветот како да расцветува ги отвара лисчињата.Такви едноставни.Овој експеримент на сите го покажуваше. Вчера правевме црвци.Од тоалетна хартија и со вода одозгоре попрскани и црвците растат како да се движат. Исто многу сакаше со тесто да си игра, па со тесто игра му праве форми го бои со темперни итн.Најчесто сама ќе земеше да сече и да лепи.Нешто што не личи на ништо ама ете мамо поклон за тебе. Ќе ја оставам и ќе и речам ајде да видам каква игра ќе измисли твоето паметно главче и сама ќе си најде нешто.Кога ќе почне да си игра ќе ја пофалам дека измислила најинтересна игра на свет.
Средував хаосот, па ги сликав некои поздрави книги со активности, искинатите не а реално многу се кинат, секој месец по 4 или 5 книги со активности зимавме. Овие се сите со поврзување, множества, лепења, бои... Оригамите одамна ги изгустира сега сама си прави што заапамети. Оваа со Фрозен има купишта игри внатре. Атласот на знамиња и беше хит минатиот месец. Преку него научи многу за континенти, мориња, океани, земјите и главните градови. Дополнително направивме 20 или 30 знамиња сами, боевме и ставаме на цевче. Бидејќи е луда по букви и бројки овие се најзабавните. Одма веќе ги знае сите букви, чита слогови, пишува без проблем што ќе реши, само ги јаде самогласките Математика обожава, лошо е што немаме многу математики со броеви над 20. Овие се веќе здосдани Супер смешка и Росица се од градинка. Другите се искинати, што од читање, што од активности. Ама годинава на саем кога и реков да купиме супер смешка ми рече, досадни се веќе, сакам за поголеми деца.
@Cka ние сами си принтаме активности. Грото од овие книги со активности ни се поминати, и ко што викаш како не доволни ни се, и сега им избирам, најчесто на пинтерест и спремам папка за малото и папка за големиот и пола месец мирна.
Тоа е супер идеја, ми предложија и други членки само што немам принтер дома, а во фотокопирница се лутат дека сите се посебен фајл иначе тоа е најдоброто решение.
Еве денес пак бара, секако вклучува мокрење со вода и и е презабавно. Ставив во водата бела прехрамбена боја, за поголем ефект. Маж ме зеза за кравата, вимето поголемо од неа, ама толку се уметничките способности хахах
Јас млеко ќе ставам за доживувањето да биде вистинско Супер идеа,браво. Давајте идеи,се затворивме дома
Женички дајте некои идеи за активности да ја живниме темата малку.Од кај принтате,на пр.за 3 годишна возраст некои идеи ако имате да ми дадете.Работиме со пластелин,кинетички песок,цртаме,боиме,лепиме,сликовници,сложувалки,продавница,со кујната си играме и сакаме и нешто ново нешто поинтересно да воведиме.Надвор е веќе студено па да се занимаваме по дома
Од активности,знаеме да заиграме со лего коцки,па некогаш со нив правиме куклена претстава од приказна што сме ја прочитале,.Експерименти му се најинтересна активност.
Омилена игра му е меморија некое време.Имаме неколку и секоја вечер игра , де со мене , де со татко му. Навистина има одлична меморија и секогаш не победува. Синоќа ме фати инат си викам мисли Ели срамота детево те победува, џабе , одма ги памти, еднаш го немам победено Потоа росица од градинка ја вежбаме, сака да поврзува логични работи, да споредува, заокружува (пример најди каде има уште еден робот на сликата и сл.), да броиме пример колку мачиња има на сликата , баш има интересни работи. Сака да црта многу, гледам има талент, ќе му текне нешто и ќе рече тато нацртај ми , па он по него учи и баш убаво црта. За боње не го бива баш, не бои убаво во линиите , ова го вежбаме повеќе. Сега ги учевме формите ,триаголник,правоаголник ама не е заинтересиран баш . Сложувалки реди, ама сеуште од поедноставните. Лего коцки си ги тера по негово, ама ги сака да ги сложува, не сака да му кажуваме ние. Коцките му се број 1 играчки исто и животните. Со нив до бескрај си ира. Прави зоолошка , имитира, се по ред. Имаме огромна корпа полна со животни и упорно само тоа купува. Пластелин исто обожава,му давам задачи пто да направи и се труди гледам Песнички од градинка пред спиење бидејќи преку ден не сака да ги кажува и обавезно Волкот и 7те јариња пред спиење и тоа он ја “чита” обожава да ја раскажува.
Исто и мојата со меморија е заразена и стално победува Исто и не лути се човече сега играме секој ден.
Еве денешна активност полнење на грозјето со леќа и и ориз со лажица, добра вежба за кординација око-рака и внимание, искористив картон, картончиња 3 од тоалетна, супер лепак о фломастер