Отворање на плика. Во празни плика му ставив сликички и предмети. Кратко му држеше внимание Лепење на стикери. Секогаш добра идеја за пиење кафе додека бебе игра Ставање на картонски цевки во лименка Тенкс мама, ајде придружете ни се.
Мојава се пика во уста (освен храна, де) Никако да се заиграме со нешто. Освен што читаме и листаме сликовници. Стикериве @IRBBB ги пикате во уста? До кога е оваа фаза?
Си става сѐ да проба, ама после 937476428 пати објаснување дека не смее, престанува. А стикерите не ги јади, си ги лепи на него. Шпатулите редовно ги зема да ги користи наместо лажичка/виљушка.
Супер идеја мама. Дупките ги направив со пиштол со силикон, од жешкото се топи пластиката и баш идеално кругче испаѓа.
Предлог играчка за девојче од година и пол-2? Не знам што би можело да и привлече внимание и да се заигра.
Скоро 15 месеци. Мојов "ѕвер" ич не е за фини работи. Пробав денес леќа ( тоа имав по дома) во голем сад и мерици од најмала до најголема демек да претура. Додека и покажував гледаше заинтересирано, во следниот момент се заврши на земја. Генерално по игротеки и во кујна се заигрува и на лизгалки. И со играчки дома што не игра. Е сега освен што ми е финансиски оптеретување да купувам се што ќе види во игротеки или ќе се заигра, оптеретување ми е и просторно. Ќе барам и други идеи, со помалку растурање на почетокот.
Тешко дека на 15 месеци нема да растура, дај и пак за месец два. На мојата тогаш уште и беа интересни сортери, прстени за редење, дрвени сложувалки, сликовници поготово музички апсолутно ни биле секогаш хит, оние сетови со храна и ноже за сечење, се сакаше да сече со ножето. Ќе се стопли сега повеќе, базенче на тераса со вода кофички, капачиња, чашки, така најмногу седеше.
Ги имаме овие веќе подолго време ги игра. Овошје и зеленчук со ноже немаме. Може тоа следно да побарам дали има во мојов град.
Многу интересна тема, штета што не е активна .. Денес дека врне и заб вади сите играчки ги изигравме и планирам да му направам некоја активност оти ме полуде а и заб вади се гриза и фрла... Инаку 14 месеци е, ништо не му држе внимание откако прооди пред два месеци.. Топки фрла, знае да става фигури на стап од тие вртелешките ама сега само ги фрла.. Ротираме играчки ама џабе. Пред да прооди повеќе се играше. Сега само надвор сака, у двор, парк. Книги имаме со зборчиња, фигури. Пред спиење читаме. Колички знае да вози малку.