Бутринт ми е симпатија, го обожавам. И него и песните. Алал да им е на цела Албанска естрада реално. Врвна продукција имаат.
Романците на времето со клубски денс станаа популарни у Европа и светот, денес тоа се Косоварите/Албанците. Лани у Грција на плажи и на радио по кола запазив една, која ми стана летно хитче: Тимот на Marshmello ѝ прави ремикс на некоја си Tayna која веќе била голема ѕвездетина на овие простори, има милионски прегледи на свои песни и оп, ете ѝ хит и глобална популарност. Tayna не е единствената, каква продукција имаат Албанците, дефинитивно се први у балкан, заедно со Романците можеби. Романците повеќе станаа популарни со денс и хаус, овие повеќе со хип-хоп, трап. Нашите амбиции се до Војводина, победа у Пинкове ѕвездице и после тоа победникот паѓа у заборав, па следната година иде нов Ристе Ристески, новата привремена македонска гордост за баби бумерки. Останува да стискаме палци Marshmello да ја ремиксира нашата Заветна, пошто само таа се пее овде, покрај српскиот турбофолк.