Дали сте правеле брис. Кај големиот имаше продолжена кашлица од моракселла во нос. Инаку алерготестови правевме кога во континуитет во рок од 1,5 месец правеше страшни ларингитични напади со мирна крвна слика и без ниту еден друг симптом. За жал не фативме на што е алергичен. После тоа кога имаше пневмонија (исто така без ниту еден друг симптом освен кашлица) му испитуваа се и сешто (крвна слика, седиментација, пнеумослајд, искашлок, бактерии... се беше стакло), алерготестовите повторно не покажаа ништо, ама вкупниот параметар му беше покачен и така сега е на терапија а не откривме точно на што е алергичен. Инаку ние алерготестови правевме ккај Благица Манчева во букурешт. Прават преку кожа испитувања.
Од колку години се препорачуваат кожниве испитувања знаете? И ние сме со непрекината кашлица и сакам да проверам. Упат од педијатар само нагласен за алерготест треба?
Дали би дало погрешен резултат брис од нос и грло доколку се прима летизен за алергија и инхалации со физиолошки и кортаир? Имено имаше стрептокока пнеумониае во нос и грло и спуштено на плуќа па пиеше антибиотик и инхалации правевме 10 дена па ни продолжи уште 4 дена. Исто така многу се поти навечер во спиење во главата и вратот и малку на грбчдто, заспива и за околу 40 мин тој е веќе испотен, се случува 2-3 пати ноќе да го пресоблекувам.
Незнам искрено. Некои викаат 3 години, ама не сум стручна да кажам, мојот секако е поголем, 5,5 години беше кога ги правевме. Инаку упат ние имавме за кај Благица Манчева, она таму на лице место одлучува според претходната состојба за тестовите.
Пак го нема од 5мцг? Нас пред еден месец ни го даде тој од 50мцг. Бевме на контрола кај др Дуева и ни рече сега го има продолжете со 50мцг.А овој од 125мцг уште за викендов имаме и сега... Минатиот пак кога го немаше еднаш го најдов точила
Јас во овие аптеки често наоѓам нешто што во други нема https://apteka.pluspharma.mk/artemizia оваа е во Н. Лисиче. Другава во Центар не можам да ја најдам, ако те води пат или да пратиш некој, кај Беко полицијата кај што сликаат, не кај станицата.
Деновиве син ми (4 год) за прв пат пројави алергија на сонце. Шетавме и не беше намачкан и се нафрла на лиценцето и на обравчињата. Му дадов лоратадин. Дали некоја мајка има искуство и како се спраувате летно време?
Ако имаш некој да иде за Грција има тука, во секоја аптека, пумпица користиш? Јас имам и дома , користам моментално за малата оти кашла.