1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Александар Македонски (Alexander) [2004]

Дискусија во 'Филмови' започната од Barbie-mwa, 5 февруари 2012.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Прекрасен филм за Александар, кралот на Македонија и еден од најголемите и највлијателните лидери во историјата. Филмот ја следи приказната на Александар од младоста кога неговите соништа биле исполнети со митови, слава и авантура се до неговата осамена смрт како лидер на истрошената империја.
    Улоги: Colin Farrell, Angelina Jolie, Anthony Hopkins, Val Kilmer, Jared Leto, Rosario Dawson, Christopher Plummer…
    Анџелина ми е преубава во овој филм. Го имам гледана како мала во киното, и денес решив да го гледам пак.
    Ваши импресии за него? :)

    [​IMG]
     
  2. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Убав филм. И јас го немам гледано одамна. Еднаш за нова година на Сител го даваа и го гледав за првпат. После на школо на час по историја ни го пуште професорката кога учевме за Александар Македонски.
    Ми се допаѓа филмот. Глумата им е добро дадена на актерите. Oсобено ми се допаѓа улогата на Анџелина Џоли. Па и јас како Барби ќе го гледам кога ќе имам време. Филм кој би го препорачала и ми е еден од омилените. Без премногу натрупаност, со цел да се улови срцето на гледачите.

    Eве некои сцени од филмот :)

    http://www.youtube.com/watch?v=vhuZQcN4 ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=Zn9ww6uS ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=ZIc-L5DV ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=mi5pEE0u ... re=related

    http://www.youtube.com/watch?v=s0ACb1ut ... re=related
     
  3. Beauty161

    Beauty161 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    134
    Пол:
    Женски
    Навистина прекрасен филм! Одамна го немам гледано но во скоро време ќе го гледам :)
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Филмчево го имам гледано од одамна, интересно, а дали ја следи приказната за Александар во целост, мислам дека не, сега колку што добро можам да се сетам, малку утнале :D ама немат врска :wasntme: Сега секако дека малку така во поголем дел ќе биде како автентично прикажано, во однос на војните, начинот на борба, прилично добро ја проучиле стратегијата на Аце, секако се знае од каде и како :D да не навлегувам во детали :D
     
  5. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Леле колку бев опседната како помала со филмов :D Мислам дека на памет го знам.
    Многу добар филм,само штета што Александар малце е прикажан како геј.Па кај Александар и Колин после филмов сите го сметаат за педерче :D
     
  6. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    ееее за филмов од школо не носеле у кино да го глеаме.. мислам дека сите се расплакаа на филмов :rofl:
    одличен филм! :clap:
     
  7. MilaKunis

    MilaKunis Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    25
    Го имам гледано повеќе пати и секој пат ми поминуваат морници низ телото кога го гледам.Апсолутно одличен филм!
     
  8. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Мојот прв филм гледам во кино.
    Дента ја излажав мајка ми дека сум учела и се молев да не ме испрашува за да можеме на раат да одиме да го гледаме. Изнакупив грицки за цела кино сала.

    Како што пишала Гордана, не е баш веројатно дека ја следи комплетно приказната на Александар, меѓутоа од тоа страна тоа е и оправдано земено предвид дека има уште многу да се истражува.
    Покрај тоа, филмот ми беше прекрасен. Го гледав после тоа и дома уште минимум 10 пати.
     
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Изгледа само мене не ми се допаднал филмов, ама баш ич.
    Мислам оти приказната најмногу се вртеше околу хомосексуалноста ко демек, многу малку за борбеноста и за се друго. Анџелина ама ич не личеше ко мајка на Колин, мислам оти исти години имаат, али мајка му ја ставиле. Катастрофа.

    Се на се, промашај ко филм за Александар.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    Одличен филм кој го имам гледано повеќе пати, но сепак седнав и го изгледав уште еднаш оти го имав подзаборавено. Приказната иако не е целосно опфатена ми се допаѓа освен фактот дека Александар е прикажан како геј. Анџелина ми беше прекрасна, а за Колин немам зборови.
     
  11. Dvolicen

    Dvolicen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2012
    Пораки:
    1.431
    Допаѓања:
    3.485
    Не си единствена со ова мислеље за филмот :tmi:
     
  12. Abby

    Abby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    92
    Денес конечно решив да го гледам.Го имав гледано и порано,но бев помала и на ништо не се сеќавам. :?:
    Значи луѓе филмот е прекрасен,останав без зборови. :clap: Анџелина ми беше преубава.
    Е сега точно е тоа дека не е се опфатено,само најбитното.Се на се филмот вреди да се погледне. :)
     
  13. DreamAngel

    DreamAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    353
    Штотуку го изгледав филмот и сум апсолутно фрустрирана и разочарана....
    филмот воопшто не ја следи вистинската слика на Александар Македонски нити пак има врска со историјата... македонците се прикажани како грци, како една нација.. а Александар нивни поддржувач...
    Во еден дел тој извикува, да се бориме за слава... и за Грција... од друга страна Александар е прикажан како хомосексуалец :^)
    Македонија да и воопшто речиси не се спомнува, ... македонците се прикажани како потомци на Ахил, кој бил грк очигледно... апсолутно филмов заслужува секаква критика, сценаристот комотно ја изобиличил истројата и си го напишал сценариотот онака како што него му одговарало.
    Од мене големи поплаки за филмот, последен пат го гледав во кино кога бев мала па не можев многу да разбирам ама сега сватив зошто се дигна голема фама за овај филм.
    А што се однесува до актерската екипа, давам оцена 10... апсолутно квалитетна и високо професионална екипа. Колин Фарел можам да кажам дека целосно се вклопи во улогата, го доживеав целосно вистинскиот Александар во него... Анџелина беше беспрекорна Олимпијада... многу добро одиграна нејзината улога.
    Видов многу други познати глумци.. како Џонатан и Џерард... навистина квалитетна екипа, за тоа секоја чест, но филмот мислам дека не заслужува наша поддршка затоа што е голема навреда за нашиот народ, и нашата историја. Се надевам дека еден ден би се нафатила некоја наша продукција да сними достоен филм во кој ке биде прикажана нашата историја во вистинско светло.
     
    На Dog-lover и Gordana10 им се допаѓа ова.
  14. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Филмот го имам гледано неколку пати, го сакам и покрај недостатоците. Многу е долг (развлечен) и приказната не го задржува вниманието на обичен гледач доволно за да го упати малку во таа историја, а Стоун толку се трудел да го документира животот на Александар, што мислам и дека заборавил оти снима фикција! Одлична актерска екипа, но тука се поарчија себеси, филмот беше лошо прифатен, со неколку номинации за Златна малина и други анти-награди. Инаку солиден амбиент како за историски спектакл, а музиката на Вангелис - безвременска.
     
    Последна измена: 5 јануари 2022