Мислам дека не сретнав ваква тема овде ама ако има слободно-канта. Пишете што мислите за оваа серија и за лудостите кои ги прават двајцата полицајци на нивното "аутобанче". Кој партнер најдобро ви одговара со турчинот Кои случки ви се најинтересни....
Аха и затоа ми се допаѓа.. Само една чиста информација за тие што сакаат да ја гледат (заборавив да напишам погоре.. ) серијатаја даваат на Телма во сабота и недела во 19:45
Многу добра серија и дефинитивно повеќе ми иде во комбинација со згодниов младич. Тој другиот што почина не му прилегаше некако. Откачени се до немај каде Ја гледав на Нова ТВ ама ја укинаа па продолжив да си ја гледам на Телма
I like it. :up: Ја гледам од одамна и ептен ми е интересна. Глумците се супер, случките во серијата уште подобри. Чиста 10ка од мене, една од моите најнајомилени серии.
Оууу, даа Ја гледам серијава уште од мноогу одамна, а и сега ја даваат на телма. Интересна е, многу. Многу добро направена, со ликовите... Бен
Една од најјаките серии досега шо ја имам гледано.Сите сезони ги имам гледано така-така некои епизоди по два пати, моментално си гледам на http://rtl-now.rtl.de/alarm-fuer-cobra- ... &season=14 тековната епизода шо е за оваа недела.Од сите партнери на Семир нај нај ми е Бен (Tom Beck) , а чоеко башка и пејач е две во едно.Премногу го сакам!!! .Омилена епизода дефинитивно Schattenmann, а воедно многу сум плачела ко ја гледав прв пат.Нека си продолжат како шо си почнаја овие Германците, имаат добар концепт, појќе на хуморот е свртено дејството отколку на злосторството.
Темава малце стара..ама не најдов ништо поновоИмам прашање:Дали некој знае интернет сајт за гледање на серијава онлајн? фала однапред
Фала ти за одговор,знам за на сител,само малку касно ја даваатЈа гледам само еднаш до два пати неделно така,а порано ја даваа на телма преку ден,што убаво..
Ајде пак да ја оживееме темава Ја гледа некој серијава? Мене ми е прејака и од сезона на сезона стануваат се подобри. Завчера си отиде Бен и мислев дека веќе нема да ми биде толку интересна ама и плавоокиов е ептен мангуп.
Ллелелле,омилена ми ее,ја гледам само во Петок дека инаку ми е ептен доцнаа,леле што ми кажа навистина го нема веќе мојот Бен???
Се приjавувам како гледач на сериjaва. Единствен нешто што гледам на Сител. И новиот е добар само дури се навикнеме на него.
Да, требаше да бира меѓу девојката што ја сака и партнерот, таква беше ситуацијата и си ја застрела девојката за да го спаси Семир. И она преживеа ама рече не сакам никогаш повеќе да донесам ваква одлука и као демек замина да биде пеач, нели свиреше претходно и се пријави на една аудиција. Па као го примија и отиде, го покажаа после на сцена, мини-концертче имаа и посвети песна за Семир, кажа као ја посветувам песнава на мојот најдобар пријател И мене серијава ми е единствено нешто што го гледам на Сител, не ни имаме некој голем избор. Германскиот го засакав ради нив, почнав и со учење на нови зборчиња Новиот преубави очи има а и ќе се навикнеме, таква му е улогата, див како Бен, вчера два пати му го спаси животот на Семир и одма се оформи bromance меѓу нив што е доста карактеристично за филмовите од ваков тип
мислам искрено дека никад нема да ги заборавам моментите помеѓу Семир и Бен,ме потсеќаат на баш она вистинско пријателство.... омилени ми беаа
Епа во секоја ваква серија е тоа така... Семир и Бен, Стив и Дени од Hawaii 5.0, Сем и Кален, Дикс и Кензи од NCIS Los Angeles итн. итн. Да не се тие разговори и моменти меѓу партнерите серијата би била многу досадна, само бркање на криминалци и разрешување на убиства.
Леле колку ми е криво што не е веќе Бен плус уште покриво ми е што не видов како си отиде на јутуб глеав нешто како да умре вистина или не(дај боже да не умрел)ве молам пишете што се случи и ако знаете која е таа епизода и плус гледав нешш као бен и семир се тепаат тоа сеа било или одамна како било баш ме интересира позз