Моето е година и пол,цела година се мечевме со секрет од нос кое преку ноќ преминуваше во бронхит со тешки опструкции ова се случуваше секој месец. Најпрво секој месец беше под антибиотик па се виде дека нема подобрување и дирекно во козле. Таму направија еден куп испитувања покрај алегротестовите и излезе 4та класа алергија на млеко и млечни производи и доста високо igm . Значи и на млеко и на алфа и бета. Не е само нетолеранција на лактоза. На кожа никогаш не појави никаков осип. Сега месец дена е без млечна исхрана и инхалираме сабајле вечер со кортаир па можам да кажам прв месец е подобар.... Се надевам дека ке се избори кога ке стекне имунитет 6 месеци пиеше и сирупи за алергии сега е на пауза.
Направивме инхалаторен и педијатриски панел. Сите се нула освен 2ка за пилешкото месо - Малку покачено присуство на антитела. Од месата најмногу пилешко јаде, да намалам или да прекинам? Не знам дали да консултирам доктор за ова.
@Happyinlove исто и ние и на алфа и бета Не смееше никакви млечни производи Секако после долг период беше на оризово млеко и повеке не сакаше да прифати да пие млеко Но си јаде други млечни работи и не покажа повеке никаков проблем Се надевам исто и кај вас ке се среди се,знам како ти е
Некој период скроз да му го тргнеш,види дали ке има разлика. Ако воочиш разлика да не се дразни значи сте решиле проблем. Не е пак и пилешко некаква си незаменлива храна кога е тука телешкото и рибата. Се надевам ке видиш подобрување
Кога е само присуство значи дека телото е оптеретено од тој продукт. Пример кај моето само што примала траги од кикиритки даваше присуство.Што и не значи дека е алергична. Периодот кога тестиравме покажа големо присуство на овес ,затоа што конзумираше.За разлика кај млеко,киви покажала алергииска реакција.
Здраво, Дали некој знае како се прави тест за алергија, кај 4 и пол годишно дете, упатот ни е за во Козле? Дали е со земање крв од вена или со гребење? Првпат правиме и немам искуство
Здраво, може ли да ми кажете повеќе за вашето искуство со исхрана во градинките на вашите деца со алергии и интолеранции?
Нема избор.Не смејш да носиш храна ,ниту ќе готват различно за него т.е детето ќе ти јаде само леб ако е алергично на повеќе работи.
Дете е на диета, што може да јади освен ориз, компир, морков,супа без месо јаболко и банана? Дали можи јогурт?Една недела да биде на диета, а како за инает само бара да јади...
Мене ми дозволија да носам храна… ме интересираше за дали негде се нафаќаат да дадат нешто друго како замена за оброкот а да не е сув леб.
Мојата беше на белка алергична. Кога имаа јајце неа и даваа секогаш леб со мармалад. Е сега јајце поретко даваат, ако е алергијата на млеко потешко изводливо би било да се дава замена. Ама па давање сув леб ко на куче ми е неприфатливо.
И ја снема алергијата на белка? Ќерка ми пред 2 месеци имаше баш бурна реакција. Вчера изеде бисквита со јајце, ништо не и беше, па сега се мислам дал да пробам со чиста белка да и дадам