Алергии кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од Ariel, 18 март 2011.

  1. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Мене малиот ми е многу алергичен, пред неколку дена се исфрли од храна и сега се мислам :?: да земам од Eucerin Omega ама дали да го земам лосионот со 12 % или маст со 20 %.... Минатата зима кога се исфрли ме убедуваше матичната негова дека му е од што му е многу сува кожата иако и тогаш и алергиите имаа влијание , тогаш ми помогна лосионот што го спомнав . Ама сега веќе е многу исфрлен и се чеша, не сум нонстоп до него и не можам да го спречам тоа, и може како рани да ги направи ...па се мислам да не е таа маст појака па побрзо да му делува , дали некој ја испробал за оваа проблематика или па нешто друго ќе ми препорачате ...Чекам ваши мислења :hai: поздрав
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Без разлика дали ќе земеш крема од колекциите на Еуцерин, Мустела, Авене за таа намена тие се на природна база и не се кортико. Можеш да пробаш, ама ако веќе си направи рани како што велиш неверувам дека ќе му помогнат. Во такви случаеви помага Адвантан кремата која е кортико или некоја друга слична и мачкаш максимум 3-4 дена во многу тенок слој. За јака алергија се препорачува и терапија од 7-10 дена со сируп Лоратидин или Летизен, Зиртекс....
    Добра исто така е и кремата Пантенол или Пенатен откако ќе се засушат раните односно намали црвенилото.
    Алергија е, ако не е многу исфрлени не ти делува страшно остави го и само ќе помине. Можеби многу споро али ќе помине. Ако има големи осипи кои го чешкаат многу мачкај го со нешто. Ако матичната не е сигурна одведи го на дерматолог.
     
    На Menasss и sweet25 им се допаѓа ова.
  3. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.352
    Има сега по маркетиве, Тинекс, Веро, на Дукат и на Имлек мислам дека беше :)
     
  4. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Најпрво фала за одговорот :hug:
    Инаку јас веќе го земав лосионот на Еуцерин и гледам малце му се потсмири на нозете кај што е подолго исфрлен ама кога му ги видов рачињата му беа уште по жар како изгорени цели од внатрешна страна :( и му се појавиле нови и на стомакот грбот , не знам што е ова , кога веќе е на посебна исхрана , освен ако во градинка му дале нешто ( пред некој ден ми рече смоки дека јадел во градинка) ама јас си викам ај мало дете е , може згрешил или ме зеза нешто пошто таму им имам дадено список со се што не смее и им нагласив повеќе пати да се држат до тоа...
    Денес ќе го носам и на матична , жал ми е вака да го гледам а и изгледа не успевам со кремиве доволно да му помогнам. Иначе ние пиеме Лоратадин веќе со месеци , и др. низа третмани пробавме, а тие кортико креми не знам дали смеам да му ставам зашто на преголема површина веќе се исфрли...... И чудно е што негде личат некои ко сипаници , ама тие не се проблем туку другиве големите ко изгореници се :(
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Дерматитис да не е?? На тоа ме асоцира. Веднаш забрани да пие млеко ако пие и сите продукти во кои има млеко и никако јајца, риба и свинско месо (па дури и малку да има ставено во мељано месо). Ова се продукти кои се големи алергенси и прават така да изгледаат како изгореници. Обично пукаат (неможеме да ги приметиме) и прават така како изгореница да е. Ајде матичен или дерматолог ќе ти каже најубаво откако ќе го види.
     
  6. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    318
    Можеби , незнам :?: .. Минатата зима кога го имавме истиот проблем матичната ме убедуваше дека му се појавуваат од што имал многу сува кожа, но и тогаш приметивме дека е алергичен и не му давам јајца, риба, се што е со конзерванси, млекото па не му прави алергија..Не знам зошто ама и кога си го пие во пролет, лето нема ваков проблем, а сеа штом дојде зима почнува вака да му се прави ...Пред две недели откако касна малце од едно интегрално колаче божем здрава храна , малце му се прошири ова што е исфлен, па си реков од тоа е, ама помина време а него му се зголемува и му стануваат такви како да е изгорен и почна да ми сежали дека го болат :(
     
  7. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    12
    Здраво дали имате некогаш на вашето дете направено алергија од сирупот Бруфен?
     
  8. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.342
    Не, моето е алергично (се исипа цел на точки од сирупот еднаш кога беше мал и од тогаш не му дадов повеќе) на Парацетамол а пие само Бруфен кога има температура
     
  9. causevsku777

    causevsku777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    12
    мојата ќеркичка се исипа од папочето надоле по нозите лом, сега незнам дали е од сирупот или да не е полазена од нешто. Пошто ако е алергија нели треба по целото тело да биде или...незнам што да мислам утре ќе ја однесам на кожен па ќе видиме
     
  10. mari77

    mari77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    9
    moeto na amoksiklav izleze alergicno A BRUFEN ne
     
  11. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.913
    Допаѓања:
    108.165
    Пол:
    Женски
    Ние до сега проблем сме имале само со риба. Секогаш кога јаде риба повраќа во млазови додека не ја исфрли цела, и веке не и ни давам. :( дали тоа значи дека цел живот ке неможе да јаде риба или? :?:
     
  12. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.831
    Допаѓања:
    101.252
    Пол:
    Женски
    Ако само повраќа тогаш не е алергија.Алергијата си има свои знаци, ова не ми личи на тоа.Можеби и е само одбивна.Остави ја извесно време и потоа почни со мали залачиња,и по малку.Постепено ќе и се навикне организмот.
     
  13. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Ние имавме алергија од портокал. Ма не знам дали алергија е правилниот збор, но му се појавуваше црвенило од портокал. Престанав да му давам тогаш (на 6-7 месеци) и еве сега пак му давам, нема проблем. Ниту црвенило се појавува, ниту миризлива кака :lol:
     
  14. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    142.793
    Обично се избегнува цитрусно овошје во текот на првата година бидејќи се јавуваат реакции кај многу деца.
    А нас ни давале лимон од 2 месеци :)
     
  15. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.913
    Допаѓања:
    108.165
    Пол:
    Женски
    Ние имаме еден проблем , на ќерка ми и се јави алергија пред 2 недели прво на нозете а потоа на рацете и малку на стомачето.Прво мислев да не се сипаници но потоа кога отидовме на лекар ни рече дека е алергија , можеби на некоја трева , можеби на прашок за перење , и јас се сменив и прашок и јајца не и давам , никогаш не сум и дала чоколади , смоки , во паркот каде што ја носевме веке не ја носев.. докторката и препиша Зиртек капки да и давам по 7 на ден , 10 дена. Додека го пиеше немаше ништо во средата сега престанавме и ете пак се појавија и пак исто , прво на нозете , потоа на рацете и сега и на стомакот гледам ;( ;( ;( Што ли може да биде Боже мој , колку внимавам и за исхрана и за облека да носи се 100% памук и види сега од каде ли дојде алергијава , незнам веке што да правам сигурно ке не носат да правиме алерго-тест :(
     
    На TheSecret му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.384
    Допаѓања:
    142.793
    ^ Не е лошо да направите алерго-тестови, барем ќе знаете што е проблемот, ако го детектираат, се разбира. А по описот многу личи на алергија, особено што откако престанала со капките пак и се појавиле симптомите. Ама ништо страшно, кога ќе откриете што е, ќе знаете и како да го превенирате.
     
  17. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.913
    Допаѓања:
    108.165
    Пол:
    Женски
    Еве денес бевме пак на педијатар и докторкава ја гледа и вика аа ова не е за капки Зиртек сега , бидејки што да ви кажам исфрлана е секаде дури еве гледам и на образите има 2 пликчиња ;(
    не испрати на кожен и рече дека ако тој неможе нешто да направи ке одиме кај алерголог :(
    сега во 1 часот сме на лекар па да видиме што ке направиме :(
     
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.913
    Допаѓања:
    108.165
    Пол:
    Женски
    се вративме и ништо рече алергија е , да ја држам на диета , а сега 10 дена пак зиртек ке пие..
    за алерго тестот не се прави на деца под 3 години и така да не отидовме на алерголог
    уфф се надевам ке најдам што и прави проблем зашто многу е непријатно и за гледање ама и детето како се осека
     
  19. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    758
    прашајте на што не сме алергични а не на што сме :D :D :rofl:
    керками уште од 4,5 месеци почна да пие кравјо млеко а веке на 6 месеци бевме во болница бронхопнеумонија па од 6 месеци а на 1,2 месеци незнаев од што и како така брзо пушта на градите и се полни со слуз пропратно и тоа имаше висока температура до 40 и кашлаше па лежевме во болници со лендацин и аспирација на шлајмот после некое време увидов дека млекото ни прави проблем и од 1,2 година го прекратив и се смири и кашлање и шлајм и веке е 5,5 години она не пие млеко јогурт и ништо млечно па така немаме проблем инаку кај неа не се манифестира со исфрлање на брукички него со собиранње на шлајм и добивање на запалење после3 година направивме испитувања и алерго тест и испадна дека на се и сешто е алергицна :o
    млеко имлечни производи хемикалии значи и лековите и сметаат се што е прскано стои по 6 часа во вода па после се јаде цитрон патлиган свинско месо кикиритки ореви бадем лешник јајца сирење капини рибизли портокал лимон и што ли уште не али еве сега е поголема стекна имунитет и само млекото и млечните ги одбегаваме скроз другото полека полека го воведуваме
     
  20. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    771
    Пол:
    Женски
    Алергии

    син ми цело време (скоро месец) се нафрлува и му поминуваа.на советувалиште ни рекоја од топло а денес бев кај матичната и ни рече дека било алергија.
    ни рече да престанам да му давам пудинзи јајце и павлака (јогурт можи)
    е сега незнам што понатаму :( :( :( :(