Да, ја снема на 2-2 и пол години, ова на поголемата ќерка. Малата уште си е алергична и тоа мм ако јади јајце во нејзина близина цела се нафрлува Ќе си ја има изгледа подолго . Пробај штом поминале 2 месеци, на секои 2 месеци баш проверувај. Пробај прво со мафини/проја, во нешто печено да е јајцето, така е најпреработено, потоа пробај со чиста белка. Ако се купечки бисквитите кој знае колку малку јајце има во нив. Ама веројатно и не е силна алергијата штом не ти изреагирала. Оваа мојата и на трагови би изреагирала, штом реагира преку воздухот. Е сега друго, големата на крај кога беше пред поминување на алергијата реагираше на комбинација јајце плус урда пример, а одделно јајце или млечно не.
Интолеранција на лактоза има и на почеток ми понудија да му даваат леб и мармалад секогаш кога има нешто со млеко (значи секој ден) што реално не ми беше баш ок, ама со 200 повици, обкаснувања, ахв, дсзи итн можам да му носам сега млечни производи без лактоза да му даваат. Сув леб фала богу ми немаа спомнато они, тоа членката погоре посочи како пример, ма да ми кажаа суви јуфки и макарони ке му давале
Здраво мајки. Ве молам пишете кој е најдобар пулмолог во приватниве болници? Имам 2 деца 2 и 6 г. со инхалаторми алергии, едното акутен ларингит(дом.прашина и грини)а другото акутен бронхит. Сакаме да им испитаат се, второ мислење, некоја др терапија, а по државниве само кортико, антибиотици, антихистамини не мотаат месец дена. Инаку дома немаме теписи, завеси, чистиме, переме нон стоп. Да се смират малку децата само по болници, немаме мир со сопругот не знаеме веќе што да правиме. Фала ви.
Лани правевме алерготестови и искочи ‘малку покачено присуство на антитела кон пилешко месо’. Он продолжи да јаде 2-3 пати неделно зашто никогаш не се покажал видлив проблем. Пред некој ден се исфрли целиот по раце, нозе, на препони и ми рекоа дека е алергија на храна. Сега како да знам дали е од пилешкото или нешто друго и дали скроз да му го исфрлам од мени? @BabyT* знам имаш искуство со алергии, еднаш многу ми помогна
Дали ако не јави реакција на белка во палачинки и проја, не би требало и со варена белка да јави? Многу ми е страв со клот белка да пробам. Пред 3 месеци имаше бурна реакција на белка, месецов и давам цело јајце во нешто зготвено, нема реакција.
Штом нема никаква реакција така на цела белка, и да има на варена не би била бурна реакцијата. Не мора да даваш цела белка, дај четвртина, пола... Можи да поминала алергијата за 3м. А и внимавај да биди здрава, зошто кога се болни, паднат е имунитетот па и реакцијата на алергенот е поизразена од кога би била здрава.
Здраво, Со алерготесот се открива на што си алергичен. Ќерка ми правеше лани алерготест во Козле, и мислам имаа само за одредени работи реагенси. Нејзе ја проверија за мед, јатки, млечни производи......имаше и уште ама не ми текнува точно, беа околу десетина. Ние инаку бевме конкретно за да провериме дали е алергична на млечни производи.
Da, znam deka se proveruva na sto si alergicen. Mislev dali nekoj znae koj stavkingi ima vo kozle, dali ima nesto posebno ili pak mozam da si napravam i na dr mesto?
Тие алергени се исптуваат во Козле, како што ви пишала @Maca Macka А викаат дека уште повеќе реагенси за алергени имало во Авицена, поголем избор имало
Пред 10тина дена немаа никакви алергени во Козле. Ниту пак пред нова година. Денес имавме упат за на Имунобиологија, ни за таму немаа реагенси. Ако знаете каде има реагенси, пишете ве молам.
Државно нема реагенси. Има во Авицена испитување како комбо од повеќе алергени, педијатриски, инхалаторни, нутритивни. Не ми текнува што точно имаше, го правев јас на ќерка ми летото.
Ние во биотек правевме, мислам дека се истите панели по приватните лаборатории. Еве што опфаќаат во биотек
Која цена е во Авицена? @Anika55 инхалаторен ни треба нас. Дали преку крв од вена се испитува во Биотек?
Не, од прст. Ама син ми е 3 месеци, не знам како е за поголемко дете. За 30 алергени и крвна слика ни земаа две мали епруветки од прст. Мислев дека ќе биде страшно и дека ќе вришти ама девојката беше многу фина и супер си ја заврши работата. Не осети дека го боцнаа и дека го стискаа да истече крв.