Алергии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 18 март 2011.

  1. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.004
    Два месеци е на терапија.Цел месец беше супер.Ама носе се затнуваше.
    После месец почна да кашла,цело време ја носев на контрола гради чисти.
    Па фати вирус па бактерија со атб е сега и се смире и кашлицата.Валда од атб.Уште се канам на орл да ја носам,со болестиве двете со сестраи закочив.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Не значи дека кашлицата е алергија ете можи била од вирус, бактерија.
    Се надевам ќе покаже позитивен резултат од спрејче то.
    И ние сме на контрола крај на месец или почетокот зависи ако најдам термин, ако не со приоритетен ќе одам.
    Сега гледам слободен термин на 20 ти ама рано ми е.

    И јас од болести не ми е однесен на ревакцина за мрп, требаше во септември ама никако да го однесам. На мм му се јавиле пред 2-3 месеци му рекол ќе го донесиме сега има сипаници. Рекле ок. А сега се мислам да не е жешко, ама кај е да е казна ќе пуштат.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Ако може да пишеш како изгледаше тестот со грепкање? Благодарам
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Детето се седнува во скут, рацете на маса му ги држиш, на подлактицата од внатрешната страна обележуваат (цртаат) линии, гребат со нешто слично како жилет и капнуваат од алерген от. Потоа се чека дали ќе има реакција.



    Првиот пат кога правевме во козле ама ич не го здоболе, ептен нежно, пажливо. Ама кај нас во пп како насилнички сестрата и докторката го држеа, сестрата кога го гребеше на две места крв пушти.
     
    На elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Благодарам
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Уште ова да те прашам, како гледаш дали и кога има слободен термин и дали треба 10дена минимум да е чист да нема примано летизен? Така ми спомна доктор
     
    На 24.07 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  7. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    На мој термин... Проверка на термин, потоа бирам педијатрија и потоа град и на крај доктор. Ако има слободен и ѕвонам на матичната да зафати термин.
    Гледав има пуштено за козле термини па види закажи.
    А за сируп да мислам 7-10 дена минимум,ное проверуваме во јануари, а сега ретко му дава сируп.
     
    На elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  8. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Со термин сме за испитување на алергии, за колку време се завршува работа во Козле? Има ли чекање, додуша со термин сме ваљда на терминот ќе влеземе
     
  9. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    За еден час, час и пол ќе завршите работа
     
    На mal.ecka и elimkd им се допаѓа ова.
  10. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Фала на одговор
    Завршивме
     
    Последна измена: 16 јуни 2023
    На 24.07 и mal.ecka им се допаѓа ова.
  11. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.653
    Пол:
    Женски
    Како поминавте? Да оздрави убаво, па ќе го носам и уште сега го мислам дали ќе седи мирен, смачено му е од доктори, брисеви, боцкање, а и мене веќе преку глава ми е. Колку трае испитувањето и дали одма кажуваат резултати?
     
    На mal.ecka и 24.07 им се допаѓа ова.
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Еве вака
    Се оди со упат и нема воопшто чекање, се на се траеше максимум саат и пол може и помалце и веднаш кажуваат резултати.
    Прво го прегледува докторка па те упатува во друга просторија, детето в скут и ти му го држиш едното раче сопругот другото раче, вработената му црта со пенкало цртички од под лактицата до дланката, му капнува течност треба убаво да му ги држите рачињата за да не се излее течноста и подоа го боцнува на капките, пресметај тука урлање, пиштење, отпор давање… ама среќа се оди брзо, излагате в ходник детето не смее да се чешка на рачињата па и тука вриштење, за 15мин од боцкањето доаѓа доктор го гледа и кажува дали е или не е алергично. Платив 350ден
    Да напоменам ми рекоа минимум две недели да нема примано терапија за алергија за да биде валиден тестот. Во нашиов случај беше 8дена но докторката рече ќе покаже доколку е алергено на нешто. Матичниот наш кога го закажуваше упатот рече доволно е 8 дена.
    Ми се допадна простапот и стручноста нивна, ете кај нас го труев со летизени по препораки на овдешни доктори но таму ми рекоа никако доколку не е алергено.

    се спомна и трет крајник но не препорачуваше до 6год доколку детето не спие зинато и прави апнеи.

    Ако те интересира нешто друго слободно прашај
    Кај нас на ништо не е алергично, денес гратис температура ми крена
     
    Последна измена: 17 јуни 2023
    На 24.07, mal.ecka и Skyler им се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    Вие мислам дека имате правено алерготест или се имам помешано?
     
  14. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    12.653
    Пол:
    Женски
    Преку крв му имам правено на година ипол, докторката ми рече летово пак да направам преку кожа дека веќе наполни 3 години. Тоа што имам правено претходно да го сметам за неверодостојно.
     
    На 24.07, elimkd и mal.ecka им се допаѓа ова.
  15. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Дечки,на одмор сме, кај косата што и капела вода позади на тил иматочки како ситна алергија,само таму? Локално дамачкам?
     
  16. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.004
    И др.Далија била исто пулмоалерголог.Некни бевме на контрола,задоволна е од терапијата која Марга и ја даде,рече не вклучува ништо плус,само не изклучува ништо,ќе тераме исто уште месец,па на контрола.Битно е дека нема веќе бронхити.Бевте вие на контрола?
     
    На 24.07 и MilaSs12 им се допаѓа ова.
  17. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Супер, ете гледаш полека ќе се среди. Значи спрејчето почнува да делува.

    Сеуште го немам однесено термин има на 12ти и мислам уште два термини на крај на месец за кај др Марга.
    Ама си викам да попрскаме уште малку ни рече дека ќе ни го прекини, а мене ми е страв да не се вратиме пак со мрсули и со се по ред.
    Во вторникот го боцнаа со мрп, засега нема реакција, прв пат кај нас во вакцини да стават боцка така нежно.

    А кај др Далија го немам никогаш однесено, незнам дали ќе не прими со приоритетен.
    Додека беше во вакцини еднаш таа се погоди ми се виде ок.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Бевме вчера...
    Толку беше опуштањето... Два месеци рајат и пак почнавме, овој пат прво со инхалации почнуваме.Прескокнавме нос затнат, мрсули директно кашла и завршивме со вентолин.
    Имал малку на гради, последно имаше фебруари докторката вели не е страшно. Тогаш пијаше панцеф а сега само вентолин ни даде 3дена по 3 пати на ден, потоа да намалам на 3дена по 2 Пати на ден.

    Задоволна од спрејчето за нос, нема мрсули и не е затнат. Ни рече да го продолжиме да го користиме и крај на септември на контрола, а за спрејче то за во уста да го користиме точно една година.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mal.ecka

    mal.ecka Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    9.420
    Допаѓања:
    127.004
    Што да ти кажам а да не заплачам.
    И мојава после 4 месеци пауза спушти.Еден ден малку мрсули,следен ден поткашлување,третиот спушти.
    Многу се разочарав.Крај на месец сме на контрола.
     
    На 24.07 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 24.07

    24.07 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    33.253
    Пол:
    Женски
    Само да се гушниме  и да се надеваме дека побрзо ќе ги поминиме болешниниве. Ќе пораснат и ќе стекнат имунитет.
    Криво ми е ќе пропушти школски родендени, но пред се здравјето.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.