Здраво мајки, Имам дво месечно бебе, кое што е со зголемен ризик за алергија на ДиТеПер, бидејќи татко и имал сериозна алергиска реакција на оваа вакцина, на второто ревакцинирање завршил со дво неделен престој во болница и кортикостероиди. Подоцна на анлиза во МАНУ испаднал алергичен на состојките на дифтерија и пертусис, додека со тетанус било се во ред, се ревакцинирал со тетанус но не со овие две, тоа му го пишува во картонот за имунизација. Дали има начин да се детектира оваа алергија кај нашето бебе? Бидејќи сеуште нема антитела, сигурно не може пред првото боцкање, но дали има некоја процедура што може да ја испочитуваме? Пример ослабната вакцина како тест на кожа или примање на вакцината во болнички услови? Дали имате некој совет?
Ману мислам дека само гени испитуваат, не алергии. Можеби некој ген е предиспозиција да даде алергиска реакција. Да провериш што точно има маж ти испитувано во ману, ако го имаш резултатот консултирај се со педијатар и имунолог. Јас имам и на разговор одено во ману кај истражувачите, многу се фини, можеш и таму да прашаш и да ти кажат. Ако се работи за ген, можеби не се активира после вакцината и ќе знаеш сега дали го има или не, можеби не го ни наследил и тогаш ќе може да прими вакцина. Инаку мислам дека на клиника се примаат вакцини под надзор на лекар ако постои ризик од реакција.
Може да ја примите вакцината во болнички услови, ама сепак прво треба на имунологија да закажете преглед, само термин многу тешко се добива, се чека по два месеци од прилика за термин. И ќерка ми имаше реакција на таа вакцина и во имунологија ни ги откажаа сите вакцини. Редовно одиме на прегледи таму, 2 години е и сеуште нема примено ниедна вакцина освен таа на 2 месеци. Ништо додатно не сме испитувале освен прегледите на имунологија. За МАНУ не знаев дека може да се испита.
Ние испитавме само кожни алергии во Букурешт кај Манчева со упут ни зема 150 денари, а за испитување на други алергии незнам бидејки јас го имав испитано нутритивниот панел ма приватно претходно и таа сметаше дека само ток треба да се испита.
Од која возраст може да се прават алерго тестови? Моето има 7 месеци и се исфрли ненадејно, рекоа алергија но не можат со сигурност да кажат од што е бидејќи ништо ново немаме воведено во однос на исхрана и хигиена..
Од кога има потреба. Ние правевме на 8 месеци. Точно колку постаро се порелевантни, ама тоа ќе оцени алерголог, дали треба, кога и кои испитувања. Ако еднаш се исфрлило и примате терапија ако се смири мислам дека нема потреба да правите, ако пак почне тогаш одете пак на алерголог па нека ве советува за тестирања.
Здраво,ќерка ми ќе прави 3 години за 3 месеци. Не е вакцинирана со ништо сакам да почнам за брзо. До сега три пати ми пројавила алергија со отоци со се баш типична алергија и тоа беше додека беше болна и пиела снтибиотик. Дали алергија може било како да влијае врз вакцина ? Секако ке прашам и во пункт ама ме интересира како ги вакцинирате тие што имаат алергија. Матичната ми вика уште малце да почекаме за да и напрам алерго тестови. Не е доволно голема за да и правам? И кој де најточни?
Можеш да провериш дали е алергична на состојките што ги има во вакцината, пред да почнеш да ја вакцинираш. Прашај што треба да се испита за да си бидеш мирна
Каде можам да проверам? Да прашам за состојкиве па да одам во некоја приватна лабараториј? Ова ако го прашам во пункт ќе ми се изнасмеат и ќе ме изнаругаат. Затоа ме интересираше дали некој друг проверувал. Кај нејзе алергиите се ужасни, дури потекува како ѓумки од удрено и се прави.
Здраво мајки, ми треба помош од вас. Син ми (6 год) кашла веќе месец ипол. Цело време. Испиен антибиотик, 10 дена инхалации со кортиер, пак не се смирува. Малку ако се затрча повраќа секрет, два пати во денот се дешава тоа сигурно. И лани во овој период беше исто. Каде е најдобро да се направат алерго тестови, матичниот ме советува прво да се смири кашлицата, па после да се прават испитувања. Јас сум премногу загрижена, а и детето се мачи. Ве молам за совет ако некој има искуство
Кога беше мојот со бронхити чести на последниот бевме во козле и исто докторката кажа дека за да се направат алерго тестови најдобро било кога ќе е сосема здрав, исто и да нема пиено сируп за алергија 7 дена мислам беше минимум, нека ме поправи некој ако грешам. Најдобро ти е да го однесеш во козле ако има наод на плуќа или орл ако е секретот од нос па кашла и да ти дадат насоки.
Ако е алергија со антихистамин ќе се смири. Пнеумослајд направете и со тие бактери се кашла со месеци а не се покажуваат на обичните брисеви. И брисеви обични ако немате направете да не не ви бил антибиотикот погоден. Ние кортаир мислам дека цела зима инхалираме какви 10 дена . Башка во месец ипол може да си фаќа едно врз друго. Мојата кога имаше упорна кашлица матичната ми викаше нормално било од воздухот. Отидов на приватно, кс нормална, брисеви чисти, инхалации со кортико и антихистамин, не се смири, тогаш реков ќе правам алерготестови ама тие ми беа мн скапи приватно, па прво направив пнеумослајд, тој ни излезе позитивен и со соодветен антибиотик и помина.
Да замолам некоја мајка да ме упати како оди постапката за алерготест? Имено, после колку време кашлица, се доаѓа до заклучок дека ете,мора алерготестови? Каде е најдобро респираторни тестови да се прават?Фала