Нутритивни алергии обично поминуваат до кај третата година, ама интолеранција на лактоза и алергија на кравји протеин ретко исчезнуваат. Јас на твое место не би давала ништо млечно до после третиот роденден. Па тогаш можеби пак би пробала. Тешко е кај деца без млечни производи да воспоставиш балансирана исхрана, ама не е неизводливо.
Здраво, дали некој испитувал алергија на пеницилин кај дете 1.5 години и каде може да се испита? Имавме бурна реакција , квинкеов едем на око и уста по почеток на примање на Алмацин, со лежење во болница дур се стабилизира, сега следно е да испитаме дали на се од пеницилин е или само на некои лекови....
Драги феминки, искуства со алергија од сонце кај малите? Имам 2 год детенце, минатата недела 3 дена базен во двор, и појави осип на грбче и меше. Матичната прво рече дека е атопичен дерматит, дека тоа го има на раменцата и образите, и кажа да исклучисе млечно на некој ден - да одмори организмот. ама еве викендов бевме на плажа, носеше купаќи со кратки, значи заштитени грбче и меше и се појави на нови места - внатрешен дел од надлактицата и на вратче, осип што почна да го чеша до ранички. И многу ми е жал дека е така.
Хмм, помислив, ама тие три дена ја мачкав со една крема, па сега на плажа сменив друга. Си велам не е од тоа
Мојата има осетлива атопична кожа, нема активна егзема и дерматит. Годинава на одмор се правеше рани од чешање од топло, комбинација крема за сончање, пот, сонце, синтетиката од купачите. Да не го знае некој детето, загрижувачки изгледаше. Штом влезеше во море да се олади, одма и се смируваше, за некој пола саат саат цело црвенило и уртики се повлекуваа и немаше напади на чешање. Позади на врат и грб, кај газето и над газето, грпчето, позади колена, тие регии најмногу и се восплауваа. Иначе годинава прв пат ја земав детската биодерма, не ми се свиѓа, до лани ја користев bioderma mineral поубава ми беше, ама многу ми е скапа, трошам на една недела две шишенца, а 1600 е едно малечко од 75мл. 3 ипол години е.
ууухх, вака некако изгледа и моето. Да, додека е во вода не се чеша, ама после тоа, вечерта, во спиење, следниот ден - да. и тогаш и се направија и како ранички изгребани - во вратчето и напред и позади, под градите кај желудник, и на двете рачиња во мекиот дел внатре кај надлактицата. Позади на врат дури и онака како пошироко кругче и се има направено. Уште пред некое време кога бевме на матичен, прашав за кој фактор да го користиме, ми го кажа на La Roche - posay , UV mune 400 (баш денеска ми стигна). Викендов кога бевме на плажа го користев на уриаж минералниот крем - убав многу ама крема е и автоматски потешко се размачкува. Што мачкате на раните? Дали ова значи дека треба цело време да е во купаќи со долги ракави? И најважно, дали поминува оваа алергија?
Алергија е променлива работа. Лани немаше реакција, годинава има. Исто и јас пошто од мене и е наследено, некогаш имам некогаш не. Јас гледам да не е топло, навечер со клима спиевме на одмор, дома додека не легнеме исто сме цело време се клима, па не се поти, нејзе пот и смета мноооогу. Иначе пошто има сува и осетлива кожа од бебе ја мачкам и ја бањам со биодерма атодермот, па така и на тие ранички или суви делови биодерма и ставам. Е во лето вака кога се поти некогаш кремата и смета повеќе па некогаш не ставам. Пробав еднаш сменив на веледа и не и одговараше иако е органска и полесен состав. Јас и ставам фактор ама и ја облекувам со кратки ракави пошто е бела ко сиренце и гори, барем раменцата и грбот да се заштитени. Кога е под сенка е само по гаќички или долни купачи, исто и приквечер кога не е толку јако сонце.
Е да, и јас сум така.. ем осетлива кожа, ем бела, и дури имам појавено алергија на сонце во еден дел. Добро, да си знам што ме чека. Инаку, и јас капам со биодерма маслената и супер и се погоди, а мачкам со мустела стелатопиа и тоа и е океј. Ја имав биодерма ама не атодерм, и не и помогна нешто многу, а стелатопиа и е океј. Сега на раничките намачкав јекодерм, па денес ќе ја носам на матичен да ја види, да не треба нешто и за алергија да се напие. фала ти на муабет
Доколу сакаш баш во Систина да испитуваш најдобро би било да се јавеш кај нив и да прашаш бидејки цените месечно веќе почнаа да ги зголемуваат. Доколку те интересира во скоро сите приватни лаборатории е околу 2500-3000 еден панел со 30 алергени преку крв. Државно имаш на имунологија со упат за околу 200 ден.
А и јас да си прашам. Малиот ми е 3 години и два пати ми се зацрвенува околу очите. Како црвени подочници и над капаците и плус му е подуенко малцр доле. Во консултација со педијатерот, првиот пат му дадов само два дена му се повлече и по една недела поточно денес пак му се појави. Немам ништо променето освен омекнувачот. Имал ли некој слично искуство. Ви благодарам
Син ми уште кога прв пат проба лешник како бебе, одма се исфрли со црвени точки околу устата. Педијатарот тогаш ни рече комплетно да избегнуваме лешник и одреден период така направивме. Со тек на време пробувавме по малку на неколку месеци да му даваме и секогаш барем по малку се исфрлаше. Веќе неколку месеци можеби воопшто не се исфрла, даваме производи со лешник, ама пак сме многу внимателни и после тоа го следиме. Дали ако веќе толку време не се исфрла значи дека комплетно ја надминал алергијата и дека може и поголеми количини лешник да конзумира, без да го следиме цело време или сепак може наеднаш да појави реакција? 4 ипол год е.
Ако ви е докажана алергијата на лешник преку тестови (или сте сигурни дека е алергичен лешник) јас би продолжила со пробување/тестирање производи и не би се опуштила скроз. Би однела и на тестирање повторно. Јатките ретко се надраснуваат. Алергијата знае и после неколку дена да направи реакција. И мојата дава слични реакции на минимални количини на лешник (2-3 гр пример). Еднаш како бебе е тестирана заради друга алергиска ракција (тогаш немаше пробано лешник), на тој тест излезе и мала реакција на лешник, докторката тогаш сметаше дека е некоја крос контаминација заради другите алергиски реакции во моментот, ама после кога и дадов да проба лешник се нафрла и сфативме дека сепак има алергија. И уште сум многу внимателна со производи кои може да содржат лешник, тие што имаат во состав ич не ги давам. Во план ми е да и повторам тестови па да продолжам со пробување на различни производи. Пример нутела не сум и дала, ама ако добијам зелено светло од доктор дека смее да пробува ќе почнам да и ја воведувам малку по малку неколку дена/недели, ако не направи реакција тогаш ќе знам дека нутелата е безбедна да ја конзумира, ама тоа не би ме опуштило доволно за да давам без претпазливост други производи што имаат во состав лешник. Понатака би пробала со друг производ кој има во состав лешник, некое чоколадо, ама исклучиво истото, ако и на тоа не направи реакција после некој период, ќе го сметам и тој производ за безбеден. И така натака. Е сега ако на тест не покаже алергија, тогаш би пробала со чист лешник или путер од 100% лешник, повторно со воведување неколку дена/недели, ако не направи реакција веројатно е безбедно да се каже дека е надрасната. А и поголеми се и полесно ќе приметат дали имаат реакција самите. Мојата беше 3 ипол год, јадеше некои палачинчиња со чоколадо кое не требаше да има лешник (мислам дека има нешто во кремовите што нејзе и прави исто реакција) она осети промена во грлото, мислам дека почнува да ја чеша и сама ми кажа, и беше страв и не продолжи да јаде, после некоја минутка и се појави црвенило околу устата, сепак изеде многу малце 2-3 залчиња. А претходно и се има случено и на 3-4 ден да јави реакција. Непревидливи се. Дај боже да ја надрасне.