1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Албански јазик

Дискусија во 'Образование' започната од Rubiii, 23 септември 2012.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.118
    Допаѓања:
    4.290
    Пол:
    Женски
    Пребарав и ненајдов тема за Албански јазик.

    Втор јазик за официјална употреба во Македонија, јазик кој го збори голем дел од народот овде, и јазик кој се бара се повеќе.

    Оние што го учеле и го владеат какво искуство и мислење имаат? Важи ли за тежок јазик? Каква граматика и изговор имаат- лесно совладливи или потешки се?

    На некои факултети се нуди како изборен јазик, па сакам да го одберам, јазик плус никогаш не е вишок, ама немам претстава за каков јазик станува збор, а не би сакала да заглавам над книга мозгајќи го, па ја отворам оваа тема.


    Мислења, искуства, нејасни зборчиња, преводи и слично- се во врска со Албанскиот јазик :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.090
    Не е тежок напротив многу е лесен, како што се чита така се и изговара. Дружисе со албанци за да ти помогнат при изговорот на почетокот малце тешко ке ти е ама после некое време ке почнеш да разбираш во граматика нема некоја голема филозофија слично е како кај нас. :)
    Ако имаш некое прашање слободно прашај :)
     
    На cresa-jagoda, crimson и Rubiii им се допаѓа ова.
  3. enna90

    enna90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    10
    Јас студирам албански јазик, оваа година сум апсолвент. Јазикот не е многу тежок. Можеби ќе имаш малку проблеми со падежите бидејќи ние немаме падежи во македонскиот јазик, ама со тек на време и со постојана комуникација ќе ги научиш. Исто така имаат и неколку букви повеќе од македонскиот јазик, но и тие со постојано вежбање се учат. Ако имаш уште некое прашање или ти треба помош околу нешто слободно прашај :*
     
    На cresa-jagoda и Rubiii им се допаѓа ова.
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.603
    Не е тежок, можеби заради тоа што јас го знам, други што пробале или сакала или почнале да го учат викаат дека бил многу тежок шо знам :) и на некого ако му треба моја помош слободно
     
    На cresa-jagoda, Rubiii и irenna им се допаѓа ова.
  5. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    5.906
    Допаѓања:
    78.611
    Општи прашања

    Beni luz (албански)translate не ми го преведува,ако можи помош....
     
  6. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.656
    Допаѓања:
    49.185
    Пол:
    Женски
    Дружи се со мене @Rose96 :D
    Го учам веќе неколку месеци и почнувам да разбирам по нешто. Не можам да одредам дали е тежок, малку ме буни граматиката, ама ќе ја совладам. Едвај чекам да научам добро за да можам да зборувам со некого без проблем.
     
    На cresa-jagoda и Rose96 им се допаѓа ова.
  7. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Машки
    Шум форт,Почо пр масс :P :D hahhhah
     
    На eminik му/ѝ се допаѓа ова.
  8. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.581
    Допаѓања:
    702
    Пол:
    Женски
    I jas go ucev kako izboren 2 ucebni godini na fax. Ne e epten teska gramatikata,za razlika na primer od francuskiot. Na mene najiskreno najmnogu problem mi sozdavaa padezite,ama i toa se sovladuva so tek na vreme.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.