1100 го платив,пењал се непењал пари сам дал,ќе прска Се шалам. Умрев додека барав се од контакт блиски низ Мк искористив на крај место од 50 ми дале 125,нервен слом добивСреќа само еднаш прснав.Па врски за бр.од докторката па кажа не е страшно, по еднаш да прскам.
Сега прочитав дека барате, секако така ми стои, не го користиме, ја контролираме алергијата кај големиот без спрејот. Ќе ви пишам вторник ако сте од Скопје да се најдеме
Не сум од Ск. Ако некој од тука му треба хитно нека го земе,ние ќе тераме вака додека го потрошиме овој.Еден месец ќе биде на терапија па контрола. Ако не се пријави никој ќе го земам Дај Боже да нетреба ама ова дете се изнамачи.
Јас исто имам алергија од сонце ама и малата ја мачкам со истово. Ми се покажало како најдобро плус не поти, не остава масно на кожа.
Дали откри од што се поти? Иста терапија имаме антибиотик, инхалации со кортаир и сируп за алергија, само што ќе заспие одма е мокар, препотен.
Бевме во Козле и докторката рече се потел бидејќи примал многу лекарства. Направивме алерго тест на кожа испадна дека на полен алергичен и ни даде спреј за нос назонекс и плус за чистење на база на морска вода. Ама сеуште се поти
Здраво на сите. Имам едно прашање, гледам дека и вашите дечиња користат Флексотиде. Син ми е 10 години. И покрај уреден наод на долниот дел од респираторниот систем (на слушалка а и нема спуштање воопшто), направивме ФЕНО анализа која покажа двојно зголемени вредности од дозволеното, што значи има воспаление и покрај уреден наод и немање симптоми. Манчева ни даде Флексотиде од 125 мг, 2 пати на ден. Немаме до сега користено Флексотиде, користевме само Назонекс. Случајно на упатството на лекот од 125 мг видов дека не е наменет за деца под 14 години, па сега имаме мала загриженост. Искуство?
Моето на 3 години користеше од 125мцг ама околу 1месец макс, потоа преминавме на 50мцг. Каде го правевте тој фено тест?
ФЕНО е азотен инхалаторен тест. Го правевме во Жан Митрев. Сега Манчева е таму, работи парт-тиме. Ние имаме мака со горни дишни патишта и трет крајник. Тоа испадна се во ред. Долни дишни, спирометрија ОК, на слушалка ОК, симптоми нема, али ај да направиме и ФЕНО за да сме мирни. На крајот испадна дека внатре си имало воспаление. И почнавме за прв пат со Флексотиде од 125 мг. Ама ми е малку шубе заради упатството.
Здраво, нова сум во групава, па ќе замолам за одговор доколку некој го има сличниот проблем. Моето бебе, 17 месеци, има интолеранција на јајца. Забележав при воведување на жолтката, и тоа предизвика реакција на многу мало парче,( на една осминка, како што се почнува со воведување) а се повтори два пати. До белка не ни стигнавме. Реакциите беа страшни со забрзано дишење и постојано повраќање. Совет од доктор ми е да пробам пак по две наполнети години. Прашањето ми е дали некој има искуство со сличен проблем а да ја примиле вакцината МРП? Стравувањата ми се дека вакцината во составот има јајце. Инаку советите од многу добар имунолог ми се да ја прими вакцината, дека алергијата од јајце не е пречка и дека не му се потребни дополнителни испитувања. Да напоменам дека инаку сум за вакцинација и првото дете ми е уредно вакцинирано.
Ти благодарам многу за споделеното искуство. На која возраст ја прими? Инаку доктор имунолог ми кажа дека по втората година најчесто во 70% од случаите алергијата се губи.
Ја прими на 1г и 4м бидејки баш народенденот ковид фативме па му ја одложија. Инаку сега има4г и сеуште е алрегичен ... Бевме и ние на имунолог пред вакцината истото ни го кажа како на вас.