Па да ама наводно после 3 години се испитувале. Сомнителен ми е малиот дека има алергија, прво мислев од високата температура ама еве денеска немаше, а се уште се исфрла по лице, грб и околу врат. Ги снемува и пак се појавуваат. Му дадов Зиртек, се надевам добар ќе биде.
@Jana06 на керка ми и правеа алерго тест на 1год во Козле Колку се точни незнам но ние го решивме проблемот Излезе дека е алергична на млеко престанав да давам и после една недела се смири Распрашајте се убаво кога е неопходно иако се мали се прави
До 3 годишна возраст се прават алерго тестови но не се конечни, зошто имуниот систем уште не е доволно зрел па на пример на 2 години ако е алергично на јајце не мора да значи дека и на 3 ќе биде затоа ќе треба да се повторат тестовоте, секаде во светот по индикација се прави алерго тест на мали само кај нас се измислуваат глупости.
Ај помогнете ми малку. Кој панел треба да го изберам? Ако сакам да откријам дали има алергија треба сите овие да се испитаат? Гледам се повторуваат.
Зависи н каква алергија се сомневаш. Имаш еден педијатриски со најчестите алергии кај деца ако немаш нешто одредено што сметаш јас би одела со тој.
Според симптоми во козле пример самиот педијатар имаше заокружено кои алергени да се испитаат. Јас малиот на 1 и 3 месеци го испитував. Преку крв од вена
@Snowflake92 @BabyT* Не сум сигурна ни дали е алергија затоа сакам да испитам. На храна мислам дека не е, си јаде буквално се и не сме имале проблем освен еднаш со наут. Знам дека тогаш баш @BabyT* тебе те замарав по пораки и сега после една година пак му дадов и се исфрли после 3 дена. Претпоставувам не е од тоа зашто би требало одма да покаже. Е сега, неколку пати кога идеме кај докторката ми спомнува дека се сомнева на алергии или трет крајник. Пулмолог е, еднаш ми спомна зошто се сомнева ама искрено заборавив Не обрнав внимание тогаш. Често ме прашува дали имаме некој во фамилија со алергии (имаме алергични на прашина и животни) и ми спомна можно е да наследил. Сега почнав да се сомневам зашто почна да кашла од никаде, носот растечен, спомнав дека му се појавуваат црвени кругови и ги чеша очите.
Да,типични знаци на алергија.И лани и оваа година се соочуваме со истото,отечени очи,мрсоли кои не се постојани ,подоќнаци ,секако со Лоратидин е подобро .Посебно сега со расцветан полен и ветер е најлошо. Реално за тоа барем сега за нив нема решение освен сируп за алергија.
Ако е во прашање инхалаторни алергени ти кажа и другата членка дека за жал сега и да испиташ единствено што ќе се смени е што ќе знаеш на што точно е алергичен и се што може да се направи е да пие сируп за алергија или сепак консултација со пулмоалерголог.
А за кашлица што давате? Вака што слушам нема ништо на гради ама кога кашла се слуша како хрчење, како струење некое не знам како да објаснам. Добар пулмоалерголог?
Со сирупот за алергија се средуваат симптомите. Исто и мојата така "свири" а нема на гради ,тоа е од секретот во грло. За пулмоалерголог незнам ,ние еве 2 година миниме вака,фала богу не спушта на гради па сметам дека нема потреба.
Ми текна како да опишам, како ларингит звучи. Јас почнав Зиртек, доволно е додека одиме на лекар? Две години има.
@Jana06 симптоми исто како вашите хрчеше кога спиеше,подоцна почна и по телото да се нафрла Иначе сега е 7год и нема проблем со млеко На 4 год правевме пак и се беше супер немаше никаква алергија