3 недели има, па дај боже да помине, од се што прочитав уплав ме фати утре прекинувам со млеко и ќе постам буквално! Нели алергија може да биде, а страшно изгледа на лицето е цело успалено и црвено
Ееее, штом сте три недели не се секирај, дефинитивно е она што викаат 'се чисти' бебето, иако и заради доењето внимавај со млечни производи. Моиве и двете до кај 40 дена имаа по нешто црвено на лицето па и вратот. Само еуцерин ставав, еднаш дневно, на чиста кожа, од црвената линија за одржување на пх вредноста на кожата.
Секаде каде што прочитав пишува дека акутниот дерматит се јавува обично после 2 месец па можно е да не се работи за дерматит туку чистење на кожата од самото раѓање.Најдобро е педијатар или дерматолог да види за што се работи ако веќе не сте биле.Се надевам брзо ќе оздравите
Posle avene xera calm, koja ne ni pomogna, ja zemav eucerin atopi control kremata. Ja koristam sekojdnevno posle banjanje i zadovolna sum. ke vidime kako ponatamu. Od istava kolekcija go zemav i masloto za kapenje.
Мами нели ви кажував имаме промени на кожата како посува е на некои делови,на рачињата кај лактовите на нозете исто над глуждовите еден вид на лишаи,денес бев да го види Доктор ми кажаа било мал Атопичен дерматит и ми дадоа некоја Адерма ексомега крема да го мачкам помага ли кремава???
Според тоа што го читав и по другите форуми имаше позитивни коментари за таа крема ама мој заклучок е дека кај секој различно делуваат кремите кај некој може да помогне кај друг не.За пример ете Авене ксера калм нас ни помогна а на Артемида не.Инаку да и кај нас најпрво таму се појави на тие места па потоа и на лицето му се прошири ама еве сега сме чисти и дај боже така да остане
Koga ja kupuvav eucerin kremata devojceto vo zegin mi kaza, ako ne pomogne posle da ja zememe kremata na bioderma. Site ovie kremi sto se nabrojani vo temava se za istata maka- dermatiti, egzemi, seborei itn, samo zavisi koja ke vi odgovara na bebceto. Nie zasega ke prodolzime so eucerin pa ke vidime. Inaku od taa kolekcija go zemav i masloto za kapenje, a se konsultirav i so doktorkata na fb stranata na eucerin makedonija.
Мајки вчера бевме во Медикоз кај докторката Николина,црвенилото проследно со сува кожа било дерматит ни даде маст да се мачкаме сабота сме на контрола, кажете ми вие што имате искуство за колку време поминува дерматитот???ние го имаме веќе 5 6.дена жален ми е да го гледам знаете колку лошо изгледа и кажував дека педијатарот ми кажа ,со А-дерма Ексомега да го мачкам вика не таа е премногу јака 1200 ден ја платив за џабе за да седи така кој да ги разбере докторите,ми кажа да му помине дерматитот ќе одиме со Weleda козметика на природна база од невен ајде само да ни помине брзо поздрав **
I jas si dadov 1200 za Avene, po preporaka na pedijatarot, ama ne pomogna. Posle sama istrazuvav na tema varijacii na dermatit i sl i od site kremi za taa dijagnoza, pocnav so eucerin atopi control kolekcijata, krema i maslo za kapenje. Zasega ni se povlece, ama se macevme edno 3 nedeli otprilika.
И нас ни дијагностицираа дерматит. Исфрливме од употреба се за што мислам дека и предизвикува алергиска реакција и ја мачкам со Мустела еве веќе трет ден, ама некако нема ефект. Матичната ми рече ако за една недела нема ефект, пак на преглед да одиме. Јас ќе барам упат за дерматолог. Ве читам тука за д-р Николина. Во Аеродром и е ординацијата? Колку наплатува за преглед? Некоја друга ординација во Аеродром да препорачате.
Ана во аеродром позади веро и е ординацијата заедно со стоматолошка ординација Пикасо,300 ден.наплатува со три контроли бесплатни,супер е докторкава фина и стручна нема да згрешиш побарај ја на фб.Медикоз има и број на страната,ние уште се бориме со дерматитот веќе 1 месец сега е многу подобар,ама не му е скроз поминат со помин да е и кај вас...
Фала ти @TIGARCE86 Се јавив и закажав за утре, ќе видиме што ќе ни каже. Кај нас сеуште не е многу, малку има кај устето и вратчето. Се надевам нема да се прошири и ќе се санира бргу.
moeto bebe imase mnogu bruskicki po liceto i ja kupivme kremata vazelin so neven od zegin 63 denari i za dva dena crveniloto i bruskite gi odnema sega ima mnogu cisto lice probajte i vie mozebi ke vi pomogne
После еден месец борба со дерматитот конечно ни помина на лицето скроз,уште многу малку имаме на телото,Др.Литовски ни препорача да ја пробаме линијата на Еуцерин Атопи-Контрол и од тоа ни помина фала богу пукнавме што се не купивме и не пробавме...